кат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Dec 2022 11:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Здравјето зависи и од тоа на кој кат живеете, еве што вели истражувањето https://arhiva.vistina.com.mk/zdravjeto-zavisi-i-od-toa-na-koj-kat-ziveete-eve-shto-veli-istrazuvanjeto/ Mon, 26 Dec 2022 11:49:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281615

Ако живеете во зграда, на колку повисок кат сте, толку подобро за вашето здравје. Барем така вели едно истражување спроведено на Универзитетот во Берн. Според податоците од истражувањето навистина е важно на кој кат живеете. Научниците истражувале 142.590 смртни случаи во Швајцарија (луѓе кои живееле во високи згради) помеѓу 2000 и 2008 година и дошле до многу интересни заклучоци. Откриено е дека луѓето кои живеат на приземје или пониските катови имаат дури 40 отсто поголеми шанси да заболат од сериозни белодробни заболувања отколку луѓето кои живеат на 8 кат или повисоко. Исто така, луѓето кои живеат на катови пониски од осмиот имаат 35 отсто поголем ризик од срцеви заболувања. Во просек, луѓето кои живеат на приземје или на катови под осмиот имаат 22 отсто поголем ризик да починат порано од луѓето кои живеат на повисоки катови. Истражувачите сметаат дека клучни фактори се поголемото загадување на воздухот и бучавата на пониските катови. Меѓутоа, живеењето на повисоки катови носи и свои ризици. Шпанско истражување покажа дека луѓето кои живеат во повисоките катови имаат поголема веројатност да добијат, на пример, алергија на сено отколку оние кои живеат на село. Имено, во текот на летото поленот се издигнува во атмосферата како што расте дневната температура, а кога воздухот почнува да се лади навечер поленот повторно се спушта и преку отворени прозорци влегува во становите на повисоките катови. Исто така, треба да се има на ум дека практиката прилично го негира ова истражување. На пример, секој агент за недвижности ќе потврди дека најбараните станови се на третиот кат, како и оние на првиот и вториот кат. Што е сосема логично, бидејќи не зависите од лифтот. Извор:Курир.мк]]>

Ќе биде „весело“: Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купија цел кат во истиот комплекс во кој и Новак Ѓоковиќ има свој пентхаус, па е неминовно да се среќаваат, а семејствата не зборуваат со години! https://arhiva.vistina.com.mk/kje-bide-veselo-lepa-brena-i-boba-zivojinovikj-kupija-cel-kat-vo-istiot-kompleks-vo-koj-i-novak-gjokovikj-ima-svoj-penthaus-pa-e-neminovno-da-se-srekjavaat-a-semejstvata-ne-zboruvaat-so-godini/ Tue, 13 Oct 2020 10:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171156

Лепа Брена реши да инвестира пари во недвижнини, и тоа не било каде. Случајно или не, кратко по продажбата на преостанатиот удел во „Гранд продукција“, најголемата фолк ѕвезда на бившите ју-простори реши да купи цел спрат во новата кула во луксузната населба „Вест 65“ во Нов Белград. Не е исклучено семејството Живојиновиќ конечно да ја продадат вилата на Бежанијска коса, за која Брена неодамна рече дека им станала преголема затоа што во неа живеат само Боба и синот Виктор, па тука ќе ја побараат својата нова оаза на мирот. Комплексот се смета за еден од најбезбедните во Белград затоа што е опремен со физичко обезбедување, видео надзор и други удобности, кои секако вклучуваат гаражи со приватен лифт кој води кон станот. Српските портали сега пишуваат дека не е познато колку ќе владее мир таму, бидејќи Новак Ѓоковиќ го има својот пентхаус во истиот станбен блок, купен пред две години, а чие семејство со години не разговара со Живојиновиќ. Општо познато е дека семејството Живојиновиќ не е во добри односи со Ѓоковиќ, но ќе биде неизбежно тие да се сретнат во одреден момент во оваа нова луксузна населба, па ваквите состаноци ќе бидат интересни за другите станари. Веќе подолг период е позната приказната дека кога Новак бил уште дете, неговиот татко Срѓан побарал од Боба финансиска помош во врска со тенисот и понатамошно тренирање на неговиот син, што од некоја причина не го добил од поранешниот тенисер, Боба Живојновиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/brena.i.boba/djokernole]]>