карање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Nov 2018 10:43:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png карање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Судницата се тресела од сексот, а жешката акција траела со часови (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sudnicata-se-tresela-od-seksot-a-zeshkata-akcija-traela-so-chasovi-video/ Sat, 10 Nov 2018 10:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57302

Во „Задруга2“ ништо ново -  кавги и нови смирувања.  А  најдобро се смируваат духовите, ако ги разбрануваш страстите. Очигледно, Лазар Јеремиќ и Наташа - Москва тоа најдобро го знаат па го применија во пракса. Беа целосно страсни и предадени еден на друг уживаа со часови на споените клупи далеку од очите на останатите... Но не и од објективите на камерите, на кои  подзаборавија понесени од виорот на страста.
Помирувањето меѓу нив падна, а со тоа и си надоместија сè што пропуштиле во деновите кога беа скарани. „Карање“ падна и при помирувањето... и тоа по српски! „Ми недостасуваше“ - и рече Лазар на Наташа, а потоа се фати за работа, па обајцата почнаа да разменуваат нежности во судницата.
Ги споија клупите и од нив направија кревет, па се чинеше дека двојката е „ненасититна“.  Се слушаа воздишки и шепоти, а нивната жешка акција во шоуто траеше со часови. Погледнете го ова во видеото. https://www.youtube.com/watch?v=ylvu06uX7Ps]]>

8 начини да го сопрете карањето на децата https://arhiva.vistina.com.mk/8-nachini-da-go-soprete-karanjeto-na-decata/ Wed, 23 May 2018 12:17:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28516

Малите деца многу често се караат. Тоа е дел од процесот на растење и учење на децата. Дури и најмалите несогласувања можат да преминат во жестока караница, која може да прерасне и во физичка пресметка. Ако и вие го имате овој проблем дома, сигурно се прашувате што е тоа што ги поттикнува вашите деца да ги решаваат проблемите на ваков начин. Односите помеѓу децата од едно семејство се мешавина од љубов и љубомора. Братчињата и сестричките се многу блиски, но сепак кај нив секогаш е присутно чувството на ривалство и натпреварување за придобивање на љубовта и вниманието на родителите.
За среќа љубомората не трае цел живот. Најчесто таа активно се појавува кај децата до 5 годишна возраст, особено ако разликата во годините е од 18 месеци до 5 години. Тоа што отстрана ви изгледа како омраза кога децата се караат, многу брзо исчезнува и во следниот момент тие повторно ќе си играат заедно и ќе се смеат како ништо да не се случило. Иако љубомората најчесто е во основата на караниците, тие кавги имаат и друга функција – им овозможуваат на децата да се изразат, да ја покажат својата индивидуалност и да се истакнат од другите. Кога плачат или викаат, тие всушност ја покажуваат својата лутина и им покажуваат на околните дека постојат. Преку караниците децата учат дека ако навредат или повредат некој, потоа ќе се чувствуваат виновни и тоа ќе им причинува емоционална болка.
Караниците помеѓу вашите деца се сосема нормална работа, но многу често стануваат неподносливи за вас. Еве неколку совети како да ги намалите кавгите.
  1. Третирајте ги вашите деца подеднакво кога се караат. Ако еднаш се обидете да дознаете кој е предизвикувач на кавгата, едното од нив секогаш ќе знае дека може да се извлече како жртва. Не заземајте ничија страна.
  2. Игнорирајте ги караниците до одредена степен. Многу често децата започнуваат со кавга за да им обрнете повеќе внимание. Ако нивната караница не е насилна, игнорирајте ја за кратко и тие ќе ја прекинат.
  3. Пофалете ги кога прават нешто заедно. Секогаш кога сложно прават нешто заедно, кажувајте им дека на таков начин треба да комуницираат секогаш. Посветете им повеќе внимание кога се однесуваат како што треба.
  4. Внимавајте на своето однесување. Доколку треба да си го повишите тонот со вашиот партнер, подобро е тоа да не го правите пред своите деца. Тие учат сè од вас.
  5. Разговарајте со нив за кавгите кога се мирни. Викањето веднаш после кавга најчесто не помага. Потребно е да разговарате со вашите деца откако ќе се смират. Прашајте ги да посочат други начини за решавање на нивните мали конфликти освен тепањето и бучните расправии.
  6. Не ги казнувајте. Ако ги казнувате вашите деца за мали кавги, тие ќе бидат поналутени. Казните даваат резултати само во краткорочен период. Навистина понекогаш казната не може да се избегне, но обидете се да не бидете премногу строги и казната да не се однесува само на едното дете.
  7. Избегнувајте игри кои се премногу натпреварувачки. Ако вашите деца се караат многу често, избегнувајте да им давате да играат игри кои се со натпреварувачки дух. Така ќе ги ограничите караниците.
  8. Внесете повеќе љубезност во вашето секојдневие. Секогаш кога ќе побарате од вашето дете да ви подаде нешто, започнете ја реченицата со „те молам“, а секогаш кога ќе ви даде нешто или направи нешто за вас кажете „благодарам“. Така ќе ги поттикнувате вашите деца да бидат пољубезни.
За да дознаете какво е мислењето на вашите деца за вас, можете да поиграте игра на промена на улогите. За одредено време кажете му на вашето дете дека тоа е мајката во семејството, а вие детето. Така освен тоа што вие ќе видите како изгледате во неговата глава, во истото време тоа ќе дознае дека да бидеш мајка и не е толку лесна работа.]]>