кану – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 18 Jun 2022 07:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кану – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На која од македонските јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-koja-od-makedonskite-javni-lichnosti-najmnogu-i-prilega-poznatata-fraza-mnogu-ljubam-da-veslam-foto/ Sat, 18 Jun 2022 07:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163567

Се сеќавате, нели на познатата фраза „Многу љубам да веслам... зошто не веслаш и ти?“, од некогаш популарниот хумористичен серијал „К 15“. Нејсе, веслањето кој како го сфаќа, доживува и преживува... Некој љуби да (ги) весла (другите), некој не весла, ама останува „извеслан“ слепо верувајќи им на оние што  (го) „веслаат“. Во суштина вистинското  веслање е екстремно тежок спорт, но и предизвик кој носи задоволство. Токму ова ново задоволство, тоа блаженство на вода реши да го почувствува и дел од македонската естрада и јавните личности воопшто, па кој го остави микрофонот, кој домаќинлукот и се фатија за... весла! Рековме веслањето може да биде и опасно, особено ако веслаш во непознати или „диви води“... Струјата лесно може да те понесе, вртлогот да те преврти и лесно да потонеш... Засега пејачот од братското дуо „Некст тајм“ за среќа не потонал... Не барем додека Стефан Филиповски ги скротуваше дивите води на „Матка“ во со своето кану. Од диви, Стефан се префрли на мирни води... Барем Охридските езерски за такви важат. Ама сега предизвикот е поинаков, зашто брзо увидел дека со кану по езерото е здодевно, па сфати дека му “фали даска“... за нов предизвик.  А на неа се весла - стоеечки. Можеби е езерото рамно како тепсија, ама тлото под нозе  е како кога влегуваш во во „нова љубовна авантура“: неизвесно, се лула на секое бранче и ветерче, па треба и тоа како да умееш да балансираш. Инаку, „ојде со се пљачки в еѕеро“! За разлика од него брат му Мартин „не љуби да весла“... Гитаристот повеќе е за мирно море, акога нема море, може и мирни езерски води... И тоа со љубовта на неговиот живот! Водителката Ирена Спировска е исто така љубител на предизвиците. Трагач по возбуди од различен вид: од воздушни параглајдер прошетки, преку велосипедско-планинарски предизвици до езерски мераци. Каков што си направи додека „љубеше да весла“ во своето гумено кану по Охридското езеро. Езерска веслачка тура за летна кајак авантура. И не и е прв пат, зашто Ирена оддамна „љуби да весла“! Отприлика истото го направи уште една македонска ТВ водителка и новинарка. Александра Јовановска од МТВ, овој пат не стисна ништо за „плеј“...  Или ајде, стисна заби, па и таа влезе во „веслачка авантура“. Само што нејзе и беше прв пат. Сефте веслачко кану искуство, по Охридското езеро. Белким нема и последно, зашто Сандра сфати набрзинка дека веслањето е многу подобро од возење педалинка! Па до сега и да не љубела, отсега „ќе љуби да весла“! И конечно, уште една дама, која однеодамна стана русокоса, разголена и боса, покажа дека и таа умее со веслањето. Можеби е многу посигурна кога чекори по модната писта, ама Катарина Ивановска кога се љубовта, спортските типови, а Бога ми и водените спортови во прашање, оддамна покажа дека „не цицала весло“. Напротив, за скијање на вода уште на прво застанување на скии на езерската шир покажа дека има талент, па сега сфати деке е момент да проба како е да весла на даска. Сепак, гумата за пливање за секој случај на дофат, зашто кој знае што може да ти се случи попат... Зашто веслањето стоечки по вода и чекорењето по писта не е исто, колку Кики и да има веслачки навики. И по сето видено и прикажано, сепак едно е останува до крај недокажано: На која од македонските естрадни и јавни личности најмногу и прилега познатата фраза: „Многу љубам да веслам...?“ Или можеби одговорот лежи токму во прашањето: „..Зошто не веслаш и ти?“    ]]>