камин кама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Sep 2022 09:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камин кама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кафеаната на познатиот македонски музичар изгоре до темел: Од естрадното свратилиште на Трајче-Мајка остана само пепел (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kafeanata-na-poznatiot-makedonski-muzichar-izgore-do-temel-od-estradnoto-svratilishte-na-trajche-majka-ostana-samo-pepel-foto/ Mon, 26 Sep 2022 08:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268553

Викендов, поточно во саботата избувнал пожар во познатиот угостителски локал  „Камин Кама“  лоциран во населбата Ѓорче Петров, сопственост на популарниот македонски музичар Трајче  Толевски - Мајка, , член на групата „Скопски боеми“ пренесоа македонските медиумите. „Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како свратилиште  на македонската фолк естрада, каде многу често и приватно се собираа најпознатите и најпопуларни македонски фолк ѕвезди. И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со огромна брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не заврши истрагата и не се направи проценка на истата. Сепак, според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објектот е речиси изгорен до темел, а од познатиот локал на Трајче - Мајка останал само пепел. Сопственикот на ресторанот во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени. Тој изјавил дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а нему први му јавиле соседите кои веднаш пријавиле во пожарната служба за што им е особено благодарен. Сепак, немилиот настан не успеал да го уништи позитивниот дух на музичарот, инаку познат по својата весела нарав и смислата за шега и хумор, кој и покрај шокот и причинетата огромна материјална штета се огласил со пораката: „Лошото нека остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави”. На својот Фејсбук профил Трајче-Мајка споделил и неколку фотографии од местото на катастрофата, на кои се гледааат остатоците од страшната несреќе што го најде музичарот и сопственик на локалот, кој покрај сликите споделил известување: „Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/trajcetolevski]]>

Властите најавија отворање на локалите, музичарот и угостител Трајче Толевски го најави новото мени на својата кафеана: Штом помине забраната ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе од храната (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlastite-najavija-otvoranje-na-lokalite-muzicharot-i-ugostitel-trajche-tolevski-go-najavi-novoto-meni-na-svojata-kafeana-shtom-pomine-zabranata-kje-posakate-menito-da-go-gricnete-povekje-od-hranata-vi/ Sat, 09 May 2020 09:30:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148693

Корона пандемијата наводно почнала да стивнува, па властите полека почнаа да ги олабавуваат мерките. Меѓудругото, најавија скорешно отворање на угостителските локали, кои ќе мораат да работат по новите „здравствено-угостителски“ протоколи, кои до душа, ниту се комплетно донесени, ниту  целосно им се јасни ни на оние кои ги носат, а камо ли на оние кои треба да ги спроведуваат! Како и да е, „што дошло - ќе се трга“ - велат старите, па познатиот македонски музичар, член на групата „Скопски боеми“ и скопски угостител Трајче Толевски, навреме почна да си ја подготвува за работа својата кафеана  -„Камин Кама“. Покрај задолжителната дезинфекција, реорганизација на просторот, новите цени... потребно е и ново мени! За функционирање според  новите „кафеанско-здравствени протоколи“ итриот Трајче, познат ем како голем мераклија и уште поголем шегаџија, решил да најде начин во новонастанатите услови на отежнато функционирање, како „ем волкот да биде сит, ем овците да бидат на број“... Или во превод, ем гостите задоволни, ем газдата „во новото време“ да не е многу посиромашен во заработката од порано! Просторот и квадратурата на кафеанта играат улога - ама не пресудна! Дали Трајче ќе го примени српскиот параван модел да „спојување“ на масите... ...Или скандинавскиот стакларник за двајца, сеедно. Тука не лежи ќарот! И тогаш на музичарот му падна генијална идеја... Дека „зајакот лежи“ во менито... Тука е тајната на изборот, вкусот и заработката... А вакво мени, какво што има намера да воведе газда Трајче, нема никој... Не само во Скопје, туку нема во цела Македонија. Ем подвижно, ем привлечно, ем примамливо и возбудливо, ем на пропишаната дистанца... И што е најважно,  гостинот нема „да падне на га*от“ од цените, туку со широко ококорени очи и „падната вилица“ ќе гледа во него... Во менито, та цената колкава и да е! Зашто само кај газда Трајче и менито и цените се испишани на... На келнерката! Па, штом ги отворат кафеаните и помине забраната, први ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе и од храната... ]]>