кантавтор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 07:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кантавтор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Пешевски ви ја нуди својата „празна страница“ полна со емотивни спомени во албумот – „Blank Page“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-peshevski-vi-ja-nudi-svojata-prazna-stranitsa-polna-so-emotivni-spomeni-vo-albumot-blank-page-audio/ Fri, 21 Jul 2023 05:53:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311128

Александар Пешевски на оние кои ја следат македонската музичка сцена, особено онаа т.н. алтернативна им е веќе добро познато име. Кантавтор кој со своите необични изведби го нуди своето размислување преточено во еден поинаков уметнички израз, многу поблизок на некои музички имиња од светската сцена. За ова говорат и неговите настапи на бројни фестивали, сопствените концертни настапи, кафе или клубски свирки, разни манифестации, радио емисии како што се свирките на: „Д фестивал“, „Фрик фестивал“, „Бош фестивал“, концерт во Кула, концерт во кафе Ли, настап на „Скопско лето“, „Скопје прави музика“, „Бела ноќ“, настапите  на Македонско радио и Канал 103... Неодамна тој го издаде својот дебитантски албум со осум нумери насловен „Blank Page“  чии песни можат да се најдат на музичките платформи како „Ѕpotify“ или Јутјуб каналот. Она што оваа своевидна музичка разгледница го нуди е акустична музика преточена во лирика, отпеана на англиски јазик. Занимавајќи се со теми на сопственото осознавање и односите меѓу половите, до животот на обичниот човек на маргините на опшетството, Пешевски во манирот на големите светски изведувачи ни го доловува моментите од животот. Мелодичниот, длабок, драматичен вокал и звукот на акустиката го прави ова парче музика и слушливо за опуштено уживање, при тоа доловувајќи ни атмосфера  која ќе не натера да размислиме за многу нешта од сопственото битисување. Вокално во распон од драматиката на еден Ник Кејв, па се' до лириката на еден Леонард Коен, „Blank Page“ е музичко оставрување кое не би требале да пропуштите да го преслушате. Веруваме дека потоа повторно ќе му се навраќате, дури и по неколку пати, зашто во морето од кичерај, селанштина и комерцијала, вистинските  вредности денес се реткост. Инаку покрај Александар Пешевски, кој е вокал и свири  гитара, на ова музичко остварување изведбата и припаднала на една вистинска мала „ол-стар“ музичка екипа. Кирил Бабамов: гитара, Ратко Даутовски: перкусии, Мартин Јосифовски: бас, контрабас Симе Златков: Сакс, Паскал Краповски: виолончело, Весна Малинова: Бек вокал. Сиот материјал е снимен, миксан и мастеризиранво студиото „Sound Clinic“ од страна на Нино Спиркоски, додека фотографијата е на Златко Пармаковски. Музиката и стиховите се на самиот кантавтор, кој заедно со помош на Кирил Бабамов ги направил и аранжманите. Како инсерт од ова негово дебитантско оставрување ви ја нудиме наслованата нумера „Blank Page“ , додека комплетниот материјал можете да го најдете ако кликнете ТУКА. ]]>

Кантавторот Александар Петрески за љубовта скриена во прегратки на убавините на Охрид пее прашувајќи – „Која си ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kantavtorot-aleksandar-petreski-za-ljubovta-skriena-vo-pregratki-na-ubavinite-na-ohrid-pee-prashuvajkji-koja-si-ti-video/ Mon, 19 Sep 2022 13:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267635

По неколку снимени кавер верзии и преработки на познати песни, со своја авторска музика и текст, младиот музичар од Охрид Александар Петрески, ја промовира неговата најнова песна “Која си ти”. „Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер. Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо  (“Krecho Sound Studio”) – мастеринг. Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање. Уживајте и вие додека ја следите „Која си ти“ на кантатвторот Александар Петрески (КЛИК ТУКА):  ]]>

Магдалена Цветкоска – Ена ви го нуди „Најдоброто“… од себе! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/magdalena-cvetkoska-ena-vi-go-nudi-najdobroto-od-sebe-video/ Sat, 15 Feb 2020 09:05:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134307

