камник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Jun 2021 09:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се ожени шеф Марк од „Брза кујна“: Со зурли и тапани и бакшиш на чело, семејна свадбена веселба на Камник ( ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-shef-mark-od-brza-kujna-so-zurli-i-tapani-i-bakshish-na-chelo-semejna-svadbena-veselba-na-kamnik-foto-video/ Mon, 21 Jun 2021 08:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207574

Готвачкото ТВ шоу „брза кујна“ за кратко време стана едно од најпопуларните телевизиски емисии од ваков формат. Натпреварувачите секојдневно се менуваат, водителките повремено, ама главните ѕвезди останаа исти: Шеф Никола и шеф Марк! Двајцата врвни готвачи и забавувачи се неизоставен дел врз чија кулинарска умешност, вештина и знаење, ама и смисол за хумор и забава се темели шоуто, па затоа без било кој од нив нема ни добра храна, ни добра забава! И додека шеф Никола Мишковски пред две години ова време вплови во брачните води  правејќи едноставна забава за најблиските, за шеф Марк де Јонг сите „знаеја“ дека е во брак“ со неговата македонска избраничка Василка Димовска... Арно ама, работите стоеле малку поинаку! Имено, иако има возрасни деца - син и ќерка кои живеат во Белгија, популарниот готвач и неговата понежна половина всушност само живееле заедно во вонбрачна заедница...Или како што кај нас народски се вели, во „див брак“! Токму затоа,  шеф Марк и неговата Василка, викендов, 20 јуни 20221 година, решија и официјално да стапат во брак... Да ја озаконат својата врска, која всушност беше еден вид брак, кој само не беше официјализиран на хартија! Ковид протоколите за свадби иако попуштија, сепак шеф Марк и Василка се решија за „скромна“ семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник. А свадба не е свадба без младоженец и невеста, па затоа младоженците се потрудија да не го „пропуштат моментот“: Тој во свечен костум со китка на реверот, таа во бела невестинска венчаница со бидермаерот в рака... Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак, како што е редот,  ги зачинија со сочен свадбен бакнеж! Гостите малубројни, ама сепак весели, а музиката - традиционална, изворна, македонска... Зурли и тапани им свиреа на младите! Шеф Марк можеби не ги научил до крај чекорите на орото, ама затоа добро ги научил македонските адети, па качен на тапанот, ниту тој, ниту сватовите не ги испратија со празни раце свирачите. Илјадарки и евра бакшиш се делеа, а Бога ми и лепеа на чело на музичарите, чии звуци на нивните иснструменти му ја разубавија свадбената веселба на познатиот готвач и неговата невеста! На свадбата покрај останатите гости биле присутни и децата на шеф Марк, ќерката и синот Микел ( Мики) кој сподели и видео од свадбата на татко му! Се' на се', ако во „Брза кујна“ за подготовка на врвен специјалитет на шеф Марк му се потребни едвај 20 минути, одлуката за брак по македонски рецепт, очигледно ја “крчкаше“ подолго време! Како и да е, нека им е со среќа брачниот живот... и официјално! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Fancy Flower Boutique/Mickael De Jongh    ]]>

Кога ќе се спојат две македонски секси убавици на едно место, настанува… „Трепет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-se-spojat-dve-makedonski-seksi-ubavici-na-edno-mesto-nastanuva-trepet-video/ Mon, 09 Nov 2020 09:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175022

