караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Oct 2023 10:51:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Македонијо во срце те носиме“ во недела патува во Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-vo-srtse-te-nosime-vo-nedela-patuva-vo-kavadartsi/ Fri, 06 Oct 2023 10:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321438

Во недела (8 октомври) убавата македонска песна ќе се слуша во Тиквешијата, а така е затоа што во самата завршница на овој дел од турнејата караванот „Македонијо во срце те носиме“ гостува во Кавадарци. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад. На репертоарот и во градот сместен во срцето на Тиквешијата ќе се најдат сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“… Публиката на сцената ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а аранжманот на сите 12 песни е со потписот на Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство. По Кавадарци следува големото финале и последниот скопски концерт предвиден за овој дел од турнејата, која опфаќа осум града. Караванот досега ги посети Битола, Велес, Прилеп, Штип, Тетово и Кочани. Дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ патува во Велес https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-patuva-vo-veles/ Mon, 18 Sep 2023 05:59:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318315

„Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… оваа недела ќе се пеат во Велес, зашто караванот „Македонијо во срце те носиме“ по одличните концерти во Штип и Битола својата мисија ја продолжува во градот на Гемиџиите, родното место на Кочо Рацин, на големиот Прличко, на народниот херој Миле Поп Јорданов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Жинзифов… Концертот е закажан во четврток, на 21 септември, со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во Амфитеатарот во велешкиот Младински парк. Публиката ќе има можност на едно место да ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство. Затоа не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

„Послушајте патриоти“ – овој пат словото го кажуваат ДНК и Наум Петрески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslushajte-patrioti-ovoj-pat-slovoto-go-kazhuvaat-dnk-i-naum-petreski-audio/ Thu, 31 Aug 2023 10:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316127

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Распоред на концертите: Штип – 6 септември Битола – 13 септември Велес – 20 септември Прилеп – 27 септември Кочани – 1 октомври Тетово – 4 октомври Кавадарци – 8 октомври Скопје – 11 октомври Почетокот на концертите е во 20 часот! Уживајте во „Послушајте патриоти“ и изведбата на ДНК и Наум: ]]>

LIVSANE караванот носи живот полн енергија низ цела Македонија: LIVSANE караванот во посета на Штип   https://arhiva.vistina.com.mk/livsane-karavanot-nosi-zivot-poln-energija-niz-cela-makedonija-livsane-karavanot-vo-poseta-na-shtip/ Mon, 23 Dec 2019 12:33:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125427

Здравите навики и начин на живеење се најважните работи во нашите животи. За да биде инспирација на тоа и да ги поттикне луѓето кон подобро здравје, LIVSANE со својот караван го посети Штип. LIVSANE оваа цел ја започна во Скопје на Водно. Таму ги топлеше сите љубители на природата кои ја искачуваа планината. Изминатиот викенд, тимот на LIVSANE беше во Штип, град познат по својата топлина и гостопримливост. Совршен за пораката која сакаше да ја пренесе самиот бренд со своите производи. Самиот караван го стопли и исполни празничниот дух во градот со чаевите од ѓумбир и брусница и најновиот чај „Зимска бајка“. Истите може да се најдат ексклузивно и само во BETTY аптеките. Чајот „Зимска бајка“ е во ограничени количини, па погрижете се да го пробате на време за новогодишните празници. BETTY аптеките ги има низ целата држава, а штипјани може да ги најдат во својот град на следните локации – Аптека Биолек, Аптека Дијана, Аптека Здравје 1, Аптека Здравје 2, Аптека Медифарм и Аптека Радолек. За локациите низ целата држава може да се посети и официјалната страна https://betty.mk/. Самите аптеки и LIVSANE совршено се вклопуваат поради нивната иста цел, повеќе здравје за сите. LIVSANE има и повеќе различни понуди покрај чаевите, и тоа производи за поддршка на имуниот систем, за поддршка на мускулна функција, нормален енергетски метаболизам, за намалување на замор и исцрпеност, производи за здрави коса и нокти и уште голем број други, кои може да ги најдете ексклузивно и само во BETTY аптеките.  ]]>