карло јурчевиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 May 2019 10:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png карло јурчевиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тажна вест: Хрватскиот пејач почина од цироза (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tazna-vest-hrvatskiot-pejach-pochina-od-ciroza-foto/ Sat, 11 May 2019 10:22:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87293

Хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ почина во болницата во Сплит во петокот, а како причина за смртта се наведува дека е цироза на црниот дроб.
Во деведесеттите години, се прослави со песната „Дај ми вино“, која ја сними со групата „Дар - Мар“. Песната беше голем хит во целиот регион. По распадот на бендот, овој пејач од Сплит ја започна својата соло кариера, но наскоро ја напушти сцената поради смртта на мајка му и здравствените  проблеми на сестра му.
Освен што се занимавал со пеење, тој бил и сопственик на едно мало кафуле во Сплит. Веста за неговата смрт ја потврди и неговата најдобра пријателка, тамошната пејачка и водителка Џана Апостолски:
„Јас сум во шок цел ден. Тој беше добар човек и голем талент, но се' му тргна наопаку и не успеа во она што најмногу го сакаше. Постојано беше сам, а неговата сестра почина пред две години. Се повлече, се затвори самиот во себе и му се препушти на алкохолот. Жалам што ретко му  се јавував. Тој секогаш ќе се јавеше и ќе прашаше како сум, како се сите, а денес сите сме толку зафатени и брзо живееме... И сега повеќе никогаш нема да можам да го слушнам“ - изјавила таа низ солзи.
Карло пред четири години бил во врска со Фани Чапалија, поранешната хрватска мисица, но таа врска не успеала и не траела долго. Пред тоа, тие биле пријатели, а во добри односи останале и по раскинувањето. Според информациите на локалните медиуми, Фани и нејзината сестра, која исто така била пријателка на Карло, се неутешни поради неговата смрт. https://www.youtube.com/watch?v=Pn4NNSQMZ3c]]>