кавер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Nov 2022 12:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кавер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѓорѓе Давид направи преработка на ултимативната химна на култната група ЕКВ – ,,Пар година за нас” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgje-david-napravi-prerabotka-na-ultimativnata-himna-na-kultnata-grupa-ekv-par-godina-za-nas-video/ Mon, 07 Nov 2022 12:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274697

Преработка на ултимативната химна на групата ЕКВ ,,Пар година за нас"  направи Ѓорѓе Давид со неговиот бенд, а за песната снимија и спот. Овие денови актуелното видео е поставено е на Јутјуб каде има многу прегледи, а тв станиците во Србија постојано го канат за гостин во своите емисии. Зошто токму оваа обработка, Ѓорѓе Давид самиот објаснува: „Оваа приказна започнува во 1994г. На 5ти ноември баш на мојот роденден , групите Електричен оргазам, Партибрејкерси и мојата тогашна група имавме голем концерт во спортската сала во Младеновац, Србија. Се радувавме затоа што тоа беше собир на одлични бендови, преполна сала и знаевме дека ќе има одлична журка. За жал после вториот концерт на еден од бендовите се појави сега покојниот Душан Дуле Ерцеговац кој беше менаџер на бендот Екатерина Велика, а и главен организатор на тој настан соопшти дека Милан Младеновиќ само што починал. Организаторите и шефовите на бендовите решија да не го прекинат концертот туку тој да продолжи во негова чест и тоа да го кажеме. Дваесет и осум години подоцна кога го славам својот 58ми роденден се склопија коцките така да од албумот кој го правиме со обработки на екс ју песни да биде обработена и ултимативната химна на ЕКВ ,,Пар година за нас". Од мај месец баравме режисер, сценарио, тон, слика, но сите предлози кој ни ги даваа некако не ни се допаѓаа, се' до моментот кога се појави Вук Протиќ Халуџа, кој излезе со своја идеја која се покажа одлична. Има некоја тајна врска дефинитивно кога се прават нештата со многу достоинство, почитување,внимание кон великаните кои воспитувале многу генерации, а еден од нив е бездруго и Милан Младеновиќ како автор. Реакциите за обработката,за спотот се многу позитивни иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција, но на моја голема радост успеавме“ - вели Ѓорѓе Давид канејќи ве премиерно да го погледнете видеото на оваа негова кавер верзија на песната на ЕКВ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-od-dajte-muzika-snimi-prerabotka-na-leo-od-kaliopi-video/ Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266285

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“. Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната. Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка. „Калиопи ја обожувам. Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно и бело“,„Дали ме сакаш“... но, не знаев дека „Лео“ е првиот успешен сејугословенски хит, како што ја нарекуваат песната“ - појаснува Кики, велејќи дека авторите дале зелено светло за да се преработи песната иако оригиналната матрица ја немало, па Александар Митевски морал да усними се од почеток. Како звучи кога Кики пее за „Лео“ , проследете од видеото во продолжение: ]]>

Мики Јовановски Џафер и во зрели години покажа дека е махер за рок ен рол, па Johnny B. Good го претопи во – „Џоле бре гол“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dzafer-i-vo-zreli-godini-pokaza-deka-e-maher-za-rok-en-rol-pa-johnny-b-good-stana-dzole-bre-gol-video/ Wed, 16 Feb 2022 13:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239372

Некои  музички ѕвезди се како оние вистинските ѕвезди на небото... Можеби секој ден не ги гледате, ама сепак секогаш се тука кога ќе затреба. Или кога ним ќе им се разведри. Таков е македонскиот музичар и пејач, легендарниот Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажа дека е се' уште махер за рок ен рол, па го преработи стариот класик Johnny B. Good, кој стана - „Џоле бре гол“! Се разбира Мики заедно со пријателите кои обилно му помогнале, сите проверени „музички манги“, направил интересен кавер на вечниот рок класик на легендарниот Чак Бери, само овој пат во стил на Балашевиќ, со текст на кавадаречки дијалект, за неговиот локален херој - „Џоле бре гол“! Миксот и подготовката ги направил Пере од Нокаут во НК Студио Перевски, програмирањето го средил Петар Ренџов, гитара и гајда свири Ивица Јорданов, а видеоклипот го режирал самиот Мики Јовановски Џафер. Зад камерата и монтажата стои Даниел Јовески, додека главната улога во спотот во ликот на Џоле е Божидар Јорданов. Голем дел од споменатат екипа се појавува и какпридружен бенд во видеото, во кое доминира приказната за „Џоле“ кој е „бос и гол “ за се', само за гитара - не! Дет'то,  а ја фане, гитарта, а топе...! Но, да ви ја раскажуваме приказната до крај и не е некое решение, затоа подобро проследете како звучи и изгледа „Џоле бре гол“, во продолжение: ]]>

