катина иванова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Aug 2023 09:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png катина иванова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Аплаузот нека трае“: Познатите се простија од Катина Иванова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aplauzot-neka-trae-poznatite-se-prostija-od-katina-ivanova-foto/ Fri, 11 Aug 2023 09:53:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313440

Веста за заминувањето на актерката Катина Иванова (1951–2023) ја соопштија од Македонскиот народен театар каде таа беше дел повеќе од четири децении. „Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“ изјавија од Театарот. Иванова на сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави. А со голема страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Таа глумеше и во десетина филмови и ТВ серии, а за своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). Познатите преку социјалните мрежи се простија од актерката Катина Иванова која почина на 82 години. Меѓу нив беше актерката Весна Петрушевска Бејби која рече дека Катина ја знае од дете и дека била единствена во многу нешта: „Катина ја знам од дете како од втората фотографија и секогаш бевме взаемно искрени ме познаваше од студентските денови и ми беше поддршка. Игравме заедно неколкупати и многу се смеевме. Милував да ја викам Катина, не Кате. Беше духовита, храбра и убава жена. Таа широка насмевка, тој поглед под веѓите кои секогаш имаа некоја порака. Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено што се оставаме на сцена. Катина беше единствена во многу нешта. Точна и прецизна си замина тивко, но достоинствено ми се скрши срцето Катина. Слава ти и аплаузот нека трае“, за неа напиша Весна Петрушевска. Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Катина со нејзината фотографија и зборовите: „Катина Иванова... Големите си заминуваат... Збогум мила...“ Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов со Инстаграм статус се прости од својата драга колешка: „Мила Кате. Не можам да поверувам...“ Македонската  актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова објави само фотографија од Иванова и црно срце симбол на тага. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Тажна вест: Почина македонската актерка Катина Иванова https://arhiva.vistina.com.mk/tazhna-vest-pochina-makedonskata-akterka-katina-ivanova/ Thu, 10 Aug 2023 11:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313348

Македонскиот народен театар објави дека почина актерката Катина Иванова. -Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек. Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016). Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009). За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено. фото:MNT/Facebook]]>