каранфилче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Feb 2024 12:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png каранфилче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ослободете се од забоболка за пет минути: Овој домашен лек ќе ви помогне https://arhiva.vistina.com.mk/oslobodete-se-od-zabobolka-za-pet-minuti-ovoj-domashen-lek-ke-vi-pomogne/ Thu, 15 Feb 2024 13:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325358

За оваа непријатна болка постои одличен домашен лек кој делува како антисептик и анестетик. Забоболката има незгодна навика да не погоди ненадејно и најсилно во неочекувано време, обично на сред ноќ или кога сме оддалечени на километри од најблискиот заболекар. Но, за оваа непријатна болка постои одличен домашен лек, кој делува како антисептик и анестетик. Спасот за непријатната болка во забите е каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства. Имено, каранфилчето содржи еугенол, моќен анестетик и антисептик кој ја запира болката, а истовремено ја чисти вашата уста и може да се користи за отстранување на лошиот здив. На три начини можете да се ослободите од забоболката со помош на карнфилче: Каранфилче во прав – Прво измијте ја устата со топла солена вода. Земете еден прстофат каранфилче и ставете го на непцето од забот кој ве боли. Почекајте малку и домашниот лек за кратко ќе ја покаже својата моќ. Цело каранфилче – Измијте ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во уста, во близина на подрачјето кое ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, лесно (колку што ви дозволува забоболката) џвакајте ги додека не ги ослободат своите лековити масла. Масло од каранфилче – Ова е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против забоболката. Потребно ви е: Масло од каранфилче, стапче за уши и половина лажица маслиново масло. Начин на употреба: Устата убаво измијте ја топла солена вода. На тој начин ќе го подготвите непцето полесно да го впие маслото. Помешајте неколку капки од маслото од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Со стапчето нанесете го лекот на местото каде што ве боли со лесно притиснување неколку пати. Имајте на ум дека ова е само брз и краткотраен начин да се ослободите од болката. Не ја одложувајте посетата на стоматолог, консумирајте помалку солена и слатка храна и редовно чистете ги забите. извор:попара.мк]]>

Мало, а многу моќно: Каранфилчето помага за одлична циркулација и здрави непца https://arhiva.vistina.com.mk/malo-a-mnogu-mokjno-karanfilcheto-pomaga-za-odlichna-cirkulacija-i-zdravi-nepca/ Fri, 25 Mar 2022 13:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244421

Ароматичното каранфилче спаѓа во групата на слатки зачини, па затоа повеќе се додава во слатки јадења, десерти и колачи. Но, не треба да се заборави дека со каранфилче и свинското печење, печениот дивеч, некои колбаси, салами, како и супи имаат посебен вкус. Земјата од каде потекнува ова зачинско и лековито растение е Индонезија, а воедно тоа е земјата каде најмногу се произведува и се јаде како зачин и составен дел од секојдневното мени. Неговите карактеристично изразени арома и вкус го прават многу поволна состојка за разни јадења како што спомнавме уште на самиот почеток, а посебно добро се вклопува во колачи и разни десерти и слатки пијалаци како што е греено вино кое е многу популарно на нашите простори. Каранфилчето може да се купи во вид на цели исушени пупки кои се богати со етерично масло, а мирисот е интензивен, остар и пријатен, што означува добар квалитет. Квалитетното каранфилче содржи до 20 % етерично масло, а негова главна компонента е еугенолот, кој претставува 80-90% од маслото. Каранфилчето содржи и флавоноиди, танини, фенолкарбоксилни киселини и други корисни материи. Лековити и корисни својства на каранфилчето за здравјето За каранфилчето е потврдено дека го подобрува апетитот и варењето на храната, делува како антисептик, помага во отстранување на вишокот на слуз во дишните органи, а го зајакнува и црниот дроб. Докажано е дека терпенските состојки во еугенолот кој е главен составен дел на етеричното масло, се најзаслужни за антибактериското делување врз поголем спектар на бактерии, а исто така помага против многу врсти на габи. Доколку го грицкате, каранфилчето е добар ароматик за отстранување на непријатниот мирис во устата, а и одличен антисептик за спречување на појавата на забен камен. Каранфилчето делува и како локален анестетик кој моментално ја подобрува состојбата при забоболка, а истовремено делува како стимулатор за подобра циркулација на крв во непцата, што ги прави силни и здрави. Според ајувердската медицина, овој зачин се смета за лековит за подобра циркулација, варење и метаболизам, а совладува стомачни проблеми како што се гасови, надуеност и мачнина во стомакот. извор:курир.мк]]>