кандидира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Feb 2021 08:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кандидира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ако Боки 13 победи на претстојниот конгрес за лидер на СДСМ, дали Лила ќе биде новата Шеќеринска, Сергеј Варошлија наместо Љупчо Николовски, Јасна Мандиќ како Нина – „Групер“… а, Социјалдемократскиот сојуз ќе стане Меѓународен сојуз? https://arhiva.vistina.com.mk/ako-boki-13-pobedi-na-pretstojniot-kongres-za-lider-na-sdsm-dali-lila-kje-bide-novata-shekjerinska-sergej-varoshlija-namesto-ljupcho-nikolovski-jasna-mandikj-kako-nina-gruper-a-socijaldemokratskio/ Thu, 11 Feb 2021 08:50:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189158

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март,  обзнани вчера, среда, 10 февруари 2021 год.  Плусинфо. Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“. Инаку, актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството. Веста дека Боки 13 се подготвува за лидерство кај социјалдемократите одекна бетер од  бомбите на Заев и во политичките кругови, ама и во кулоарите. И веднаш тргнаа и шпекалациите и калкулациите... Од каде пак, сега Боки, дали е ова сериозно или е само „новинарска патка“, кој стои зад него, кому му му е во интерес тој да биде „тројанскиот коњ во СДСМ, кој ќе му ја финансира кампањата, дали е во прашање мотив за лична одмазда или и некој трет има интерес да направи „рашомонијада“ во таборот „комуњарите“... Прашања и недоумици милион, а желба само една: Да се биде „калиф наместо калифот“, прв на тронот во Бихаќка! И под претпоставка дека е ова вистина, веднаш тргнаа комбинаториките... Замислете, да претпоставиме Боки13 навистина да влезе во трката за претседател на партијата на власт... И замислете да се случи да победи... Каква екипа тогаш тоа би била, околу него? Каква само рашомонијада од рокади би настанала во СДСМ? Како и секој нов лидер и Бојан Јовановски, логично,  покрај себе би си ги собрал најблиските соработници. Дали тогаш Лила би била новата Шеќеринска во партијата, а Сергеј Варошлија би му бил десна рака на Боки, нешто како сега Љупчо Николовски на Заев? Тогаш по логика на нештата Кичеец веројатно би бил наместо Оливер Спасовски, Јасна Мандиќ нешто како Нина - „Групер“, Анета Кочишки како Коста Петров и Роберт Поповски - во едно... А, да речеме она што е сега Зоран Башановиќ како главен советник од соседството на Заев, на Боки би му бил Чедо Јовановиќ, на пример? Добро, веројатно би останале понешто и од старите кадри на СДСМ во новото раководство на Бојан. Па долг е списокот на оние што имаа „шајка релации“ со Јовановски, нели? Ременска на пример, како иден министер за правда тогаш можеби се гледа, или тогаш можеби „амнестирана“ Катица, како прва дама на Уставен суд? Чомовски или Кабрамов како двоец генерални директори на јавниот сервис - МРТ и уште дузина други поп и фолк пејачки, манекенки, ТВ водителки и водители, актуелни „обесправени“ и „неправедно“ запоставени политичари... кои би биле дел од „тимот на соништата“  на новата социјалдемократска постава на чело со Боки 13-ка. Се разбира сето ова е во доменот на Рипли, каде и невозможното станува возможно, па завршува со: „Верувале или не?“ Или можеби, поточно е да се опише како: „Што би било, кога би било?“ Но, што и да биде едно е сигурно: Ако Бојан Јовановски навистина решил да се кандидира за нов лидер на СДСМ, тоа и ќе го стори. А каков претседател би бил, односно дали би бил подобар од сегашниов? Еднаш веќе писмено се изјасни. Еве, да ве потсетиме: Фото: Инстаграм принтскрин    
 
]]>