катастрофа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Nov 2022 08:59:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png катастрофа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Саша Видиќ ја тужи Дара Бубамара за навреда: „Ќе доживеам стрес кога ќе ја видам во судот без фотошоп“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sasha-vidikj-ja-tuzi-dara-bubamara-za-navreda-kje-doziveam-stres-koga-kje-ja-vidam-vo-sud-bez-fotoshop-foto/ Wed, 30 Nov 2022 08:58:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277896

Саша Видиќ реши да ја тужи Дара Бубамара по скандалозните навреди кои таа му ги упати минатата недела на Инстаграм. Пејачката жестоко го навреди модниот дизајнер, откако тој отворено го коментираше раскинувањето на пријателството меѓу неа и Јелена Карлеуша. Таа потоа му реплицираше, па во негов стил и одговори Видиќ во изјавата за Курир, но страстите очигледно и после тоа не се смирија. Саша објасни зошто решил да ја тужи Дара. - Бидејќи Радојка вели дека има пари, на мојата адвокатка и дадов полномошно да се занимава со целиот овој случај, па таа ќе мора да ги докажува сите свои навреди. Тоа што го напишала за мене ќе треба да го докаже на суд или да плати за лаги и клевети. Не бев ни строг кога коментирав како што можам да бидам, а сега таа се буни и се навредува. Ќе морам да ја видам во живо на суд без филтри и фотошоп, тоа е стрес. Катастрофа – изјави Видиќ. Да потсетиме, на Инстаграм, заедно со видеото на Саша од јавниот превоз, Дара го кажа следново на својот поранешен колешка и пријател: - Ме спомнува ова смрдливо г*омно! Барам од комуналната инспекција да го исфрли од тролејбус! Вака изгледа дрогирана тетка, која отишла во јавниот тоалет да ја бара љубовта на својот живот! ... Вака завршуваат луѓето кои се уништени од сопствената злоба - напиша луто Дара, за по неколку часа да ја избрише спорната снимка и навредите, па повторно да го постави видеото и да напише: - Креаторот на кинески батерии се ниша во автобус. . Не знам дали свири некоја лоша музика или робата е лоша - напишала Бубамара.  Фото:Принтскрин/Немања Панчиќ/Драгана Удовичиќ]]>

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-odbelezuva-58-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Mon, 26 Jul 2021 14:33:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212664

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи. Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе почне во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. По повод годишнината од земјотресот, традиционално, и Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани. Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град“. Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА“ – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Домот на АРМ. Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот кеј „13 Ноември“, на кое ќе присуствува градоначалникот Шилегов. Ќе има и настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“. Во Национална опера и балет во 20:30 часот, како дел од 42-то издание на „Скопско лето“, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project). Ќе учествуваат танчери од земјава, од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ. Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија и „Архангел“, насловен „Филхармонија и Архангел за Скопје“. Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови,… Локациите се потпорниот ѕид на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“, како и ѕидовите од двете страни на булевар „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа. Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење денеска, на Денот на солидарноста како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. Акцијата за цртање графити се организираше викендов, во соработка со Младинскиот културен центар. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 58 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.
]]>

Теа Таировиќ се пожали дека е „запечена“: „Распишувам конкурс за момче, вака веќе не оди… никој не ми приоѓа“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovikj-se-pozali-deka-e-zapechena-raspishuvam-konkurs-za-momche-vaka-vekje-ne-odi-nikoj-ne-mi-priogja-foto/ Mon, 07 Jun 2021 09:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205827

Иако навидум атрактивна, згодна, сексапилна... сепак пејачката Теа Таировиќ се пожали дека е „запечена“. Расната фолкерка вели дека е тотално „зарибана“, дека мака мачи и нема среќа во љубовта, но и тоа дека мажите не и приоѓаат! Не се движам многу и тогаш немам можност да ми пријдат и поделат комплименти во живо. А и нешто е непријатно ми е кога некој толку многу ме фали, што  претерува во тоа. Не ми е доволно само да кажам благодарам во тој момент и тогаш не знам што да додадам на комплиментот. На емотивно ниво, ништо не се смени, и понатаму љубовниот живот ми е една голема катастрофа. Мртво море. Ќе мора да го барам принцот на бел коњ по весниците, ќе распишам голем конкурс“ - вели пејачката. Теа исто така истакна дека започнала да работи и е многу среќна што повторно е со публиката. „Настапувам многу во Бугарија, така што не сум лишена од настапи последниот месец. Нашиот пазар полека се отвора, имам многу закажани настапи во текот на летото. Безбедноста на луѓето е на прво место, но мило ми е што сè се враќа полека во нормала и што пејачите ќе можат да работат и да си го заработат парчето леб“ - вели Теа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