Васил Ангелов со свое видување на познатиот евергрин – „За Љиљану“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-angelov-so-svoe-viduvanje-na-poznatiot-evergrin-za-ljiljanu-video/ Mon, 14 Feb 2022 13:49:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238989

Младиот македонски пејач Васил Ангелов Денот на вљубените ви го честита со една своја кавер верзија, поточно, свое видување во преработката на познатата песна на Тоама Здравковиќ „За Љиљану“. „Инспирацијата ја добивме од филмот „Тома“ во кој воедно песната беше вметната во најемотивната сцена од истиот. На првото слушање на верзијата од Ацо Пејовиќ, заклучив дека можам да ја изведам на свој начин каде што ќе вметнам мои елементи и посебна емоција. Но, ми изгледаше некако непотполно па затоа решив да го вметнам и мојот татко кој е долгогодишен член на „Арија Бенд“ и прв кларинет на Македонска Филхармонија. Кога ги споивме нашите интерпретации резултатот беше овој. Се надеваме дека ви се допадна“ - вели младиот изведувач. Инаку Васил Ангелов потекнува од музичко семејство, а и самиот е ученик во четврта година во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класта на проф. м-р Александра Коцевска. Покрај пеењето, Васил свири на повеќе инструменти (гитара, пијано, бас, ударни инструменти...) и пред него е допрва музичка кариера. Како звучи и изгледанеговата верзија на „Љиљана“, проследете во продолжение. ]]>

Ноне се врати на работа, па одново ги собра аплаузите, овој пат, виртуелно: Некогашната македонска поп ѕвезда потсети со песна, дека се’ уште умее да блеска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-se-vrati-na-rabota-pa-odnovo-gi-sobra-aplauzite-ovoj-pat-virtuelno-nekogashnata-makedonska-pop-dzvezda-potseti-so-pesna-deka-se-ushte-umee-da-bleska-video/ Mon, 19 Jul 2021 07:15:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211446

Некогашната македонска поп пејачка Нона Неделковска по долгата пауза заради корона пандемијата и се врати на својата сегашна работа.  Од родниот Велес, преку Скопје „директ драјв“ одлета во светот, за некаде оттаму од Англија да „отплови во непознати води“, онаму каде што последните години пред корона пандемијата ја најде својата среќа и својот мир, работејќи на прекуокеанските крузери кои пловат по морската шир! Ноне со топлес поздрави од бродската палуба: Пејачката се врати на работа или само одлета на туристичка (аван)тура по океанот? (ФОТО+ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) И додека големиот прекуокеански брод се подготвува за своето ново крстарење, персоналот има малку повеќе време за себе, па така и македонската „џепна венера“ ги користеше убавото време и сончевите зраци да ужива во адаптацијата на старо-новата работа, пред уште еден морски предизвик за обиколка на светот. Но колку и да е крузерот огромен, сончањето на морската палуба знае да здоде, па во меѓувреме Ноне се потруди да си најде нова разонода - да запее. Дали од досада или потреба носталгично да се потсети на старите добри времиња и деновите кога „жареше и палеше“ на регионалниот „Идол“, а потоа со својата популарност ги крстосуваше дискотеките и клубовите по градовите во Македонија, фестивалите и манифестациите и надвор од неа, па дури во два наврати стигна да пее на турнеја и по далечната Австралија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nona ♎️ (@nona.nedelkovska)

И кога се засити од музиката или сфати дека само од неа кај нас тешко ќе може да живее, ја смени професијата и тргна во авантура по белиот свет, да плови преку сите светски мориња и океани, работејќи го она што и денес се' уште и е професија. Или како штосамата ќе рече и напише: „Јас сум на одмор секој ден, затоа што ја сакам мојата професија“ ! Арно ама колку и да е интересна, динамична и возбудлива, нема професија која во еден момент не здосадува, па затоа Ноне реши за миг да и се врати на „првата љубов“ - музиката, па запеа. Мала караоке забава за себе и сите што ја познаваат со кавер од Ријана, песна која ја изведе и сподели на социјалните мрежи... и ги собра аплаузите, овој пат - виртуелно!
 
