каролин велковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jul 2023 08:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png каролин велковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролин – харизматичната Македонка од Виена ја промовира нејзината прва македонска песна – „Зора“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/karolin-harizmatichnata-makedonka-od-viena-ja-promovira-nejzinata-prva-makedonska-pesna-zora-video/ Mon, 31 Jul 2023 06:22:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312058

Харизматична и нежна, но истовремено енергично-дива, синоока убавица. Русокосата Каролин Велковски е 26 годишна пејачка, која е  родена и живее во Виена, а е по потекло од Охрид и Прилеп. Со нејзиното момче кое е фудбалер и нејзините настапи насекаде низ Авсртија и Македонија и да сака не може да живее на едно место. Така, градови што за неа биле „втор дом“ се и Скопје, Мадрид и Пула, а во моментов живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Каролин е инаку по професија правничка која има завршено два факултета, економија - отсек маркетинг и право, а долго време работела во една адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба. Пошироката јавност ја запозна по учеството во најпознатотото и најпопуларно регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде настапуваше во сезоната 2021\22 и стигна до третиот круг.

„Зора“ е нејзината втора песна, прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна и певлива  со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето. Како автори се јавуваат Дони Балкан и Сандра Лукиќ, а текстот е дело на самата Каролин.

Спотот го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс и беше промовирана на Јутуб каналот на Урбан Рекордс. Снимањето се одвиваше во аеро клуб во Куманово. „Наидовме на малку потешкотии при снимањето поради временските услови, каде дождот и секојдневните врнежи тогаш не ни дозволуваа да ја доловиме летната енергија во спотот“ -ни изјави пејачката. Каролин инвестира многу во својот изглед и градењето на стилот. Преку танцот се обидува да го истакни и стајлингот. Од нејзините досегашни модни изданија можеме да заклучиме дека се работи за доста внимателно одбрана гардероба со впечатливи и сценски парчиња. Младата пејачка најавува настап на еден од нашите реномирани музички фестивали, а до крајот на годината се планирани уште две нови песни на македонски јазик, многу поголемо присуство со јавни настапи на македонската музичка сцена. Како звучи и изгледа нејзината „Зора“ , проследете од видеото во продолжение: ]]>

Која е Каролин Велковски, згодната Македонка од Австрија која измами воздишки во „Ѕвездите на Гранд“? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-zgodnata-makedonka-od-avstrija-koja-izmami-vozdishki-vo-dzvezdite-na-grand/ Wed, 02 Feb 2022 10:22:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237242

Откако  настапи во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и измами воздишки со својата појава и изглед, сите се прашуваат која е згодната Каролин Велковски? Младата Македонка која има охридско и прилепско потекло, која  живее во Австрија, студира право и работи во Виена, меѓудругото ја отпеа познатата македонска песна „Судбо моја“, а потоа и отпеа една песна на Јелена Карлеуша. Меѓутоа, нејзиниот втор настап не им се допадна баш на сите. Жирито ја награди со 5 големи гласови кои ѝ овозможија да оди директно во баражот, а Саша Поповиќ мислеше дека ѝ недостига шесттиот. „Босанец попушти, види што можеше да добиеш?“, го праша Марија, алудирајќи на бакнежот на Цеца. „Од каде знаеш дека веќе не сум добил?“, се пошегува Боске, објаснувајќи го својот потег. „Овде одиграв двоен натпревар, морав да гласам за Јелена и типувам на Цеца. По малата шега, жирито се врати на коментирање на натпреварувачката и открило дека девојката многу напредувала во однос на првиот круг кога имала само еден глас. За жал, Каролин Велковски по последното појавување во шоуто, не се пласираше во следната рунда од натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, тоа не значи дека настапот на оваа натпреварувачка поминал без комплименти. Каролин се појави на сцената во провокативно издание и членовите на жирито ја пофалија дека мошне модерно и секси изгледа. На некои членови од жирито особено им се допадна тоа што оваа атрактивна пејачка со македонско потекло покажа дека и одлично танцува додека пее.
Фото: Инстаграм принтскрин/karolin.ski_]]>