„Трула вишна“ во ФФМ: Новите македонски дресови – ни боја ни дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/trula-vishna-vo-ffm-novite-makedonski-dresovi-ni-boja-ni-dizajn-izgledaat-grdo-i-shturo-a-ne-kako-za-istorisko-debi-na-euro-foto/ Fri, 28 May 2021 14:55:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204684

ФФМ ги промовираше новите дресови на македонските репрезентативци со кои ќе настапуваме на престојното ЕУРО 2021. Подобро да не ги покажеа. Наместо еуфорија и возбуда - брука и срамота, наместо радување - национално понижување и омаловажување... Новите  македонски дресови  не ги содржат ниту националните бои, ниту имаат дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО! Очигледно работата на ФФМ наликува на „трула вишна“! Иста како бојата на новиот национален дрес, кој по ниту еден параметар не е препознатлив, специфичен, уникатен, впечатлив... Освен можеби по апликацијата на рисот, како еден вид симбол на нашето национално богатство. Но „цвекло“ бојата, нешто помеѓу бордо или „трула вишна“ и циклама е катастрофалнаа утка и антиреклама, за која само за неколку часа во јавноста се крена голема галама. Аловата црвена, симболот на нашето знаме во кое вткаена пролеаната крв на генерации за слобода и независнот, никаде ја нема. Како и жолтата, симболот на македонското „ново сонце на слободата“, на чие место  провејуваат некакви „извезени“ светло портокалови линии на ракавите и апликацијата на рисот,  кој патем како животно во исчезнување е речиси пред истребување, па праќа чудна порака... Случајна или намерна симболика, во која не скаме да веруваме, ама... Вака нашиот нов дрес неодоливо потсетува на боите на оној кој оправдано го носат фудбалерите на една Латвија. За дизајнот и да не говориме... Сонцето од нашето знаме, аплицирано на старите дресови беше многу повпечатливо и многу повеќе одраз на она што е македонски национален симбол, од едвај препознатливиот рис. Барем да ги погодеа боите - дресот алово црвен, рисот жолт, па и некако! Вака, да не е трагично, би било смешно! Ама сепак е трагикомично! Резервните варијанти, налик на главната. Онаа белата, можеби до некаде, ама само до некаде ги оправдува очекувањата, а таканаречениот трет дрес - одново катастрофа! Наместо жолт со бело или црвено, добивме црн со портокалово? Па случајно обете репрезентации да истрчаат на терен во истата опрема, дали сме Холандија со која треба да играме на ЕУРО или Македонија, никој нема да препознае?! Со тоа што Холанѓаните ќе си бидат во своите препознатливи - алтернативни бои, а ние? Споредете, па обидете се да ја пронајдете разликата... Освен во грбот и производителот, секако. Се' на се ФФМ одново се избрука...Сакајќи да се пофали со промоција на новата опрема, наместо воодушевување предизвика разочарување, па и отворен потсмев дури и кај фудбалерите. Македонската јавност исто така згрозена, социјалните мрежи за час зовреа, па набрзина со петиција се бара враќање на старите дресови и настап на нашите фудбалери на ЕУРО во препознатливата опрема. А, дали ќе бара некој одговорност и оставки од „некадарните“ кадри на Фудбалската Федерација на Македонија или ќе ја премолчиме и оваа агонија? https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/]]>

Скопје се сеќава: 57 години од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-se-sekjava-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-na-26-juli-1963-godina/ Sun, 26 Jul 2020 08:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160536

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 57 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.]]>

„Зборува Скопје“ – 55 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/zboruva-skopje-55-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Thu, 26 Jul 2018 09:37:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40204

