кавадарци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Feb 2024 12:49:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кавадарци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со базар на вино и ракија и културно-уметнички настани Кавадарци ќе го прослави „Свети Трифун“ https://arhiva.vistina.com.mk/bazar-na-vino-i-rakija-i-kulturno-umetnichki-nastani-kavadartsi-ke-go-proslavi-sveti-trifun/ Tue, 13 Feb 2024 12:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338537

Базар на вино и ракија, промоција и дегустација на вино и многу други настани се дел од неколкудневната програма, што во чест на заштитникот на лозарите и винарите, верскиот празник „Свети Трифун“, ќе се реализира во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, информираа за агендата за одбележување на празникот, кога традиционално, симболично се закројуваат виновите лози. „На програмата се изложби, поетско читање, промоција на книга, музика и фолклорен фестивал. Општина Кавадарци и оваа година со пригодна програмa во соработка со културните институции, го одбележува празникот во деновите од 12-ти до 15-ти февруари, а централниот настан е на 14-ти февруари“, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму најавија и други интересни содржини на денот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите. ]]>

Милица Ризо Трајков повторно беше најестравагантна меѓу сите нови „Гранд ѕвезди“: Младата кавадарчанка ги засени сите на „Гранд“ сцената (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-rizo-trajkov-povtorno-beshe-najestravagantna-megu-site-novi-grand-zvezdi-mladata-kavadarchanka-gi-zaseni-site-na-grand-stsenata-foto-video/ Tue, 02 May 2023 06:08:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300112

Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци е една од највпечатливите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изборот на сценска гардероба. Така беше досега со секој нејзин нов настап, така беше и беше во вечерното викенд издание на (29.04.2023) на „Ѕвездите на Гранд“ каде сексапилната кавадарчанка повторно беше уникатна и исклучително впечатлива. „За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене. Тој и овојпат беше избран за да се вклопува во песните. Особено за „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша изгледот мораше да биде впечатлив“, вели Милица. Таа носеше црн комбинезон со една гола ногавица и мрежести хулахопки, каккои голем број златни детали во вид на златна рол крагна околу вратот и златни  еполети на рамениците... Подоцна се појави во долго портокалово здолниште, како и моден детаљ за главата налик на шапка, изработена од мноштво црни пердуви. „Две седмици пред настапот бев болна и бев на инфузии, инјекции и инхалации. И не го кажувам ова за да се жалам затоа што честопати ми се случува, но мислам дека се исплатеше целиот напор и стрес, затоа што во овој круг сметам дека се претставив навистина солидно“ - вели младарта Македонка и додава: „Пред да настапам стресот беше голем, но кога излегов на сцената сè помина во најдобар ред. Искрено, не размислував околу гласовите на жирито, туку се фокусирав на пеењето и на настапот. Се радувам што на крај се претставив како што треба и ги добив сите гласови од жирито. Нивните коментари беа одлични, но не значи дека ако имав критики од нив ќе се разочарав. Напротив, критиките ме мотивираат уште повеќе“ - појаснува атрактивната тинејџерка. „Првата песна ми беше љубовна балада и сметав дека треба да изгледам раскошно и за тоа се погрижи мојот тим, додека во втората песна, за која се одлучивме заедно со мојот ментор Мили, изборот падна на „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша. За неа сметав дека аутфитот требаше да биде сосема поразличен од првата песна и мислам дека тоа беше вистински погодок“ - раскажува Милица. „За сценскиот настап, барем досега, не сум подготвувала посебна кореографија. Затоа што кореографијата сметам дека ми оди од рака и тоа го правам спонтано на самата сцена. Севкупно сум задоволна од настапот во 4-иот круг и ќе се трудам секој следен настап да бидам вокално и сценски поподготвена и поуверлива“ - вели впечатливата македонска натпреварувачка во “ѕвездите на Гранд“, чиј дел од последниот настап можете да го погледнете подолу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Rizo Trajkov (@milicarizzo)

Фото:Инстаграм принтскрин/ zvezde granda/milicarizzo]]>

Претставата ,,Обвинителка” во Гевгелија, Штип, Пробиштип и Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavata-obvinitelka-vo-gevgelija-shtip-probishtip-i-kavadartsi/ Wed, 19 Apr 2023 12:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298726

Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 до 27 април. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба. Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката. Тоа што ја прави оргинална е токму темата која ја обработува. Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? … Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи се вплетени во оваа уникатна комедија. Главната улога во оваа комедија ја игра атрактивната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски. Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски. Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски. Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски и на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг. Со оваа претстава се прави културен спој на двете држави, Македонија и Србија, а претставата ќе може наскоро да ја видиме и на театарските сцени ширум Србија.]]>

Кавадарци: Никола Бадев, Васил и Зафир Хаџиманови заедно со уште неколку уметници осамнаа на мурал https://arhiva.vistina.com.mk/kavadarci-nikola-badev-vasil-i-zafir-hadzimanovi-zaedno-so-ushte-nekolku-umetnici-osamnaa-na-mural/ Wed, 06 Oct 2021 12:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222055

Доајенот на македонската народна песна Никола Бадев и музичките уметници  Зафир и Васил Хаџиманови заедно со уште неколку уметници се насликани на мурал во Кавадарци. Муралот се наоѓа на зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ и библиотеката „Феткин”. Покрај музичките уметници на муралот се: ликовните уметници Глигор Чемерски, Петар Мазев и Симон Шемов како и публицистот Иван Мазов-Климе. Автори на муралот се уметниците Никола Иваноски и Симона Манчева. Проектот е финансиран од Владата и е спроведен во соработка на Фрагмент Комуникации, Студио КР7 и КСП ПОДИУМ – ЈАДРО Кавадарци. Всушност се работи за поголем проект насловен „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност“, во кој со вакви мурали на кои се претставени истакнати културни дејци а за да се одбележи 30 години од независноста на државата.]]>

Кавадаречко музичко освежување: „Sound Impulse“ со првенчето „Есента во мојот крај“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kavadarechko-muzichko-osvezuvanje-sound-impulse-so-prvencheto-esenta-vo-mojot-kraj-video/ Thu, 26 Nov 2020 10:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178212

„Sound Impulse“ е името не новиот музички состав од Кавадарци кој деновиве го промовира своето првечнче со наслов „Есента во мојот крај“. Песната е комплетно авторско дело на Александар Бошев кој наедно е вокалистот на групата, Виктор Кимов на гитара и Дејан Митрев на бас. Во време на доминација на модерната електронска музика, „Sound Impuls“ се навраќаат на добро познатиот алтернативен рок, правец кој го акцентираат од нивното музицирање и инспирација. За песната е снимен и видео запис кој е изработен од Диме Стаменов, а во приказната доминира есента и романтиката водени по текстот на песната. Инаку, „Sound Impulse“ се формираат оваа 2020 година, поточно пред неколку месеци во кои активно работат на авторска музика. Наскоро најавуваат уште еден сингл, овој пат на англиски јазик, кој ќе биде динамичен прогресивен рок. ]]>

„Колектив бенд“ со музичка видеоприказна за нивниот роден крај – „Тиквешкиот рај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kolektiv-bend-so-muzichka-videoprikazna-za-nivniot-roden-kraj-tikveshkiot-raj-video/ Tue, 06 Oct 2020 13:14:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170294

„Колектив бенд“ од Кавадарци неодамна ја промовираа својата прва авторска песна. Се работи за шлагерот „Тиквешки рај“. Креативниот тим е во состав од членовите на „Колектив бенд“: Антонио, Мартин, Лазар и Влатко. Автор и продуцент е Лазар Каров. „Другарот Лазар долги години живее и работи во САД, но љубовта кон родниот град, маалото, фамилијата, се неговата инспирација за творештво и напредок, па и покрај далечината со желба да направи нешто за своето родно место, ја компонира песната „Тиквешкиот Рај” и ја подарува на „Колектив бенд“, за што сме бескрајно благодарни. Уште еднаш од срце му се заблагодаруваме на нашиот Лазар и му посакуваме успешна кариера“, велат од „Колектив бенд“. Слушнете ја музичката приказна и погледнете го видеото на кавадаречката дружина „Колектив бенд“ за животот во во нивниот роден крај, „Тиквешкиот рај“: https://www.youtube.com/watch?v=q1GAXW-1W-w&feature=emb_logo      ]]>

„4U Band“ од Кавадарци со прва авторска песна и видео запис (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/4u-band-od-kavadarci-so-prva-avtorska-pesna-i-video-zapis-video/ Tue, 18 Aug 2020 10:55:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163866

