камерна приказана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Apr 2021 13:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камерна приказана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Камерна приказна” овој четврток во Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/kamerna-prikazna-ovoj-chetvrtok-vo-makedonska-filharmonija/ Mon, 05 Apr 2021 13:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197624

„Камерна приказна” е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 19 часот, на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Кончерто да камера за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович (арр. РБаршаи). Додека бил на турнеја во САД, во 1947 година, Артур Онегер добил нарачка од американската мецена Елизабет Спрејг Кулиџ да напише дело за англиски рог. Како солист на ум го имала Луис Спрејер, кој бил вработен во Бостонскиот симфониски оркестар, на кого, всушност, и му е посветено делото. Онегер ја добил нарачката во август, се разболел и ја откажал турнејата во САД во која била вклучена и турнејата во Латинска Америка. Во ноември се вратил во Франција и не пишувал музика сè до летото 1948 година, кога започнал да го пишува Кончерто да камера и го завршил за кратко време. Кончерто да камера првпат било изведено на 6 мај 1949 година во Цирих, а американската премиера била во април 1950 година. Во 1946 година, Дмитри Шостакович повторно почнал да пишува гудачки квартет. Веќе го имал совладано предизвикот кој му бил фасцинација и на Бетовен – да направи синтеза од ставови со различен карактер и да ги спои во компактно и вивидно дело. Камерната симфонија, всушност, е адаптација од Квартет број 3, која ја направил во 1946 година Рудолф Баршаи, диригент и близок пријател на композиторот. Симфонијата во помасивна форма и звук ги рефлектира бројните експресии, мелодии и дијалози кои во себе ги носи Гудачкиот квартет.  Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Елена Дојчинова е вработена како прва флејта во НУ Филхармонија на Република Северна Македонија. Со својот лиричен израз и виртуозност се вбројува помеѓу најталентираните флејтисти во нашата држава. Владимир Лазаревски свири обоа од својата петнаесетта година. Дипломирал и магистрирал во 2003 година на Националната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија, Бугарија, во класата на проф. Георги Желјазов. Една година подоцна заминува на двегодишна специјализација во Бостон, САД, како стипендист на музичката академија „Лонџи” под менторство на обоистите на Бостонскиот симфонски оркестар Вејн Рејпиер и Марк Мекеван. По враќањето од САД, ја продолжува својата академска наобразба на Националната музичка академија „Панчо Владигеров” и во февруари 2013 година станува доктор на музички науки и музичка уметност од областа на камерната музика и обоата.]]>