Некогашната македонска поп ѕвезда од крузерот потсети со песна, дека се' уште умее да блеска! Кога работата сега што ја работи ќе и здосади или ќе реши дефинитивно да се скраси, зашто работа на прекуокеански  крузер нималку не е лесна, Ноне секогаш како алтернатива ги има својот вокал и изборот на добра песна. На оној што умее да пее, никогаш не му е доцна за убави нешта... На народот секогаш ќе му требаат леб, игри и добра фешта! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>

Младата и талентирана Марија ќе ве освои на прва, слушнете каков ангелски глас има (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-i-talentirana-marija-kje-ve-osvoi-na-prva-slushnete-kakov-angelski-glas-ima-video/ Tue, 18 May 2021 14:38:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203055

Од градот на најуспешниот македонски ракометар Кире Лазоров ни доаѓа уште една талентирана млада, но овој пат музичка ѕвезда. Младата и талентирана Марија Николова од Свети Николе освен со својата убавина плени и со својот музички талент. Марија деновиве се претстави со свој прв видео запис Mashup. Убавата овчеполка ги помрднува стандардите за снимање на кавер во Македонија, но слободно можеме да кажеме и во Ex-Yu. Талентираната Марија го одбра својот тим, актуелниот Златко Јовановски ЈЗЈ кој се погрижи за нејзината креација и најдобриот Васко Доковски за нејзиниот мејк-ап, како и студиото ДВД плус за целата содржина да изгледа како бајка. И за крај сјајот на целиот амбиент го допринел Спасе Мицевски. Ве оставаме во продолжение да уживате во видеото кое ги помрдна стандардите за снимање на кавер. https://www.youtube.com/watch?v=Ko4RzxZBEuM Инаку оваа млада пејачка за во идните месеци ја најавува и својата прва песна, а како што вели ќе биде вистинско летно освежување на македонската сцена.]]>

Митевски и Дац старата добра „Марина“ ја прекрстија во Ангелина, па музички ја пелцуваа со – „Вакцина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-starata-dobra-marina-ja-prekrstija-vo-angelina-pa-muzichki-ja-pelcuvaa-so-vakcina-video/ Mon, 26 Apr 2021 12:50:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200542

Македонското актерско-музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски, го промовираше своето ново музичко парче насловено „Вакцина“. Се работи за комичен кавер, преработка  на песната „Марина“, големиот италиански и светски хит  од 1959 година на тогаш мегапопуларниот  Роко Граната. Текстот е на Александар Митевски и Драган Спасов. Во придружба се дувачкиот состав „Брастет“, Војче Петрушев (хармоника), Илија Филиповски (виолина) и Боби Јоргушески (пијано). “На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме „Корона чао“ и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. „Вакцина“ е кавер на светски познатата „Марина“, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки”, велат Дац и Александар. Останува да видиме дали и „Вакцина“ како „Корона чао“ ќе го „пецне“ сега веќе бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, кој мака мачи да состави нова влада. https://www.youtube.com/watch?v=b1jM6HI49ck]]>

Александар Тарабунов го преработи познатиот божиќен евергрин – „Let It Snow!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-go-preraboti-poznatiot-bozikjen-evergrin-let-it-snow-video/ Wed, 23 Dec 2020 12:01:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182285

