кашлица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 13:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кашлица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домашен сируп против кашлица: Потребни ви се само три природни состојки https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-sirup-protiv-kashlitsa-potrebni-vi-se-samo-tri-prirodni-sostojki/ Mon, 12 Feb 2024 13:00:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326227

Со доаѓањето на есента и промената на топлите и студените денови, започна сезоната на настинки, болки во грлото и кашлање. Сите знаеме колку е тешко да се ослободите од кашлицата, а медот е храна која може да помогне во нејзино ублажување. На YouTube каналот Divas Kan Kuk има бабински рецепт за домашен пијалок против кашлица направен од само три состојки, мед, маслиново масло и сок од лимон, кој помага и при алергии. Пред употреба задолжително измешајте и загрејте и по потреба земете една лажица. Состојки: 1,5 чаши мед 1/2 чаша маслиново масло сок од 5 лимони Подготовка: Во тенџерето истурете ги медот, маслиновото масло и сокот од лимон и измешајте. Гответе на средна топлина со постојано мешање. Оставете да се излади. Истурете во стерилизирана тегла со капак и чувајте ја во фрижидер. извор:попара.мк фото:Shutterstock]]>

Кој тип на мед е најдобар за кашлица, a кој помага при инфекции? https://arhiva.vistina.com.mk/koj-tip-na-med-e-najdobar-za-kashlitsa-a-koj-pomaga-pri-infektsii/ Mon, 05 Feb 2024 13:33:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337535

Медот е еден од најценетите природни производи уште од древни времиња и се користи не само како природен производ и засладувач, туку и во традиционалната медицина како помош за лекување на различни состојби, од ублажување на кашлица и болки во грлото до заздравување на рани. Денес знаеме околу 300 различни видови мед. Медот се состои од повеќе од 80% јаглехидрати и нешто помалку од 20% вода. Студиите открија повеќе од 600 компоненти во медот кои имаат потенцијално корисен ефект врз здравјето на луѓето. Што се однесува до составот на јаглехидратите, доминира фруктозата, а потоа гликозата, малтозата и другите шеќери. Од витамините доминираат витамините Б и витаминот Ц, а од минералите калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и други. Покрај тоа, тој е богат со биоактивни компоненти како што се флавоноиди и полифеноли.   Видови мед Мед од багрем   Светла боја, многу сладок и пријатен вкус поради високата содржина на фруктоза и малата содржина на сахароза. Често се користи како додаток на чаеви. Се верува дека има антиинфламаторно дејство, има корисен ефект врз црниот дроб и дигестивниот систем.   Мед од жалфија   Светло жолта боја, пријатен вкус. Поволно делува на дигестивниот процес и на целиот дигестивен систем, има антиоксидантно дејство, поради што позитивно делува и на кардиоваскуларниот систем. Помага при заздравување на раните и борба против настинки, болки во грлото и кашлица. Работи така што го олеснува искашлувањето и го промовира исфрлањето на слузта од респираторните органи.   Мед од костен   Темна боја, речиси кафеава. Има посебна арома, малку горчлив вкус. Помага при настинка и кашлица, бронхитис, има антимикробно, антибактериско и антисептично дејство. Богат со витамини Б и витамин Ц.   Ливадски мед   Мед од разни ливадски цвеќиња. Помага во борбата против инфекции, богат со антиоксиданси, помага за зараснување на раните, благотворно делува на дигестивниот систем.   Мед од лаванда   Богат вкус, бојата може да варира од посветла до потемна, како и другите видови, помага во функционирањето на горниот респираторен тракт, благотворно делува при бронхитис и кашлица. Има смирувачки ефект, го помага варењето и ја намалува надуеноста.   Неколку интересни факти за медот  
  • Пчелите произведуваат мед повеќе од 150 милиони години
 
  • За половина килограм мед се потребни 556 пчели и два милиони цветови
 
  • Медот никогаш не се расипува
 
  • Поради високата содржина на фруктоза, медот е 25 проценти посладок од шеќерот
 
  • За да направат мед, пчелите собраниот нектар го складираат во саќе, а потоа го испаруваат со мафтање со крилјата.
 
  • Пред да се развијат биологијата и ботаниката, луѓето мислеле дека цветниот нектар се претвора во мед со посебна магија
 
  • Медот е основна храна на пчелите. Причината поради која пчелите се толку зафатени со собирање нектар од цвеќињата е да создадат доволно залихи храна за нивната колонија во текот на зимските месеци.
 
