камионџија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 May 2023 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камионџија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-kako-stojne-nikolova-stana-neostvaren-son-na-sekoj-kamiondhija-video/ Thu, 18 May 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302573

Камионџии... Луѓе на кои куќата им е патувачка, домот им е на тркала, животот по патиштата, каде минуваат илјадници километри по разни друмови, преку мноштво граници, од дома до нивните одредници и назад... Најчесто радиото и музиката им се најверни другари во шоферските кабини, па не случајно камионџиите и убавата песна се како „брат и сестра“! Некои камионџии кај нас песната дури ги направи славни, познати, дотаму  што стигнаа и до естрадните височини, како камионџијата Андруш, на пример. Некои други пак ѕвезди од зад воланот станаа преку социјалните мрежи како Дарко Влогс, ама до сега се чини камионџиите и оние познатите и оние непознатите немаа своја песна по која ќе ги препознаваат. За да не биде тоа така, се погрижија атрактивната струмичка фолкерка Стојне Николова заедно со Манчи и нејзината авторска екипа, како и многубројните гости на проект-песната „Камионџија“ која на прва влегува во уво и има претензии да стане македонска камионџиска фолк химна. „Душава на нафта мириса, само една имам утеха, да си седнам в ладна меана... Зашто лек за камионџии се убавите млади пејачки“ - како што велат испеаните стихови во песната, во чие видео  зад воланот во камионџиската кабина се многу познати ликови. Од авторот на песната Бобан Мојсовски - Мојсо, преку Тони-Биоритам, Дарко- Влогс.... и останатите кои маестрално си ги одиграле своите улоги во спотот, вклучувајќи го и пејачкиот тандем Стојне и Манчи. Вистинска „ол стар екипа“ од познати лица меѓу кои и оркестарот Џамбо - Агушеви, кои кафеанската атмосфера ја доведуваат до лудило, а Стојне Николова блеска во сиот свој сјај... Можеби најдобро до сега. Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии... И не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки во фолк музиката. Како и да е „Камионџија“ не е само камионџиска фолк химна во перспектива, туку вистинска кафеанска песна за забава, дружба и веселба за сите, потенцијален хит кој од прва влегува во уво, а долго ќе се пее и слуша. Екипата која работела на аудиото и видеото во проектот е обемна и ја сочинуваат: На музички план, музика и аранжман: Бобан Мојсовски, текст: Сашо Нојкиќ, микс и мaстер: ХЛ Студио Момировски, орекстар: Џамбо Агушеви, хармоника: Мишел Трајковски. Видео продукцијата и монтажата ја работел Даниел Јовески,  режијата е на Бобан Мојсовски, а во актерскиот тим се: Антонио Климоски Дарко Влогс Игор Додевски Даниел Божиновски Бобан Мојсовски Бојан Кузманоски Дадо Баровец Гоце Пејковски Иле Моша Сара Мирчевска Ивона Каљкова. Моден стилист била Викторија Бурсаќ, за шминката и фризурата се погрижил стилистот Даниел Николовски. Како изгледа сонот на секој камионџија проследете од песната и спотот за „Камионџии“ од видото во продолжение кое ќе ве насмее, расположи и развесели (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Огуз од турската серија „Кога лисјата паѓаат“ денес работи како камионџија во САД, има сопруга и две деца, а тешко би го препознале како изгледа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/oguz-od-turskata-serija-koga-lizjata-pagjaat-denes-raboti-kako-kamiondzijavo-sad-ima-sopruga-i-dve-deca-a-teshko-bi-go-prepoznale-kako-izgleda-foto/ Wed, 08 Sep 2021 07:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191408

Турската серија „Кога лисијата паѓаат“ своевремено беше хит во Македонија, а сега љубителите на турските драми имаат можност репризно да ја гледаат, овој пат на телевизија Алфа. Актерот Толга Карел кој го игра ликот на лошиот Огуз во 2006 година се прослави со оваа улога. Тој денес има 42 години, се откажа од актерството, живее во Америка со втората сопруга и двете деца, а по професија е камионџија. Рабирливо, денес изгледа поинаку, побелен и проќелавен, а ова се неговите приватни фотографии на Инстаграм:
]]>

Дарко-Влогс и Зоки-Фаци „ги закопаа воените секири“: Примирје со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и… јадење бурек! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-vlogs-i-zoki-faci-gi-zakopaa-voenite-sekiri-primirje-so-pregratki-nasmevki-onakvi-pogledi-i-jadenje-burek-foto/ Tue, 20 Jul 2021 08:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211689