Младите момчиња од „4U Band“ од Кавадарци ја објавија нивната прва авторска песна и видео запис, насловена „Дај Замижи“. Се работи за тројца млади момчиња Борис Илов – гитара и вокал, Борис Грков – гитара и Оливер Миленковски – кахон. Тие досега само преработуваа песни, а сега  ја објавија својата прва авторска песна чија музика и текст се на Борис Грков, аранжнанот е заеднички на сите од групата, како и на Столе Аврамов кој исто така ги снимаше и правеше микс и мастеринг во своето студио,а познатата поп-пејачка и нивна сограѓанка Наташа Малинкова ги отпеа придружните вокали. Видеото пак е во исработка на „Бајка“. ]]>

Почина македонскиот фолк пејач Блаже Богев https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskiot-folk-pejach-blaze-bogev/ Tue, 28 Jul 2020 08:25:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160813

По една година борба со тешката болест, фолк пејачот Блаже Богев почина вчера на 68-годишна возраст, во Скопје во геријатриски центар – објави Фокус.мк Кавадарчанецот кој целиот свој живот и го посвети на музиката, и до последно веруваше дека повторно ќе застане на сцената, не се избори со тешката дијагноза – тумор на малиот мозок. Неговиот син Роберто за  „Фокус” ја потврди веста за неговата смрт. Вели дека семејството минува низ тежок период, но си спомнува дека и целата измината година им минала тешко, во надеж дека Блаже сепак ќе се спаси.„Сите во Тиквешијата кои го знаат татко ми, ќе го спомнат како доста ведар човек, друштвен. Минатата година, додека бил на прошетка на чаршијата во Кавадарци, му се слошило, по што замина на лекарски преглед. Никој од нас не очекуваше таква дијагноза, тумор на малиот мозок. Тој изгледаше здраво, имаше нормален живот, веста ни дојде како шок. Започнаа прегледите, терапиите, не му беше лесно. Лекарската проценка беше дека операцијата би била премногу ризична, па замина во Белград на зрачење. Примаше разни лекарства, сакавме да веруваме дека се ќе биде во ред“ – раскажа Роберто за „Фокус“. Инаку, Блаже е татко на три деца, покрај Роберто има уште еден син и ќерка. https://www.youtube.com/watch?v=mQamlK9vAjs&fbclid=IwAR3ECH4Ha4eQZoHmcVcfJTPWdoPdUzfc2EHcla50G64cKQ6MVGR1OSHlH68]]>

„Поп-класика“ – концерт на „Трио џентлмен” во Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/pop-klasika-koncert-na-trio-dzentlmen-vo-kavadarci/ Tue, 21 Jul 2020 12:11:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159777

Во Кавадарци вечер од 20 часот ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”, насловен „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура. „Трио џентлмен” е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски. Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави, кои подолг период го изведуваат овој музички жанр. „Ова е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови, наполитански канцони, латино-композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир“ - појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.]]>

Розга ја „запали“ сцената во Кавадарци: Публиката врискаше на сиот глас поради овој нејзин потег (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rozga-ja-zapali-scenata-vo-kavadarci-publikata-vriskashe-na-siot-glas-poradi-ovoj-nejzin-poteg-video/ Mon, 09 Sep 2019 08:44:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105783

Познатата хрватска музичка ѕвезда Јелена Розга  беше дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во организација на општина Кавадарци, кој се одржува децении наназад како една убава најава за бербата на грозјето. Розга за првпат беше во градот на виното и ракијата кој и годинава го посетија илјадници посетители не само од земјава, туку и од странство. Пејачката на сцената се појави во бел фустан кој ја оцртуваше нејзината витка линија на телото, а акцентот беше на нејзиното длабоко деколте.
Публиката уживаше во најголемите хитови на пејачката повеќе од час и половина, додека машкиот пол од публиката речиси се препотуваше на секоја необична поза на Розга која беше ултра динамична на сцената. Уште на почетокот таа најави дека ќе се симне во публиката за да се дружи во нив, а тоа и го направи. Еуфорријата беше уште поголема, а присутните од првите редови врискаа на сиот глас.
„Тиквешкиот гроздобер“ заврши вчеравечер со концертот на Здравко Чолиќ кој неколкупати доаѓа во Кавадарци. Целото видео од настапот на Јелена можете да го погледнете во продолжение:  ]]>