катерина крстева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Jan 2023 12:07:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png катерина крстева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Престанаа твоите болки“: Колегите се збогуваа од актерката Катерина Крстева https://arhiva.vistina.com.mk/prestanaa-tvoite-bolki-kolegite-se-zboguvaa-od-akterkata-katerina-krsteva/ Tue, 10 Jan 2023 08:53:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283357

На своја 85 годишна возраст почина познатата македонска актерка Катерина Крстева или попозната како Мара Попора, лик на кој се сеќаваат многу генерации. Нејзиниот хумор, насмевката, препознатливата руса коса и сценски гестикулации, ќе останат како нешто на кое ќе се сеќаваме кога ќе се спомене нејзиниот незаборавен лик. Иако хуморот е првото нешто со кое ја поврзувавме, нејзината реалност за жал не била баш таква. Катерина станала мајка на своја 49 годишна возраст, а сопругот и починал кога детето и било мало, па со својата сила и мајчиснска љубов го одгледувала сама. За „Фокус“, нејзиниот колега Гоце Тодоровски открива дека Катерина и нејзниниот син Александар живееле од нејзината скромна пензија. Но, нивни блиски пријатели открија повеќе за трагедијата која ја снашла Катерина која го нашла својот 36 годишен син мртов во нивниот дом во месец сепрември, односно пред три месеци. -Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата – ни изјавија пријатели на Александар за „Фокус“. На социјалните мрежи од Катерина Крстева се збогуваше и Весна Петрушевска која вели дека повеќето не ја занеле нејзината тажна приказна. -Драга моја Кате (сестро да ти кажам)или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија ,прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку со Мони Угриновска, Македонски народен театар дознавме, па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна .Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна.Кате, многу ми е жал! Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти, пишува Весна Петрушевска, а на нејзниот статус на Инстаграм се надоврза и Игор Џамбазов кој кусо напиша:
-Златна Кате... И актерката Стојна Костовска се прости од својата колешка Кате со која заедно познати беа како дел од Хихирику. -Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти...Чувај ги!!! Кате лесна ти земја!- беше последниот поздрав на Костовска. Инаку, Катерина Крстева беше погребана вчера, 9-ти јануари на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата ќе биде дополнително објавена од МНТ. фото:Фејсбук МНТ/Инстаграм/Јутјуб принтскрин]]>

Почина актерката Катерина Крстева, позната меѓу народот како Мара Попара https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akterkata-katerina-krsteva-poznata-megju-narodot-kako-mara-popara/ Mon, 09 Jan 2023 09:15:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283256

Македонскиот народен театар со огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“. Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе биде дополнително објавена. фото:МНТ/Фејсбук/Јутјуб принтскрин]]>