Дарко Јефремов, попознат како Дарко - Влогс, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“. од најпознат камионџија, набргу Влогсот стана еден од најпознатите „инстаграмџии“ а да не инфлуенсер, иако и такви обиди има во неговите фотографии и особено видеа,  кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи. Најпознатиот инстаграмџија меѓу камионџиите особено се прослави своевремено со своите пародии на модното шоу на Сергеј Варошлија, ставајќи го модниот гуру во „подредена положба“ на себесвојствен хумористичен, забавен, а на моменти и не баш пријатен третман. По Варошлија  на „вербалниот револвераш“ во времето додека царуваа на сега веќе непостоечката „1ТВ“ на мета му беа и Боки 13-ка и естрадниот новинар и ТВ водител, сега казино и локал менџер Зоран Василевски, попознат како Зоки - Фаци... Македонскиот камионџија од САД, со новогодишно „ситдаун шоу“ од кабината: Овој пат „на тапет“ е Зоки – „Фаци“ (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Препукувањата потоа долго траеа, а се користеше секоја можна прилика за нова „зајадлива реплика“, коментар, штос, виц, „јадачка“... кои беа на работ на „закачка“  помеѓу двете страни. Деновиве Дарко - Влогс се врати во Македонија, користејќи го својот летен „камионџиски одмор“. Шеташе по  родната земја, посети разни места, села, градови, езера и планини во својата татковина, па дојде и во нејзината престолнина - Скопје! Покрај традиционалното седнување на утринска чорба, пиење лименка на клупите во Градски парк... ...и неизбежното селфи кај фонтаната со коњот, сосе воинот на него и поубавата половина до себе, Влогсот реши да направи уште еден потег со кој многумина изненади! Имено, инста-камионџијата реши да склучи примирје со „завојуваните“ противници. Да ги закопа „воените секири“ со оној со кој најмногу се препукуваше - Зоки Фаци! Најде начин  да го пронајде, па со или без најава, не објасни, ама затоа покажа дека му отиде „дома“... Односно речиси таму каде што во последно време бившиот водител сега локал-менаџер „кисне“... Познатиот, елитен скопски локал. Преговорите се одвивале зад затворена врата, во четири очи и двајца сведоци, секој од по едната страна, додека „верификацијата на мировниот договор“ се одвиваше на отворено. Пред портите на локалот и тоа со посебен протокол: Примирје  со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и...  јадење бурек! Гушкањето и погледите видливи, а Бога ми и јадењето бурек... И тоа бурек -„спешл едишн“, со кој Зоки - Фаци како добар домаќин „го нарани“ Дарко - Влогс, како и мировниот договор за понатамошно „не јадење бурек“ беа овековечени со неколку фотографии. „Јадењето бурек“ заврши, видеото за Фаци го снема од Инстаграм кај Влогсот, ама „јадачките“ и „мемињата“ на околината штотуку тргнаа: „Најди си некој/а да те гледа, како Дарко - Влогс што го гледа Зоки - Фаци“... Или: „Ми каса“? Не каса, ама како е насмеан додека те гушка, ако те касне, ќе да те изеде во еден потег“! Како и да е, важно е да е „мирно“...  Другото - ќе мора некако да се истрпи... Се' за љубов! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs

Лила е ем секс бомба во бикини, ем отровна како солна киселина! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-e-em-seks-bomba-vo-bikini-em-otrovna-kako-solna-kiselina-foto/ Tue, 11 Jun 2019 08:25:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92353

И Лила ја отвори годинешнава летната сезона... И тоа во престижниот комплекс „Ал Маре“ на Халкидики! До душа споениот викенд беше искористен за рекламна фотосесија за новата линија  костими за капење од брендот на најреномираниот македонски производител.
А Лила е таа која прва треба да ги проба сите варијанти. Наша водителка во наш производ. Или што би рекле: Наше во наше... а светско! И по изглед и по квалитет. И костимот и моделот.
Ваше е да одберете, што подобро и стои... На Лила секако се' и стои, туку што подобро и стои на Вашата поубава половина. Или вам, лично! Црно или бело? Едноделен костим за капење или бикини варијанта?
Што и да одберете, нема да згрешите.. Се разбира, ако ви стои како на Лила!
Е, сега до душа има некои и што не мислат баш така, како оној, чикашкиот камионџија Дарко Влогс ама... Голема е Америка, долго се вози по патиштата, па уморот понекогаш знае да даде „лажна слика“ или...!?
Ама затоа и Лила знае да биде, ем секс бомба во бикини, ем по потреба, отровна... Како солна киселина.
Затоа мајсторе, друг пат, мисли му ја што „јавно мислиш“!
Не за друго, да не се случи да ти сипе некој „по грешка“... „Лила“ во шампањското!

