камерен оркестар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 08:35:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камерен оркестар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На сцената на Македонска филхармонија: Премиерно издание на „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис https://arhiva.vistina.com.mk/na-stsenata-na-makedonska-filharmonija-premierno-izdanie-na-candlelight-kontsert-pod-sveki-na-kamerniot-orkestar-profundis/ Sat, 09 Mar 2024 08:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341764

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката, вели маестра Дашиќ.

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Инаку, концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјајна свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

Влезниците за ова премиерно концертно доживување се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс во државата или онлајн на следниот линк.

]]>

„Засекогаш во срцата“ – традиционален концерт во чест на Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/zasekogash-vo-srtsata-traditsionalen-kontsert-vo-chest-na-toshe-proeski/ Wed, 14 Feb 2024 07:52:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338581

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“. Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола. (МИА) фото:НУ Камерен оркестар на Битола]]>

„Роман“ – концерт на Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“ во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/roman-kontsert-na-roman-simovik-i-kamerniot-orkestar-profundis-vo-makedonskata-filharmonija/ Thu, 28 Sep 2023 12:26:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320274

Подгответе се за спектакуларно музичко доживување со прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ!
Ова ексклузивно гостување на Роман Симовиќ во Скопје ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија на 16-ти октомври со почеток во 20:30 часот.
Роман Симовиќ - Виртуоз со неспоредлива извонредност!
Роман Симовиќ ќе настапи на нашата сцена, донесувајќи ниво на уметност и талент што е едноставно неспоредливо. Неговата виртуозност и божествениот звук на неговиот Страдивари ќе ве пренесе во царството на музичкиот сјај, каде што секоја нота одекнува со страст и прецизност.
Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија. Со диригентите: Валери Георгиев, Антонио Папано, Даниел Хардинг, Џанандреа Носеда, Кристијан Јерви, Јиржи Белохлавек, Пабло Херас Касадо, Николај Знаидер, Томас Сондергард…
Симовиќ настапувал на многу реномирани фестивали како што се: „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Охридско лето, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата: Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански и др.
Од 2010 година тој е концерт-мајстор на Лондонската филхармонија. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.
На програмата ќе бидат најголемите три британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Оваа внимателно креирана програма ветува музичка одисеја низ времето и емоциите, проткаена со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“:
Вилијам Волтон: Соната за гудачи IV став Вилијам Лојд Вебер: Серенада за гудачки оркестар Ралф Вон Вилијамс: Фантазија на тема од Томас Талис Астор Пјацола: Четири годишни времиња за соло виолина и гудачки оркестар
Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете сведоци на мајсторството на извонредниот Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“. Влезниците за концертниот спектакл „РОМАН“ се достапни преку продажната мрежа на МК-Тикетс како и онлајн.
Придружете ни се на уникатна музичка вечер што ќе ги разгори вашите музички сетила и ќе ве остави да копнеете за повеќе!

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на интернационалниот фестивал „КоторАрт“ во Црна Гора https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-kameren-orkestar-profundis-i-pijanistkata-ema-popivoda-ke-nastapat-na-internatsionalniot-festival-kotorart-vo-tsrna-gora/ Thu, 27 Jul 2023 12:16:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311830

Во недела, 30. јули, македонскиот камерен оркестар „Профундис“ заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист ќе настапат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора. Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ ова лето, по спектакуларниот настап на сцената на престижниот фестивал „Раванелиус“ во Србија. - „Навистина сме среќни што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме, па затоа поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и несомнено значаен момент во нашата уметничка кариера.“ – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“. Инаку, фестивалот „КоторАрт“ со своето 21-годишно постоење се смета за еден од најголемите и најзначајните фестивали на уметноста во Црна Гора и регионот. Секоја година фестивалот е домаќин на впечатлив број меѓународни уметници, а со над 200 програми на различни локации во Котор и заливот Бока Которска, привлекува милиони посетители, со што е еден од најпосетуваните фестивали во регионот. Камерниот оркестар „Профундис“ е  уметнички состав кој постои веќе четири години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во РСМ, Националната опера и балет и Националната филхармонија.]]>

