кармен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Jul 2022 13:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кармен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/ Tue, 12 Jul 2022 09:58:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258334

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен во истоимената монодрама на Драмски театар – Скопје ја доби главната награда за актерско остварување на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. – Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата во „Кармен“ на Драмскиот театар – Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово, соопшти Драмски театар-Скопје. Монодрамата „Кармен“ на ДТС премиерно беше изведена во мај минатата година. Ова е трета награда на Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола и годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија. Драмски театар – Скопје информира дека во текот на летово ќе настапи на 62. „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на 20 јули, а со претставата „Кармен“ на 15 јули ќе гостува на Вевченското културно лето и на 12 август на Бриони во Хрватска во рамките на Фестивалот РУТА.]]>

Операта „Кармен“ на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/operata-karmen-na-scenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Thu, 25 Nov 2021 13:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228891

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска  во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска, информираат организаторите.
]]>

Драмски театар со „Кармен“ го отвора Фестивалот на монодрама во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/dramski-teatar-so-karmen-go-otvora-festivalot-na-monodrama-vo-bitola/ Mon, 21 Jun 2021 12:35:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207755

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски ќе го отвори меѓународниот Фестивал на монодрамата во Битола утревечер, 22 јуни, на сцената на Народниот театар во Битола. Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти. Премиерата на „Кармен“ беше на 23 мај 2021 година. „Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.]]>

Премиера на монодрамата „Кармен“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Драмски театар – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-monodramata-karmen-so-biljana-dragikjevikj-projkovska-vo-dramski-teatar-skopje/ Wed, 28 Apr 2021 13:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200883

На 07-ми мај 2021 во Драмски театар - Скопје својата пемиера ќе ја доживее  монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, по мотив од романот „Пет часа со Марио“. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, а преводот е на  Ненад Велковски. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Раде Василев, а композитор на музиката Горан Трајковски.Инспициент ќе биде Гоце Бојчев. „Нам жените ни се допаѓаат мажи со поголема решителност, да го браните тоа што е ваше. Зарем не се прави тоа и за татковината. Татковината и жената се територии кои треба крвнички да се бранат...„ -  е пораката која наместо покана ви ја праќа актерката, а ваше е навреме да обезбедите можност  ја погледнете преставата. ]]>

„Кармен“ од Жорж Бизе во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/karmen-od-zorz-bize-vo-mob/ Tue, 09 Mar 2021 12:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193349

Во петок, 12-ти март, со почеток во 19 часот, Македонската опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.  Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.]]>

Операта „Кармен“ во ново руво! https://arhiva.vistina.com.mk/operata-karmen-vo-novo-ruvo/ Fri, 12 Jan 2018 12:31:48 +0000 http://vistina.mk/?p=9623

Операта „Кармен“ во Италија се прикажува во нова верзија во која на крајот истоимената главна јуначка останува жива благодарение на храбрата измена на расплетот на прочуеното остварување на композиторот Жорж Бизе, со порака дека е време да му се стави точка на насилството над жените. Во класичната опера, која првпат е изведена во Париз во 1875 година, Дон Хозе во наплив на љубомора ја убива Кармен, додека новата верзија што се прикажува во Фиренца завршува со обратна сцена – во која Кармен испукува смртоносни истрели во Дон Хозе. „Ова е начин на сите да им покажеме, и на мажите и на жените, дека доста ни е од насилство. Во овој случај се работи за јасна порака против насилството над жените, ’чума‘ која секогаш нè допира сите нас, а во овој момент тоа е очевидно за сите“, изјави за американската агенција сопранот Вероника Симеони спроти настапот одржан пред неколку дена. Реакциите на измените на сценариото на операта од страна на гледачите и корисниците на социјалните мрежи се поделени, но во секој случај, влезниците се распродадени до последното место. Се планира операта во новата верзија да остане на репертоарот во наредните две или три години.
извор:факултети.мк