На терапија кај Дарко Јефремов: Чикашкиот камионџија како психијатар… во видеопорака им го кажа лекот на оние што „киснат“ на социјалните мрежи! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-terapija-kaj-darko-jefremov-chikashkiot-kamiondzija-kako-psihijatar-vo-videoporaka-im-go-kaza-lekot-na-onie-shto-kisnat-na-socijalnite-mrezi-video/ Mon, 25 Mar 2019 08:52:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79123

Чикашкиот камионџија со американска „драјв лиценца“ и македонски пасош, Дарко Јефремов, познат како Дарко Влогс постираше нова видопорака на својот Инстаграм профил. Човекот кој социјалните мрежи и го направија „ѕвезда од камионџиската кабина“, овој пат има што да им  каже токму на оние кои „киснат“ на нив.
Ним и на нивните негативни коментари, со теорија дека социјалните мрежи влијаат на психичкото здравје. Особено ако се полни со „плукање“ по разно-разни основи, негативните коментари зрачат негативна енергија која лошо влијае врз психата и психичкото здравје на оние кои ги читаат и следат!
Така, поучен од сопственото искуство, Даре - „драјверо“ , стана психолог... Море, психијатар од зад воланот!  Па, „Др. Јефремов“ испрати видеопорака за колективна терапија на нацијата која е плукачки расположена на Интернет! Чарето од првата видеосеанса од камионџиската кабина е содржано во епилогот на видото.
„Олабајте“! - кратко и јасно, со еден збор нашиот „Фројд од Чикаго“ им го кажа лекот на зависниците од социјалните мрежи! Патем, препишаната терапија до нив, а препорачана превентивно и до сите други што живеат за лајкови, гласи:
Ама како што во секое правило постојат исклучоци, „чикашкиот психијатар“ уште во стартот се огради од две личности на кои терапијата не делува.
Непишано правило е дека секој лекар баш и не се држи до правилата и протоколите во медицината, кога е самиот тој во прашање, па така и „Др. Јефремов“ се оградил од самиот себеси... И уште само од една личност, која според него, негативната енергија не ја допира или што би рекле, „мува не го лази“... Не барем кога се во прашање негативните коментари! И неговите и оние против него! Во прашање е Сергеј Варошлија!
Кој сфатил-сфатил... Кој не, ќе мора „на терапија“ лично кај камионџијата... На сеанса во кабина... зад воланот!  ]]>

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-jefremov-makedonskiot-kamiondzijata-od-sad-dojde-vo-skopje-no-ne-po-sergej-i-zoki-faci-tuku-za-da-napravi-neshto-shto-ja-fascinirashe-javnosta-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65531

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки - Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа... ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.
И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.
Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.
Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ..., а најчесто се деца од Ромската популација!
Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!
Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!
Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце... големо колку неговата Сканија!

Македонски камионџија во Америка стана хит на социјалните мрежи со видео посветено на Сергеј Варошлија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-kamiondzija-vo-amerika-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-so-video-posveteno-na-sergej-varoshlija-video/ Wed, 05 Dec 2018 07:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61419

Дарко Јефремов е младо момче од Македонија кое заедно со своето семејство живее во Америка. Тој е возач на камион, а на своите профили на социјалните мрежи постојано ги зголемува следбениците, особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија, кое тој го наслови „Камионџија шоу“. Па така, видеото на Дарко стана вирално, а во истото на „тапет“ е изгледот на Сергеј кој камионџијата го коментира на свој начин.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on

Повеќето следбеници му порачаа дека е оригинален, но се најдоа и такви кои застанаа во одбрана на Варошлија. Иако камионџијата го означи и Сергеј, тој засега се уште не се огласил. Погледнете за што станува збор: ]]>

(ВИДЕО) Бил мртов 45 минути – Се разбудил и открил неверојатна визија за живот после смртта https://arhiva.vistina.com.mk/video-bil-mrtov-45-minuti-se-razbudil-i-otkril-neverojatna-vizija-za-zivot-posle-smrtta/ Mon, 26 Feb 2018 10:00:25 +0000 http://vistina.mk/?p=13932

Овој човек изгубил пулс 45 минути, но се разбудил со неверојатна визија за задгробен живот. Камионџијата од Охајо го шокирал болничкиот персонал кога се вратил во живот, откако скоро еден час изгубил пулс, по силен срцев удар, но тој тврди дека она што го видел во текот на тие напнати моменти го убедило дека постои задгробен живот. Брајан Милер (41) ја отворал приколката кога осетил дека нешто не е во ред со него. Веднаш викнал брза помош и на операторот му рекол: Јас сум возач на камион и мислам дека доживувам инфаркт. Неговата главна артерија била во целост блокирана, предизвикувајќи срцев удар. Лекарите во болницата успеале да ја отстранат блокадата, но откако се освестил и се ослободил од болката раскажал што му се случувало. Единствената работа на која се сеќавам е дека светлина кон која тргнав да чекорам. Одев по пат обложен со цвеќе кон светлината, се додека не наидов на својата маќеа која неодамна почина. Таа беше најубавата работа која ја видов, изгледаше многу среќно, исто како првиот ден кога ја запознав. Ме фати за рака и ми рече: „Не е ова твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да завршиш“. Среќен што се вратил меѓу живите, Милер сега вели дека за една работа е сигурен: „Постои задгробен живот и луѓето мора да веруваат во тоа“.   . изворсител.мк]]>