Млада, убава, згодна, шармантна, со скриен сексапил, кој не сака да го експонира, зашто веројатно нема потреба за тоа... Нејзините телесни атрибути и убавина се потенцијал на кој можат да му позавидат многу познати убавици од естрадата и тоа не само од домашната, туку и од регионалната. Но, зошто би го истакнувала она што го има на себе, кога за неа многу повеќе зборува она што го носи во себе. Оној другиот, креативниот, авторскиот, лирскиот потенцијал кој преку нејзините стихови е вткаен речиси во секој македонски хит или секоја балада што ќе остане, во последниве десеттина години. Пишува стихови за сите, но најретко за себе... Можеби затоа беше и крајно време девојката која ги пишува најубавите текстови на македонската естрада да се појави со нова песна. „Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од не само најквалитетните текстописци, туку и македонски женски вокали, Магдалена Цветкоска - Ена. Помина повеќе од една година откако Ена ја издаде последната песна, но специјално за овие празнични денови, односно за денот на љубовта и виното, згодната пејачка и текстописец реши јавноста да ја почести со една прекрасна тема, овој пат како кантавтор, зашто музиката и текстот ги потпишува токму самата таа, а нејзиниот брат - хитмејкерот Лазар Цветкоски, овој пат бил задолжен само за аранжманот и продукцијата. „Ова е лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените и виното. Таа е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ќе бидат објавени во периодот што следи“ - ветува Цветковска. Ова се супер вести со оглед на тоа дека Ена и нејзиниот тим веќе имаат подготвени неколку песни, а дел од нив ќе добијат и своја видеоприказна. Она што е важно да се потенцира, дека Магдалена Цветкоска ако до сега ја знаевте само како текстописец и женски вокал, овој пат таа се реализира и како комплетен автор, зашто самата  се потпишува на сите нови песни кои допрва ќе имате можност да ги слушнете. Ова е „Најдоброто“ од  Ена, но само засега... Јаготката на шлагот од Магдалена Цветковска, допрва следува. Дотогаш уживајте во понуденото „парче од музичкиот колач“, во „Најдоброто“: ]]>

Јованче Тодоров повеќе не пие со неа – „Макијато“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanche-todorov-povekje-ne-pie-so-nea-makijato-video/ Fri, 10 May 2019 10:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87140

Велешкиот музичар Јованче Тодоров ја претстави својата прва авторска песна насловена „Макијато“, на која се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, додека  аранжманот и студиската обработка (снимање, микс и мастеринг), ги потпишува Драган Ристовски-Дац, кој стои и зад снимањето на видеото со  неговото „ДРД студио“ од Скопје. Придружните вокали ги пее Сара Николовска, а гостин на трумпет во песната е Стефан Котески.
Видеото е снимено на брод ресторанот „Панини“ лоциран на брегот на Велешкото езеро. Во него како протагонисти покрај Јованче и музичарите, како статисти и артисти се појавува и танцовата двојка Иван Јованов и Катерина Спасова од танцовиот клуб „Desiree“.
Тодоров е македонски пејач, музичар и композитор, роден во 1989 година во Велес. За првпат се запознава со инструментите клавијатура и хармоника на 4-годишна возраст.
Потоа од 8 години официјално  го започнува своето нижо музичко образование.  Активно почнува со настапи во ресторани и кафулиња од 17-годишна возраст.
„Почитувани дами и господа, животот е како молив кој секој нов ден е сè пократок, па затоа треба да се потрудиме со тој молив да создаваме убави дела, со цел да останат како трајна вредност. Токму затоа ви ја подарувам мојата прва авторска песна со наслов ’Макијато’, која се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Јованче.
Како звучи и изгледа неговото првенче во вид на музичко „Макијато“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=50&v=Qr23OEBG7Mo]]>

На Валери Димовска и недостасуваш – „Само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/valeri-dimovska-i-nedostasuvash-samo-ti-video/ Tue, 26 Feb 2019 10:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74731

Велешанката  Валери Димовска, која на пошироката јавност и стана позната по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“ продолжува да реди одлични синглови. По последниото нејзино соло остварување „Дозволи ми“и видеото за него кои се појавија кон крајот на минатата година, еве го и најновиот во низата, кое го носи насловот „Само ти“!
Талентираната пејачка се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, заедно со колегата Темелко Андреев, кој воедно се погрижил и за аранжманот, миксот и мастерингот на песната која е снимена и продуцирана во „Sidechain Production“.
За визуелниот дел овој пат се погрижил Горан Симјаноски, а зад видеото продукциски стои „Фабрика продукција“.
Пејачката периодов е актуелна и со одличната соработка со колегите од братското дуо „Сирилик“, гостувајќи во нивниот нов сингл „Доволни“ кој наиде на мошне позитивни реакции кај публиката, а се надеваме дека така ќе биде прифатена и „Само ти“.
Како изгледа и звучи најновото од Валери дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=167&v=m8lMnjQpbWg]]>