карневалски слики – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2018 13:25:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png карневалски слики – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба: „Карневалски слики 2017“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-karnevalski-sliki-2017/ Wed, 14 Feb 2018 13:25:40 +0000 http://vistina.mk/?p=12796

Здружението на граѓани „Евро-визија“ ве поканува на деветтата по ред изложба „Карневалски слики 2017“ која ќе се реализира како една од првите карневалски активности во четврток, 15 февруари 2018 година во просториите на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19:30 часот.
По отворениот годинешен конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“ на кој можеа да учествуваат сите кои имаа да споделат со нас фотографија од последната (минатогодишна) едиција на карневалските денови во Струмица, се пријавија дваесетина фотографи кои се занимаваат професионално или аматерски со фотографија.
Здружението Евро – Визија е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е девета година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал. Отворањето на изложбата и прогласувањето на наградените е дел од програмските активности на манифестацијата Струмички карневал 2018 година. Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на отворањето на изложбата.  ]]>