караници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 12:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png караници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејните кавги за време на празниците се’ почести, еве како да ги избегнете https://arhiva.vistina.com.mk/semejnite-kavgi-za-vreme-na-praznitsite-se-pochesti-eve-kako-da-gi-izbegnete/ Thu, 28 Dec 2023 13:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332869

Новогодишните празници се сметаат за најубав период во годината, но често во овие денови има семејни кавги. Ако сте загрижени за семејните односи оваа празнична сезона, има неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се справите со нив. Иако новогодишните празници за многу луѓе се сметаат за состојба на мир и задоволство, тие можат да претставуваат само дополнителен стрес. Семејните собири за време на празниците можат да бидат тешки за поединци и честопати доведуваат до полоши односи во семејството. За почеток, важно е да ја препознаете динамиката на вашето семејство. Без разлика дали тоа е критика од родителите или конфликти со браќата и сестрите, важно е да бидете свесни за вашата околина. Ова може да ви помогне подобро да се подготвите, за да не реагирате бурно. Кога ќе почувствувате дека некој сака да ве изнервира, прифатете дека е непотребно и учтиво одговорете и на личноста без саркастични коментари. Полесно е да го прифатите фактот дека не може сè да оди според планираното. На овој начин ќе сфатите дека не е важно да се занимавате со неважни ситници како декорација и храна. Емоционалните граници исто така играат важна улога во односите со членовите на семејството. Најдобар начин учтиво да одговорите на потенцијалниот аргумент е однапред да ги подготвите можните одговори. Финансиските грижи можат да бидат и голем извор на стресни ситуации, па затоа се советува однапред да имате буџет за семејните собири. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

„Секој ден плачев по мама, со тато беше поинаку“ – Кристина Ковач одговараше на најтешките прашања, а потоа се осврна и на караниците со нејзината сестра  (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-den-plachev-po-mama-so-tato-beshe-poinaku-kristina-kovach-odgovarashe-na-najteshkite-prashanja-a-potoa-se-osvrna-i-na-karanicite-so-nejzinata-sestra-foto/ Tue, 27 Dec 2022 08:25:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281693

Пејачката и уметница Кристина Ковач одговараше на прашањата на нејзините следбеници преку платформата Инстаграм. Едно од најтешките прашања било како ја преживеала загубата на родителите. - Многу тешко. Плачев по мама секој ден, се додека душата ми го бараше тоа. Со тато е поинаку, но исто толку тажно. Солзите некако замрзнаа во страшните и стресни околности во кои го испративме, многу ми беше тешко сите заедно и тагата некако само ми се заглави во душата. Но, кога ја пуштам музиката на татко ми, тагата се топи и истекува како река. Ги сакам моите родители бескрајно, без идеализирање, ги сакам такви какви што биле, со доблести и маани – напиша Кристина. Поради тоа што со години не зборува со својата сестра Александра Ковач, следбениците ја прашаа Кристина како реагира на нејзините изјави во медиумите. - За жал, луѓето често ми го кажуваат тоа. Никогаш не престанува да ме боли тоа што ќе го прочитам и не пропушта да ме потсети зошто ја донесов одлуката што ја донесов пред осум години. Кристина напишала и за преселбата во Шведска и дека во тоа време немала многу пари. - Единствено што имав беше ЕУ пасош и околу две, три илјади евра. Учев унгарски две години за мојот пасош, за да можам да го работам ова. Ги оставила Тара, Мицика и Д. во Србија, изнајмила соба овде и почнала да бара работа.  Пронајдов по три ипол месеци - додала Кристина. Фото:Принтскрин/Дамир Дервишаѓиќ]]>

Двојка која може се’: Пријовиќ и Филип ставиле крај на големите расправии https://arhiva.vistina.com.mk/dvojka-koja-moze-se-prijovikj-i-filip-stavile-kraj-na-golemite-raspravii/ Fri, 29 Jul 2022 06:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260844