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. Одбележувањето почна во понеделникот, кога на источната страна на Музејот на Град Скопје беа откриени вратените букви од пораката на Јосип Броз Тито.
На пет различни локации низ главниот град изутринава во 5:17 часот се спроведе аудио-уметничка акција во траење од една минута „Разбуди се Скопје“, која требаше да ги потсети граѓаните на точното време на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година. Со акцијата беа опфатени Музејот на современа уметност, Музејот на Град Скопје, Градскиот трговски центар, Порта Влае, а едно озвучено возило се движеше по булеварот „Партизански одреди“. Организатор на акцијата е групата која ги прави урбаните уметнички акции низ Скопје и работи во рамки на Центарот за современи уметности.
Официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Традиционалната крводарителска акција ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Музејот на Град Скопје. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје и Музејот на Град Скопје. Организацијата на жените на Град Скопје ќе одржи поетско читање „За Скопје кое го сакам“ во Музејот на Град Скопје, а Здружението на акцијашите од студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе организира марш до Музејот на Скопје каде што во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Од братство и единство `63 до Скопје `63“.
Во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложба на дела од грчки автори. Во Младинскиот културен центар пак ќе има проекции на серијата „Досие Скопје“ и богата музичка програма. Град Скопје ги повикува граѓаните да ги проследат настаните, да се потсетат на трагедијата која го разори нашиот град и заеднички да упатиме порака дека не сме ја заборавиле поддршката што пред 55 години ја добивме од целиот свет. Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.
Од трагедијата на Скопје целиот свет беше возбуден и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. https://www.youtube.com/watch?time_continue=187&v=u27bwZNOolo]]>

За Владо Јаневски сношти Кичево беше „главен град на тагата“: За граѓанската прослава пееше пред 20-ина случајни минувачи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-vlado-janevski-snoshti-kichevo-beshe-glaven-grad-na-tagata-za-gragjanskata-proslava-peeshe-pred-20-ina-sluchajni-minuvachi-video/ Sun, 15 Jul 2018 11:47:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38205

Владо Јаневски потврди дека е пејач за секоја власт... и прилика!  Од партиски митинзи и изборни кампањи, до политички прослави и журки... Во времето на минатата власт, пред неа, а и за време на владеењето на оваа... Не е важно кој и како владее, важно добро да плаќа. И тоа со наши пари, парите на даночните обврзници, а останатото...
Сепак, видеата направени вчеравечер од еден граѓанин за време на „големата граѓанска прослава“ на владата на СДС,  покажува дека едвај 20-ина луѓе го следат настапот на најголемата македонска поп ѕвезда во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Дебакл, фијаско, катастрофа… Кичево сношти за Владо Јаневски очигледно беше „главен град на тагата“ !  ]]>

Владата фрли милионски суми за прославата, посетата – очајна: Народот не ја проголта лагата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-frli-milionski-sumi-za-proslavata-posetata-ochajna-narodot-ne-ja-progolta-lagata-foto/ Sat, 14 Jul 2018 21:04:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38201

Владата доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за прославата, а доби очајна посетеност. Народот овој пат не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип, доживеја вистински дебакл. Помалку  од 300 луѓе во родната Струмица на Зоран Заев. 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни плоштади и во останатите градови. Видеото направено од еден граѓанин покажува дека едвај 20-ина луѓе го следат настапот на најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло - Кичево. Дебакл, фијаско, катастрофа... Информациите од терен говорат дека и тие во мал број што отишле на прославата се функционери од СДСМ, обичен народ скоро и да нема. Граѓаните овој пат не ја проголтаа лагата на власта- јасно се спротивставија на капитулантските политики. Македонците не го слават срамниот договор и промената на името. Иако од власта постојано инсистираат дека граѓаните го поддржуваат нивниот пат и начин да се стигне до ЕУ и НАТО, вечерва низ сите 15 градови каде се одржуваат „прослави“, тие кажаа НЕ на предавничките политики на власта.
ШТИП
ГОСТИВАР
КАВАДАРЦИ
КОЧАНИ
СТРУГА
ТЕТОВО
ОХРИД
СТРУМИЦА