    • Медот има сличен состав на антиоксиданси здрави за срцето како и спанаќот.
Фото: Free pik Извор: Попара]]>

Имате долготрајна и хронична кашлица – ова се можни причини и поттикнувачи https://arhiva.vistina.com.mk/imate-dolgotrajna-i-hronichna-kashlitsa-ova-se-mozhni-prichini-i-pottiknuvachi/ Mon, 15 Jan 2024 13:26:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335019

Брзо дејствување по одредени симптоми, може да помогне за брзо надминување на кашлицата. Исто така, спречувањето, т.е. превенцијата е многу важна. Долготрајната, односно хронична кашлица може да биде непријатна, но може да значи и посериозна здравствена состојба. Во случај на хронична кашлица, важно е стручно да се проверат причините за тоа. Само лекар може со сигурност да каже зошто некој има постојана кашлица. Следат дел од можните причини. Астма Се работи за хронична болест што ги погодува белите дробови, предизвикува повторени епизоди на отежнато дишење (познати како напади на астма), стегање во градите и ноќна и / или утринска кашлица, истакнуваат стручњаците. Таа е една од најчестите болести која ги погодува децата, но и возрасните лица. Предизвикувачите на астма се различни за секого – вежбање, одредена храна, чад од цигари и други надразнувачи во воздухот што ги предизвикуваат нападите. Идентификувањето и избегнувањето на предизвикувачите (или барем минимизирање на изложеноста на нив) е клучно за управувањето со астмата. Алергии Зиме, минуваме повеќе време во затворени простории, па така човекот е и поизложен на алергени. При алергии на влага, прашина и други вообичаени поттикнувачи, може да дојде до постојана кашлица. Во случајов се препорачува разговор со алерголог и тест за алергија. На овој начин ќе се дознае на што лицето е алергично и како да се држи подалеку и настрана од тие алергени. Загадувањето на воздухот И воздухот може да предизвика постојана кашлица. Дури и краткотрајно изложување на некои гасови може да доведе до и иритација на белите дробови. Испарувањата, исто така, може да ги влошат симптомите на алергија или астма. Истото важи и за мувла во и околу домот. Последици од потешка болест или зараза По тешко заболување на дишните органи, како што се пневмонија и грип, по заздравувањето може да остане постојана кашлица. Тоа може да трае со недели и месеци. Оваа продолжена кашлица може да укажува и на тоа дека може да има долготрајна инфекција во телото и се советуваат дополнителни тестови за овие случаи. Пушење Луѓето кои пушат често развиваат кашлица предизвикана од природниот одговор на телото да се ослободат од хемикалиите што навлегуваат во дишните патишта и белите дробови. Може да почне како сува кашлица, но на крајот неизбежно има и слуз. Научен труд објавен во списанието „Медисин“ (Medicine) ја разгледува преваленцата на хронична кашлица и можните причини кај општата популација. Испитувањата засновани на Корејското национално истражување за испитување на здравјето и исхраната, опфатиле 119.280 возрасни лица на возраст над 40 години, и покажуваат дека 47,7 отсто од испитаниците со хронична кашлица биле пушачи во тој миг. Секако, најлесниот начин за пушачите да се ослободат од кашлицата е откажување од цигарите. Па така, доколку треба помош во тоа, советот гласи – матичниот лекар може да Ве упати во вистинската насока. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Сладок напиток кој ја спречува упорната кашлица, а се прави од само 2 состојки https://arhiva.vistina.com.mk/sladok-napitok-koj-ja-sprechuva-upornata-kashlitsa-a-se-pravi-od-samo-2-sostojki/ Fri, 17 Nov 2023 13:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327536

Децата го сакаат поради слаткиот вкус, а возрасните поради поволното дејство врз здравјето. Пијте шербет и згрејте се во овие ладни денови. Доколку сте настинати или ве мачи упорната кашлица, шербетот ќе ви го реши тој проблем. Состојки: - 1 лажица шеќер; - 200 милилитри млеко. Подготовка: Шеќерот ставете го во ѓезве и загрејте го на рингла. Поради тоа што тој за кратко време ќе се стопи, подобро е ѓезвето да го тргнете од оган затоа што може да загори. Штом шеќерот ќе стане течен и ќе добие златна боја, т.е. штом ќе се карамелизира, веднаш додадете го млекото во ѓезвето, а потоа оставете да зоврие. Послужете го топлиот напиток и уживајте во него. На здравје! извор:точка.ком.мк фото:shutterstock]]>

Направете пастили за грло по народен рецепт: Ви требаат три ефтини состојки кои веќе ги имате дома https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-pastili-za-grlo-po-naroden-retsept-vi-trebaat-tri-eftini-sostojki-koi-veke-gi-imate-doma/ Fri, 22 Sep 2023 12:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319287

Меѓу народот е воспоставено верување дека медот, лимонот и ѓумбирот помагаат во ублажување на настинките, кашлицата и кивањето и го забрзуваат закрепнувањето на организмот. Во тава со мешање загрејте 200 гр мед, 2 лажици сок од лимон и 1 лажица свежо изрендан ѓумбир. Кога температурата на смесата ќе достигне 150 степени (користете кујнски термометар), извадете ја од шпоретот. Ако немате кујнски термометар, ќе знаете дека смесата е готова ако се стврдне веднаш штом ја потопите во ладна вода. Потоа додадете половина лажичка свежо рендан ѓумбир. Истурете во калап за пралини или мраз (до половина) и оставете да се излади. Бидејќи пастилите се лепливи, превртете ги во шеќер во прав и ставете ги во тегла со капак. Консултирајте се со вашиот лекар за употребата на овие пастили. Извор: Курир.мк]]>