Сите даваа претпоставки колку долго ќе трае бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, и колку сопружниците ќе издржат без кавги и расправии, бидејќи пејачката многу работи и патува низ светот, а е далеку од дома. Сите оние кои веруваа дека врската помеѓу пејачката и синот на тенисерот Боба Живојиновиќ ќе трае кратко, згрешиле, бидејќи очигледно сопружниците кои го имаат синот Александар живеат своја бајка, а бракот дополнително го зацврстиле што почнуваат да соработуваат. Зад новите песни на Александра стоеше продукциската куќа во сопственост на Филип, за која, според порталите, издвоила луксузен стан во главниот град. Пејачката дала повеќе од 150.000 евра за продукција, промоција и маркетинг, а неодамна изјави дека работата на новиот проект многу ја исцрпувала, па дури и довела до расправии со сопругот, што вообичаено не е случај.
- Беше многу заморно поради желбата се’ да испадне најдобро. Тој повеќе ми замерува отколку јас него. Она што тој мисли ми е важно бидејќи најмногу му верувам. Генерално не се караме, но ако се случи тоа е поради песните и спотови - истакна пејачката и потврди дека расправиите со сопругот најчесто ги решава мирно и дека на почетокот на врската и двајцата ставиле точка до големи борби. И покрај лошите добронамерници, се чини дека бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе доживее долг работен век, а сопружниците под ист покрив ќе доживеат длабока старост. фото:Инстаграм]]>

Ова се најголемите кавги на српската естрада: Некои завршија на суд, а други се уште траат… https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najgolemite-kavgi-na-srpskata-estrada-nekoi-zavrshija-na-sud-a-drugi-se-ushte-traat/ Mon, 04 Jul 2022 11:29:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256925

Естрадата во Србија е полна со конфликти меѓу колегите, има чести кавги, несогласувања, некогаш поради работа, конкуренција, некогаш поради лични несогласувања. А ова се најголемите, но и најдолгите конфликти на српската естрада: 1. Мина Костиќ и Индира Арадиновиќ Инди Физичката пресметка меѓу двете фолк девојки со години е еден од најгледаните видео клипови. Овие две пејачки во различни периоди биле со бизнисменот Тиосав Сретеновиќ Тика, а се претпоставувало дека тој е јаболката на расправијата. 2. Славица Ќуктераш и Тања Савиќ А вториот жесток конфликт на листата е предизвикан од љубомора и ранета женска суета. Големото пријателство на учесниците на првата „Ѕвезда Гранда“ пукна затоа што, како што објавија медиумите, Ќуктераш тогаш фрлила око на момчето на Тања Савиќ. Меѓутоа, тие две пред неколку години успеале да ги испеглаат разликите бидејќи, како што тврдат, станале позрели луѓе кога станале мајки. 3. Зорица Брунцлик и Милош Бојаниќ Уште еден во низата реалити конфликти кои завршија на суд, а Бојаниќ ја тужеше Зорица Брунцлик затоа што го нарече „педофил, лажго и скапана простата“ и го плукна во лице. Зорица на судењето се расплака, а Милош одби да зборува за се’, наведувајќи дека инцидентот е далеку зад нив. 5. Весна Змијанац и Зорица Брунцлик Зорица уште еднаш се најде на листtaа, но овој пат не поради најбурната тепачка во шоуто, туку поради најдолгата. Таа и Весна не зборуваа 29 години затоа што Брунцлик го „киднапираше“ Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш од Весна Змијанац, а по децениски навреди, двете пејачки јавно пружија рака на помирување на концертот на Зорица во 2014 година во Арена, кога заедно се појавија на сцената. Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ 6.Долги и жестоки кавги има уште, тука е секако Јелена Карлеуша со Цеца Ражнатовиќ кој исто така долго време се влечкаа на суд по што Цеца извојува победа. Меѓу една од понвите е најава за тужба од Милица Павловиќ кон Ана Николиќ за песната „Проверено“. фото:Принтскрин / Ало.рс/Јутјуб,Инстаграм]]>

За среќен брак потребни се две поголеми караници месечно https://arhiva.vistina.com.mk/za-srekjen-brak-potrebni-se-dve-pogolemi-karanici-mesechno/ Wed, 16 Feb 2022 14:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239369

Најново истражување, спроведено во Велика Британија, покажа кои се тајните на совршениот брак. Иако многумина мислат дека најсреќните парови никогаш не се караат, токму расправиите придонесуваат за стабилен однос. Во истражувањето учествувале над 2.000 среќни брачни парови, а според резултатите, рецептот за совршен брак се крие во секојдневните разговори, времето минато заедно и најмалку две големи расправии секој месец. Сепак, напомнуваат дека не треба да си легнете скарани. Многу парови за студијата на The Warner Leisure Hotels признале дека за хармонија во бракот придонесуваат и меѓусебното жалење за работата и споделување други проблеми, искажување почитување, како и заедничко „глупирање“. Посреќни се паровите во кои партнерите во брак продолжуваат да се занимаваат со хобито кое им било омилена активност уште пред да стапат во брак, но и оние кои им дозволуваат на партнерот да се „прикажат“ во најлошо издание. За стабилен однос придонесуваат и заедничките патувања на одмор, без разлика дали се долги или кратки. „Воопшто не е чудно што за многумина заедничките одмори се една од состојките за среќен брак. Многу парови тврдат дека секогаш е чувствуваат повеќе поврзано откако ќе минат заеднички викенд без секојдневни обврски“, вели Сајмон Томсон, автор на студијата. Скоро 70% од испитаниците тврдат дека заеднички минатото време може да ги потсети зошто се сакаат, а исто толкава важност придаваат и на тоа дека партнерот е романтичен. За да биде односот возбудлив, потребна е и доза хумор, разбирање и приврзаност. Важно е на партнерот да му ги простите лошите навики и никогаш да не го игнорирате кога му е досадно или е нерасположен, покажа студијата. извор: Кајгана]]>