Во време-невреме кога ништо не се случува, кога се бориме за здив, за парче небо и убава вест, создавањето уметност ни доаѓа како награда. Како Божји дар, кој ќе ни го разубави денот, поправи расположението, разведри атмосферата која веќе со месеци е напната, тмурна и мрачна заради чумата на 21 век, коронапандемијата и борбата со неа. Токму затоа и повеќе радува кога две уметнички души ќе се спојата во едно заедничко парче музика. До душа можеби не баш најнова, но сепак наша, македонска, само овој пат поинаку препеана, преаранжирана, прераскажана со поинакви звуци и тонови, обоена со поколоритни ноти, со специфики која секоја од нејзините изведувачи ја носи во себе. И кога на сето тоа ќе и се придодаде визуелизацијата на нивниот музички израз, спојот на двете македонски секси убавици на едно место предизвикува... „Трепет“. И тоа онаков како што треперат жиците на харфата и гитарата, трепет каков што Сара Мејс и Марија од  дуото „Ај Кју“  го создадоа со нивната  интерпретација на старото макфестовско музичко дело, како благодет  за уживање во овие есенски денови. Песната и стиховите се инаку авторско дело на самата Сара Костадиновска и е настаната пред неколку години, кога на „Макфест“ ја изведе Тања Би, тогаш во аранжман на Дамир Имери. Идејата одново да ја преработи во соработка со „Ај Кју“ потекнала од посилната половина на дуото, Бојан Трајковски, а во ваква или слична верзија беше премиерно изведена од Сара Мејас и Ај Кју на последниот „Skopje Unplugged 2020“ на скопски Камник. „Бојан и Марија честопати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиревме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента“. „Ова е за сите оние што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“ - ќе изјави Сара за настанувањето на „Трепет“. Доживејте го и вие аудио-визуелно нивниот „Трепет“, овој пат заеднички преаранжиран од самата кантавторка Сара Мејс и Ај Кју, снимена во студиото „Подрумот“, а визуелизирана од Кристијан Шемко. Уживајте во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=-NlqeT9e3_k&feature=emb_logo      ]]>

„Skopje Unplugged 2020“ – ексклузивен акустичен фестивал на зајдисонце https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-unplugged-2020-ekskluziven-akustichen-festival-na-zajdisonce/ Sun, 12 Jul 2020 11:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157780

Групата „Фолтин“, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет, специјално подготвен за Skopje Unplugged 2020! Поради запазување на пропишаните протоколи и мерките за безбедност, влезниците се во строго ограничен број и истите можат да се набават на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=680 Време е за музика, време е за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged на 17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути, навечер! Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, публиката ќе има ексклузивна можност да ги проследи настапите на едни од најголемите македонски музички ѕвезди. Уникатно доживување со лимитиран број на посетители, за кои е обезбедено седење на растојание од 1,5 метри . Skopje Unplugged 2020 ќе покаже дека е возможно музиката спиритуално да ги сплоти и поврзе луѓето дури и во услови на запазена физичка дистанца. На годинешното издание на Skopje Unplugged 2020 фокусот е целосно ставен на македонски изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња. Фестивалот е во организација на Универзална Сала, а  под покровителство на Град Скопје, поддржан од винаријата „Камник“.]]>

„Винска среда“ во „Тирио бистро бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinska-sreda-vo-tirio/ Tue, 13 Mar 2018 08:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15834

Почитувани љубители на доброто вино! „Тирио бистро бар“ Ве поканува на едно поинакво, елегантно и пријатно винско доживување, оваа среда, 14ти март, со почеток во 17 часот. Оваа „Винска среда“ ќе имате можност да дегустирате вкупно 4 различни сорти на бело и црвено вино од винариите Камник, Тиквеш, Стоби и италијанската винарија Фантинел. Листа на вина:
  1. Fantinel Prosecco Extra Dry
  2. Chateau Kamnik Pinot Grigio Single Vineyard 2017
  3. Tikveš Plavec Special Selection 2016
  4. Stobi Cabernet Sauvignon 2015
Научете нешто повеќе за винската култура, уживајте во добрата капка вино и излезете од „Тирио“ побогати за едно сосема ново искуство. Цената на дегустацијата е 600 денари по лице со вклучено мезе. Место: Тирио бистро бар (Булевар Илинден 38, Скопје) Датум: 14.3.2018 Време: 17:00 – 24:00 Резервирајте на 071 337 494.]]>