караоке шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 13:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png караоке шоу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Kолешките забележаа дека „ова утро не е нејзин ден“, а папарацо камерата од вечерта, покажа и зошто: Милена Антовска да ти била како “Шила“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koleshkite-zabelezhaa-deka-ova-utro-ne-e-nejzin-den-a-paparatso-kamerata-od-vecherta-pokazha-i-zoshto-milena-antovska-da-ti-bila-kako-shila-video/ Fri, 10 Nov 2023 11:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326336

Милена Антовска, несомнено една од првите водителски перјаници на утринската програма на Канал 5, а по потреба и достојна замена за „најдолговечната“ лото девојка - Марјана Станојковска. Нема утро кога е на програма, Милена да не блеска и со својот атрактивен изглед, неодолив шарм, убавина, елоквентните муабети... Арно ама, како и секој од нас и долгоногата убавица има утра коага „не и е денот“... Кој пак по утрото се познава, ама затоа утрото велат е олицетворение на претходната вечер! Ако дојдеш на работа свежа, ведра, расположена и насмеана, ноќта била спокојна и мирна за спиење, исполнета со розови сништа или била бурна, исполнета со слатки задоволства! Трето - нема! Арно ама као се појавиш мамурна,  подзамижана, намќореста, молчелива... а колешките забележат дека „денес мааааалкуууу не ти е денот“, мора ноќта да е причината што утрото не е како и секое друго! Особено ако уште мораш и да работиш јавна работа која сите ја гледаат, препораката е некој да се обиде утрото да ти го разубави, за да тргне денот. Предлогот на грижливите колешки е следбениците на социјалните мрежи на водителката да и кажат некој убав збор... во инбокс! И сето тоа убаво, арно ма она што сите ги заскокотка и колешките и ТВ гледачите, аи Инстаграм следбениците, што тоа вечерта и се случило, како ли ја минала Милена? За да им ја разбие грижата и да ја скрати комплетната недоумица, долгоногата ТВ убавица, се погрижила самата... До душа малку таа, малку папарацо камерите од мобилните на колегите од фелата, кои сите заедно претходната вечер беа собрани на „тајната вечера“, на промоција на еден нов естраден проект, која заврши со интерна новинарско - водителска журка. А, журка без песна не бидува, ама кога баш и нема пејачи, за микрофонот се фатија и самите новинар(к)и и водител(к)и, па забавата се претвори во вистинско ПРЕСС караоке шоу! Милена, разбирливо не остана покуса, а и да сакаше не можеше да ја избегне обврската и самата да запее. „Шила“ беше она што и се падна да го изведе, па и таа, како до душа и повеќето други, покажа дека ако случајно остане без професија, естрадната сцена едвај чека да се појави ваква „нова чудесија“! Како тоа изгледаше и звучеше, кога песната на водителката од под „Лозница“-та ечеше, проследете во продолжение: Фото: Инстаграм/nikolova.cc/milena_antovska Видео: Приватна архива]]>

Дека Велибор Џаровски е најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс ЈУ-историјата сите знаеме, ама знаете ли како пее Џаро? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/deka-velibor-dzarovski-e-najpoznatiot-estraden-menadzer-na-site-vreminja-vo-eks-ju-istorijata-site-znaeme-ama-znaete-li-kako-pee-dzaro-video/ Tue, 21 Apr 2020 07:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145678

Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес... Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ... и уште стотици други. Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства. Законот го знае и од оваа и од онаа страна... на решетките. Бил со него во судир, ама и негов најдобар пријател, преку локалните и државните началници и командири на полицијата. Контроверзите околу „кралот на местенките“, големиот Велибор Џаровски - Џаро тешко кој може да ги изброи. И да не беше болеста, веројатно денес наместо да ги „празни“ обложувалниците, се' уште ќе ги полнеше и празнеше казината, а и тоа како полнеше салите и стадионите... И тоа повеќе отколку што нивните капацитети собираат. Гостин во многу ТВ емисии, дел од сеќавањата, биографиите и мемоарите на многу познати и славни личности, човек со цели поглавја во пишаните и печатените анали на некогашна ЈУ естрада, човек со многу лица, а само едно име и прекар: „Ученик на ѓаволот“, како што во својата антологиска книга за историјата на екс ЈУ естрадата  „Подобро минато“  ќе го нарече новинарот и публицист, Петар Луковиќ. Џаро денес пензионер, кому во оваа корона пандемија најмногу му недостасуваат ливчињата и обложувалниците, но не и смисолот за хумор, ама и за нешто друго, што очигледно малкумина го знаат. Имено, покрај талентот „од ништо да направи многу и од многу да остане на ништо“, великиот Џаро кој работел со бардовите на регионалната естрада, во себе носи и талент, со кој  до некои од денешниве „естрадни уметници“ слободно може да застане рамо до рамо, а како стојат работите, дури и да ги засени. Зашто, сите знаеме дека Велибор Џаровски е најпознатиот менаџер на сите времиња во екс ЈУ естрадната историја, ама знаете ли како пее Џаро? Карантинот не само што е добра можност за одмор во кругот на семејството, туку и згодна прилика да се покаже скриениот потенцијал, во случајов на Џаровски, вокалниот. Масичка во дворот, радио - ЦД плеерот на неа и бесплатна забава за домашните и првиите комши, ексклузивно и во живо од самиот Џаро. на репертоарот уште една легенда - покојниот Оливер Драгојевиќ и неговата антологиска „Опрости ми папе“ и... караоке шоуто на Џаро може да започне. Ретка можност и за јавноста да слушне дека великиот Џаро можел да направи и самиот солидна пејачка кариера, патем, без да има трошоци... Или поточно, во она време да ја дели добивката 100 % со менаџерот т.е. со самиот себе! Вака,  „Опрости ми папе“... и („Благоја“, како што на шега го вика неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска) само за лепо домашно и комшиско друштво, ама и ексклузивно за сите вас... Дами и господа, Џаро караоке шоу!
]]>