Светски психолог тврди дека правилото од 5 минути може да ви ја спаси врската https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-psiholog-tvrdi-deka-praviloto-od-5-minuti-moze-da-vi-ja-spasi-vrskata/ Mon, 13 Apr 2020 13:40:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144732

Ако веќе неколку недели сте во изолација со партнерот, можно е помеѓу вас да се појави доза на нетрпеливост и на површина да испливаат и најмали проблеми кои никогаш досега не биле ни споменати. Поради тоа, сексологот Грејс Хазел споделила неколку совети за оние парови кои се препознаваат во ова и кои сега поминуваат низ тежок период. Грејс објаснува дека комуникацијата треба да се состои од искрено изразување на мислите и чувствата, но и дека треба да ги сослушаме потребите на партнерот, дури и ако тоа што нѝ го зборува звучи како напад или критика. Кога чувствуваат дека влегуваат во кавга или препирка, Хазел вели дека паровите треба да ја испробаат следната 5-минутна вежба за комуникација: “Ако навистина сакате да решите нешто, поставете тајмер за и двајцата да имате 5 минути за да го изразите она што ве мачи”, објаснува сексологот и додава дека за тоа време не треба да го прекинувате партнерот додека зборува дури ни со “превртување на очите и правење гримаси”. Кога партнерот ќе заврши, тој станува слушател и тоа можете да го практикувате сè додека не се чувствувате дека меѓусебно сте се чуле и разбрале. “Правилото од 5 минути е најважната работа која сум ја научила и започнала да ја применувам во врската”, вели Грејс. Експертот за односи Шенон Смит напоменува дека, кога сте и двајцата по цели денови дома, некогаш е тешко да се постави граница помеѓу работата и времето за вас двајца. Затоа, Шенон советува да правите паузи во кои и двајцата ќе правите нешто за кое не е потребна технологија (дури и ако подоцна гледате филм или зборувате со некој преку видео повик). Освен тоа, Смит советува да се обидете да го подобрите “природниот” разговор: ако на пример, припремате вечера, искористете го тоа време како прилика за разговор за тоа кои се вашите омилени јадења или кои се најдобрите ресторани во кои сте биле. Или и двајцата прочитајте ја истата книга и разговарајте за неа. “Искористете го овој период да испробате некои нови работи. Ова сега може да биде шанса за да сфатите како се чувствува вашиот партнер. Меѓутоа треба да знаете дека понекогаш и тишината е во ред и дека можете и без зборови да уживате во друштво на партнерот”, потсетува Шенон. извор:точка.ком.мк]]>

Истражување: Љубовните караници предизвикуваат физичка болка https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-ljubovnite-karanici-predizvikuvaat-fizichka-bolka/ Sat, 15 Sep 2018 09:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48167

Расправиите со партнерот можат да доведат до силни физички болки, покажа ново истражување на Северозападниот универзитет на Илиноис. Научните испитувања траеле две децении, при што на секои пет години се повикувале брачни двојки пред камера. Додека испитаниците се расправале со својата друга половина, стручните лица го проучувале нивниот израз на лицата, тонот и говорот на телото. Потоа ги испрашувале и за нивната здравствена состојба.
Резултатите покажале дека 80 отсто мажи при расправиите развиле симптоми на срцеви заболувања – болка во градите, забрзано чукање на срцето, кратко вдишување. Тоа значи дека кавгата го зголемува крвниот притисок, што со годините остава последици на здравјето и го зголемува ризикот од срцев удар. Мажите кои при расправиите избегнуваат контакт со очите, пак, чувствуваат напнатост во мускулите и болки во грбот. Речиси половина испитаници се пожалиле на тоа, наспроти оние кои се емоционално поотворени.]]>