кантавторка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Sep 2022 07:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кантавторка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дина Јашари: „Јас сум единствената Македонка која двапати беше во шоуто на Зоран Кесиќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dina-jashari-jas-sum-edinstvenata-makedonka-koja-dvapati-beshe-vo-shouto-na-zoran-kesikj-video/ Fri, 30 Sep 2022 07:03:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269404

Дина Јашари (23) е млада и талентирана кантавторка која со нејзините авторски песни го освои Балканот. Ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доделува истоимената Фондација од Белград која има за цел да поддржи млади артисти од регионот кои творат на својот мајчин јазик. Јашари од вкупно 250 пријавени песни, влезе помеѓу 12 -те финалисти и успеа да победи. „Песната „Дома“ ја освои наградата. „Пресреќна сум што ме одбраа мене да ја добиам ова признаие, затоа што и целта фондација „Милан Младеновиќ“ е да се продолжи неговиот дух и творештво. Тоа е нешто што треба да постои, не сплотува на едно место артисти од различни земји од Балканот“, рече Дина Јашари во интервју за Репортер. Таа и лани влезе меѓу финалистите, но не победи. Затоа пак запознала нови пријатели, артисти, луѓе кои се дел од музичката индустрија. „Оваа година имав шаса доста да патувам, и секоја моја посета на Белград се гледав со тие луѓе, но и запознав нови. Сега Белград ми е како дома“ - рече кантавторката. Дина е првата Македонка која гостувала во најгледаното српско телевизиско шоу „24 минути со Зорак Кесиќ“. Таа досега два пати беше дел од неговата емисија. Дина е судент на Факултетот за музичка уметност, смер популарни жанрови - соло пеење досега требала да дипломира, но поради обврските кои ги имала, дипломирањето вели ќе почека за догодина. Песните ги создава секаде, додека е во движење, на велосипед, во парк, автобус, автомобил, дома. „Песната „Копнежи“ ја напишав додека возев точак, ми текнуваа работи и си ги снимав на телефон“, раскажа Дина. Розевата тетратка која ја добила на подарок од нејзина драга другарка е нејзиното музичко богатство каде своерачно ги меморира нејзините песни. „Кога ја видов си реков ова е местото каде што ќе ги напишам моите песни. Доста од песните ги имам напишано таму и тие кои што сум одлучила да ги споделам се претворија во песни. Практикувам да ми е рачно напишано се“ - вели Дина.   Која е Дина Јашари приватно, дали оди во кафана, зошто розевата боја е нејзина омилена, за нејзиниот бенд „Дина и другарите“, зошто уку леле и е омилен инструмент, што најчесто прави на социјалните мрежи и што следно подготвува...? Дознајте од интервјуто со Дина кое можете да го погледнете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Македонската кантавторка и пејачка Дина Јашари годинава е добитник на интернационалната награда „Милан Младеновиќ 2022“ за песната „Дома“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-kantavtorka-i-pejachka-dina-jashari-godinava-e-dobitnik-na-internacionalnata-nagrada-milan-mladenovikj-2022-za-pesnata-doma/ Thu, 22 Sep 2022 06:10:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268204

Младата кантавторка и пејачка Дина Јашари од Македонија ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година за најдобра песна во регионот за песната „Дома“. Одлуката за доделување на оваа награда на Дина ја донесе регионалното стручно жири, кое годинава го сочинуваат: Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Ова е и првпат наградата да ја добие уметник надвор од Србија. Претходните добитници на Наградата востановена во 2019 година беа Артан Лили со песната „D.E.P.R.A“, Драм со „Дај ми све“ и Ana & The Changes со песната „Ту“. Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со матичниот бенд „Хладно пиво“, целото жири присуствуваше на церемонијата организирана од Фондацијата „Милан Младеновиќ“ по повод доделувањето на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 година, симболично, на роденденот на Милан, во белградскиот Дорќол Плац, на 21 септември. „Ова е голема поддршка за мене и за мојата музика и ви благодарам што ги поддржувате уметниците од нашата област. Минатата година бев и во финалето со уште една песна и добив навистина прекрасни коментари“, со возбуда рече  Дина Јашари по добивањето на наградата Милан Младеновиќ 2022, чијшто лауреат е таа годинава. Фото: Zadužbina Milana Mladenovića /Jadranka Ilić]]>

Mладата независна кантавторка Димитра го објави првиот албум на македонски јазик – „Мак мрак“ https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-nezavisna-kantavtorka-dimitra-go-objavi-prviot-album-na-makedonski-jazik-mak-mrak/ Mon, 23 Nov 2020 14:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177579

Шарла продукција го претстави првиот албум на македонски јазик на младата независна кантавторка Димитра – „Мак мрак“ во LP издание. Димитра е присутна на македонската алтернативна сцена од 2018 година, кога го издаде „Живот во живо“, со кој ги освои симпатиите на домашната музичка јавност, а доби и одлични рецензии во регионалните медиуми и музички портали. Оттогаш, за Шарла рекордс излезе и „Празни муабети“, како и меѓународно успешниот албум „Come to the Danger Club“. И на овој материјал, Димитра го има зборот како свое главно оружје, храбро мерејќи ја дистанцата од конфузната македонска и глобална реалност. Заводливите мелодии и моќната ритам секција повторно се цврста подлога на која Димитра ги положува своите рефлексии на млад човек во немирно време и околности на почетокот на векот. Авторски силен материјал, но и музика полна со сензитивност и глас кој нуди надеж во подобри времиња.
Димитра е комплетен автор на сите 8 композиции во вкупно времетраење од 29 минути. Албумот на Димитра може да се преслуша и на одредено време слободно симне на линкот: https://sharla.bandcamp.com/album/mak-mrak-lp
]]>