камп ноу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Mar 2023 10:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камп ноу – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-na-kamp-nou-si-posaka-zhelba-eden-den-moja-pesna-ke-se-pee-na-ovoj-stadion-foto/ Wed, 08 Mar 2023 10:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292262

Македонскиот (т)рапер Драги Величковски попознат под уметничкиот прекар Тајзи  е хиперактивен и тоа во секој поглед. Со други зборови, популарниот кумановец не седи мирен ни минута, туку постојано нешто работи, некаде оди, настапува, патува... Покрај хиперпродукцијата од песни, која се огледа во тоа што речиси секој месец излегува нова песна од неговата креативна работилница, како оваа последната „Легализирај“  (Legalize),  која излезе деновиве, Тајзи не застанува ниту со настапите. Во меѓувреме меѓу две влегувања во студио или две качувања на сцената на некој ноќен клуб или дискотека, кумановскиот уметник реши малку да ја смени работната навика со шетачка и да се престори од артист во турист.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Тајзи го спакува куферот, седна во авион и правец - Шпанија, да го види најубавиот град и неговиот прочуен стадион. Барселона е сон на секој од нас, особено ако си уметничка душа како Тајзи, зашто и самиот град дише со уметност. Од прекрасните градби на Антони Гауди, музеите за модерна уметност до гастрономската уметност во прекрасните ресторани покрај златното крајбрежје. И секако, уметниците со „бубамарата“ во играта која важи за „најважната споредна работа на светот“, а нив во еден од најпознатите светски клубови отсекогаш ги имало. Барса ги прославила, а и тие неа... И латино-американските волшебници со топката како Марадона, Роналдињо или Меси и европските фудбалски кралеви како Кројф, Фиго, Ибрахимовиќ и нејзините деца како Чави, Иниеста, Пујол, Пике... А, нејзиниот легендарен дом, стадионот „Камп Ноу“ секогаш исполнет „до крај“ со една од најверните публики на светот. Токму затоа, Тајзи откако пристигна во Барселона и ги смести куферите во хотелската соба, веднаш побрза да стигне на посакуваната дестинација - викенд натпреварот на Барселона на „Камп Ноу“. Таму во дресот на Барса и неговото име име испишано на грбот, Тајзи се најде среде  речиси стоилјадната публика. Ако не како единствениот Македонец на стадионот, тогаш сигурно како единствениот со развеано македонско знаме преку себе... И тоа она - вистинското, со 16 - кракото сонце од Кутлеш! „Една земја, еден клуб, една љубов...“ - како што тоаа најчесто го велат најверните навивачи. А Тајзи покрај сето тоа на „Камп Ноу“ си посака и една желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ - порача распеаниот Македонец од срцето на главниот град на Каталонија, преубавата Барселона, замислувајќи го денот кога токму тој ќе го наполни на свој концерт велелепниот „Камп Ноу“. Дај Боже животниот сон во вид на посаканата желба да му се оствари, му посакуваме и ние!]]>

Се сврши и Стефан Лазаров: Најпознатиот македонски јутјубер ја побара раката на девојката на Камп Ноу (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-svrshi-i-stefan-lazarov-najpoznatiot-makedonski-jutjuber-ja-pobara-rakata-na-devojkata-na-kamp-nou-video/ Mon, 19 Sep 2022 07:26:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267415

Некогаш млад, надежен фудбалер кој кариерата ја завршил пред и да ја почне заради тешка повреда, а потоа модел и ТВ водител и сега пејач и Јутјубер… „Мултиталентиран мултипрактик“, што би рекле некои, за ова младо момче. А по таквите како по правило се лепат најубавите девојки во градот, од кои некои  му ги припишуваа... Дури и познатите ријалити старлети како Тара Симов на пример, која излезе дека му е само најдобра другарка, зашто Стефан Лазаров ја сака само Марта! Познатиот македонски јутубер викендов тоа на најдобар начин и го покажа, откако на многу интересна локација ја запроси својата девојка, иако ниту една, веројатно не сонува да биде  запросена на фудбалски натпревар! Но, Лазаров не мислеше така. Како голем фан на фудбалскиот клуб Барселона која викендов играше првенствен натревар од Ла Лига против екипата на Елче на „Камп Ноу“, јутјуберот реши да ја почести и однесе својата Марта заедно да ја гледаат Барса во живо. Арно ама на Лазаров не му било само до Барселона и фудбалот, туку токму на Камп Ноу решил да го заврши ергенскиот живот и да ја запроси неговата долгогодишна девојка која е чест гостин и во неговите Јутјуб видеа кои се многу гледани. Стефан возбуден бидејќи за прв пат во животот го гледа својот омилен клуб во живо, ама уште повозбуден од чинот кој треба да следува, а таа тоа не го ни насетува. И тогаш во еден момент,  како „гром од ведро небо“ за идната вереница, се случува она најсвеченото - моментот на запросувањето.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Идната невеста „шокирана“, па потоа во прегратките на јутјуберот, а  „среќниот шокирач“  насмеан и среќен откако таа кажа ДА, додека гледачите наоколу на трибината, со своите мобилни снима и со овации им аплаудира на вљубените свршеници, исто како кога Барса ќе даде гол! Како изгледала од почеток до крај целата „операција свршувачка со среќен крај“ кој е всушност само нов почеток на една приказна за поинаков, заеднички живот, погледнете од видеото кое самиот „свршеник“ Лазаров го спакувал и споделил на својот Јутјуб канал (Кликни ТУКА).  И секако, честитки и од нас до Стефан и Марта! ]]>