карди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Aug 2022 12:43:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png карди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДЈ Боно и Кристина Димитри заедно во нивната деби песна и видео – „Карди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dj-bono-i-kristina-dimitri-zaedno-vo-nivnata-debi-pesna-i-video-kardi-video/ Mon, 29 Aug 2022 12:43:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264490

Македонската мисица и модел, однеодамна и пејачка Кристина Димитри(евска) заедно со својот постојан музички придружник ( или таа негов) ДЈ Боно, ја промовираа првата заедничка песна и видеото за неа, насловена „Карди“. Инспирацијата доаѓа од светски познатата музичка ѕвезда, контроверзната Карди Би. „Имам луд ген и пет карактери, ама сепак не сум како Карди Би.  Со Боно го анализиравме и мојот карактер и мојот живот и така се роди инспирацијата за песната“ - отворено призна Кристина. Боно ја скоцкал музиката, а заедно со Кристина ги склопиле и стиховите, а миксот, мастерингот и аранжманот вообичаено ги направил Иван Јованов - Ивајо. Режијата на видеото ја потпишуваат Били Ди и Никола Наумовски, кои во последно време стојата зад речиси секое ново видео на артистите под капата на „Урбан рекордс“. Темелено на истиот проверен рецепт, брз и раскалашен живот, незаконски дејанија, црни пари, инстант гламур, скапи коли, евтина голотија...  во спотот Кристина одново го истакнува сиот свој телесен раскош и еротски потенцијал. До душа со умерена доза на голотија, која е доволно примамлива да ги привлече љубителите на ваквата музика и уште повеќе оние кои истата многу повеќе ја слушаат „со очи“. Кристина вели дека песната станала инстант хит и дека публиката веднаш ја препознала и научила да ја пее, на што е особено горда, па затоа и подготвуваат нова песна со ДЈ Боно. Колку е успешна во музиката и дали стартот ќе ла лансира упште повисоко, ќе покаже времето... Во меѓувреме проследете ја „Карди“ на ДЈ Боно и Кристина и уживајте во нивнта заедничка музичка творевина:  ]]>