Со какао против кашлица https://arhiva.vistina.com.mk/so-kakao-protiv-kashlica/ Tue, 15 Nov 2022 09:50:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275839

Дали знаевте дека какаото има моќ да ги ублажи симптомите на акутна и хронична кашлица? Ова го покажа студијата на научници, во која биле вклучени 300 лица со постојана кашлица. Истражувачите им давале теобромин, супстанција од какао две недели, двапати дневно. Дури 60 отсто од пациентите пријавиле значителен степен на подобрување и смирување на кашлицата по експериментот. И претходни истражувања покажаа дека теоброминот го парализира рефлексот на кашлица.]]>

Не ја фрлајте кората од мандарините – ќе ве спаси од кашлица https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-frlajte-korata-od-mandarinite-kje-ve-spasi-od-kashlica/ Wed, 09 Dec 2020 13:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180089

Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а дома имате непрскани мандарини, од нивната кора можете да направите одличен лек. Еве што треба да направите ако сакате да ја искористите кората од мандарините како лек: -Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла -Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40 процентен алкохол -Тегличката добро затворете ја и оставете ја да отстои една недела на темно место -Земајте по една лажичка по јадење, откако ќе изедете една лажичка мед А ова се останатите причини поради кои мандарините се супер овошје: Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама мандарини има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а исто така е богато со влакна кои го подобруваат варењето на храната. Мандарините се добри за видот, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Доколку сте спретни во кујна, можете да направите и сос од мандарини, кој ќе го послужите во комбинација со дивеч или како дресинг за салата. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Ве мачи сува кашлица? Во чаша топло млеко додадете ги овие состојки, па проблемот ќе го решите „преку ноќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/ve-machi-suva-kashlica-vo-chasha-toplo-mleko-dodadete-gi-ovie-sostojki-pa-problemot-kje-go-reshite-preku-nokj/ Mon, 16 Nov 2020 13:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176351

Кашлицата е грчевита контракција на мускулите која што може да се излечи со т.н. народни лекови. Доколку во млекото додадете и малку жалфија тогаш тој проблем ќе исчезне за краток временски период, велат луѓето кои што се добро запознати со таквите методи на лечење. Високиот процент на етерични масла кои што содржат антибактериски и антифламаторни дејства, како и големата количина фосфорна киселина, витамин Ц, Б1, П и тианин, ја прават жалфијата многу моќен сојузник во борбата со кашлицата. Во комбнација со млеко таа дава одлични резултати, но само доколку ја подготвите вака: Неопходно е во тенџере да ставите 250 милилитри млеко, да додадете една супена лажица жалфија и да оставите да врие на умерена температура. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го тенџерето од огнот. Во напитокот додадете и една лажица путер, поклопете и оставете да отстои околу 15 минути. Напитокот процедете го и додадете една лажица мед и прстофат куркума, па сè добро промешајте. Пијте ја оваа мешавина еден час пред да си легнете! извор:точка.ком.мк]]>

Победете ја кашлицата со морков и мед https://arhiva.vistina.com.mk/pobedete-ja-kashlicata-so-morkov-i-med/ Wed, 04 Dec 2019 12:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122205

Покрај тоа што се вкусни, морковите и се богати со калиум, железо, магнезиум, фосфор, манган и калциум. Исто така богати се со витамините Б каротен, Ц, К и А.

Морковот во комбинација со мед е ефикасен во справувањето со упорната кашлица и густиот секрет од белите дробови.

Состојки:

500 г морков

3-4 лажици мед

Начин на подготовка:

Морковите добро измијте ги, исечкајте ги и сварете ги, а потоа процедете, но сочувајте ја водата.

Испасирајте ги морковите па заедно со медот ставете ги во изладената течност во која се вареа. Добиениот сируп чувајте го во фрижидер.

Земајте по 3-4 лажички од сирупот дневно, пред оброк.

]]>

Ви треба само кромид – направете најмоќен сируп против кашлица https://arhiva.vistina.com.mk/vi-treba-samo-kromid-napravete-najmokjen-sirup-protiv-kashlica/ Mon, 28 Jan 2019 14:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69742

За да не ве боли грло, направете моќен домашен чај.

СОСТОЈКИ:

  • 2 главици црвен кромид
  • 1 л. вода
  • 100 гр. кафеав шеќер

ПОДГОТОВКА:

  1. Се става кромидот со лушпа, претходно измиен во водата да се вари со шеќерот.
  2. Се вари 15 минути откако ќе зоврие.
  3. Се пие млак или ладен, голтка по голтка.
извор:готви.мк