Александар Тарабунов – Тара  излезе дека во 2020та е највредниот меѓу македонски поп пејачи. Во оваа, по сите основи „промашена“ година, во  време на корона пандемијата, кога естрадата е принудно „паркирана во лер“,  Тара е еден од ретките кои застојот како дополнително да го инспирира, па овој вакум го користи неуморно да работи, да снима и издава нови песни. По „Сењорита“, „Нема крај“ и „Дај ми“ и неодамнешната „Безвременска“, пејачот реши да сними уште една „безвременска тема“... Овој пат обработка на еден божиќен или подобро речено,  вечен зимски евергрин, оригинално испеан од големиот пејач и актер Дин Мартин, темата со наслов „Let It Snow!“... или во слободен превод „Нека снежи“!  Кавер верзијата на Тара не само што звучи одлично, туку и многу специфично, па иако не е авторска песна, тој и дал свој печат, своја уникатност во интерпретацијата на големиот хит на кој одново му вдахнал нов живот, го променил во модерно аранжерско-продуцентско руво, давајќи му современ дух со кој за крај на годината, во празничните денови, како што самиот вели, се надева дека ќе шири позитива!   Инаку, Let It Snow! “, е песна оригинално напишана од текстописецот Семи Кан и композиторот Џул Стајн и тоа не за врема на зима, туку среде лето, во  јули 1945 година. Напишана е во Холивуд, Калифорнија, за време на еден ужасно жежок бран, додека Кан и Стајн си замислувале како би изгледал денот во постудени услови. Слушнете како звучи преработката на Тара во едноставното симпатично видео со кое е илустрирана песната: https://www.youtube.com/watch?v=H-Oei4ZC7QU]]>

Од Велес за светот – „Ќе мине сè“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-veles-za-svetot-kje-mine-se-video/ Mon, 27 Apr 2020 09:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146682

„Ќе мине сè“ е насловот на песната со која велешките музичари му испратија охрабрувачка порака на светот, дека има излез од оваа ситуација со коронавирусот, но и дека таа не научи дека треба малите работи, а не парите, врските, добрите коли, славата и моќта, го прават човекот среќен. Песната е снимена на музика од познатиот хит We are the world, која во 1985 година го изведоа тогаш најпознатите музичари на планетата, соединети во проектот USA for Africa, кој имаше за цел да собере пари за гладните во Африка. Текстот за „Ќе мине сè“ го напиша еден од најпознатите македонски текстописци Огнен Неделковски, аранжманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев, а ја изведуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев. „Ќе мине сè“ е снимена во Импакт продукција, а за миксањето и мастерингот се погрижи Темелко Андреевски. Извршен продуцент е Владимир Тевчев, продуцент на проектот е www.batali.net, а промотор е велешкото Радио 5 ФМ. Спотот е реализиран во домашни услови, а е снимен само со мобилни телефони, поради состојбата со епидемијата на коронавирус. https://www.youtube.com/watch?time_continue=92&v=zhL2VgkLED8&feature=emb_logo Извор:Батали.нет]]>

Тања Јовановска Трајкова ја препеа валандовската фолк балада – „Тука сум јас“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-jovanovska-trajkova-ja-prepea-valandovskata-folk-balada-tuka-sum-jas-lirik-video/ Wed, 15 Apr 2020 11:52:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145141

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова, пред неколку дена ја промовираше во јавноста песната „Тука сум јас“, која всушност преработка на оригиналот кој го испеанејзината млада колешка Јулија Николовска, на настапот на минатогодишниот „Фолк фест Валандово 2019“. Иако по премиерната изведба на фестивалот песната се издвои со своја оригиналност,  за жал наградите  ја заобиколија, но не и увото на публиката. Добрата песна, сепак, успева да го најде својот пат,  а уште еден доказ за тоа е препеаната верзија од поискусна колешка на младата пејачка, што се случи за помалку од една година. „Многумина кои ме следат на социјалните мрежи досега не ј слушанале и мислат дека песната е моја. Но, им кажав дека таа сепак е кавер и оваа песна се пееше на Фолк фест Валандово минатата година. Сепак добив многу позитивни коментари и сега веќе песната име на „рипоит“ на многумина“- изјави  Тања во разговорот за шоубиз порталот Свет - Австралија. „Авторот на оваа песна е наш семеен пријател и то ми вети дека ќе ми направи многу подобра од оваа, а песнат е веќе готоваМе чека само да влезам во студиото и да ја отпеам, но ситуацијата се влошиа и ја одложи целата моја замислена работа, па дури и овој план. Така што додека сме во карантин решив да ја објавам песната „Тука сум ја“ како кавер, која веќе ми бешее снимена во студио и чекаше во фиока. Ова беше најпогоден момент да ја објавам и да допре до срцетата на луѓето како што допре и до моето. И оваа песна е доказ дека ние, македонските изведувачи имаме прекрасни песни и можеме да ги пееме, а во исто време и да си даваме едни на други поддршка“ - задоволно фолкерката го резимираше разговорот. https://www.youtube.com/watch?v=s21v8x6nVLU&feature=emb_logo]]>