Kамерниот оркестар „Профундис“ го најавува мултимедијалниот концертен спектакл „ГРУВ“ https://arhiva.vistina.com.mk/kamerniot-orkestar-profundis-go-najavuva-multimedijalniot-kontserten-spektakl-gruv/ Thu, 09 Mar 2023 13:16:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292636

Досега невидени сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ кој ќе се одржи на 21 април на сцената на Македонската опера и балет. На ова аудиовизуелно доживување како солист ќе настапи виртуозот на виолончело Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, кој пред македонската публика ќе се претстави заедно со врвните музичари од камерниот состав „Профундис“ под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичкото искуство на присутните ќе биде збогатено со специјално креирани 3Д визуелни ефекти кои со технологијата на 3Д мапинг во целост ќе ја оживеат сцената на Националната опера и балет и ќе бидат уникатно доживување кое за првпат ќе се случува во нашата земја на концерти од класичната музика. На концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) ќе прозвучи оригинална програма со четири праизведби составени од класиката, преку фолклорот, до рокенролот. Ексклузивноста на програмата преку делата на Џими Хендрикс, Палп Фикшн – Мизерлоу, В.Валтон, Д.Шостакович, Офенбах, Попер и Сарасате ќе ја збогати и делото на македонскиот композитор Дарко Илиевски – „Motus folklorikus“, напишано специјално за овој настан и посветено на камерниот оркестар „Профундис“. Настанот ќе се одржи во Македонската опера и балет, на 21 април (петок) со почеток во 20 часот. Влезницитесе продаваат преку продажната мрежа на МКТикетс во државата.]]>

Камерниот оркестар од Битола со два концерти во чест на Тоше Проески и Пепи Бафтировски: „Засекогаш во срцата“ https://arhiva.vistina.com.mk/kamerniot-orkestar-od-bitola-so-dva-kontserti-vo-chest-na-toshe-proeski-i-pepi-baftirovski-zasekogash-vo-srtsata/ Mon, 20 Feb 2023 13:18:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289731

Два концерти во чест на нашите безвременски пејачи Тоше Проески и Пепи Бафтировски ќе одржи Камерниот Оркестар на Битола IW конект под насловот „Засекогаш во срцата”. Заедно со Камерниот оркестар хитовите на Тоше и Пепи ќе ги изведуваат: Бојан Маровиќ, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска. Концертите се закажани за 24-ти и 25-ти февруари во 20:00. Билетите се во продажба од понеделник (20.02) во 11:00ч. Продажбата е ограничена на четири билети по човек.]]>

Отворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Камерниот оркестар „БА-РОК“ https://arhiva.vistina.com.mk/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-kamerniot-orkestar-ba-rok/ Fri, 04 Nov 2022 13:58:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274461

Со концерт на Камерниот оркестар „БА–РОК“ вечерва, 4-ти ноември 2022 година во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот, свечено ќе биде отворено годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022. Камерниот оркестар е во состав Климент Тодоровски, Јане Бекевски – виолини, Марија Георгиева – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – Флејта / пиколо, Татијана Петрушевска и Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударалки. Како солисти ќе настапат Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист е Иван Еминовиќ, а режисер е Љупка Јакимовска. На програмата се дела од Ж.Ф. Рамо, Хендел, Бах и Вивалди, а ќе бидат изведени и ариите на Клеопатра од операта „ Јулие Цезар “, на Гризелда од истоимената опера и терцет од операта „Монтезума“, како и Свитата „Les IndesGalantes“. Членовите на ансамблот „БА-РОК“ својот прв заеднички настап го имаа на Мајските Оперски Вечери 2021 година во продукција на Националната Опера и Балет со претставата „ Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Од таму произлезе идејата да продолжат да дејствуваат како ансамбл негувајќи ја Барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Северна Македонија. -Самата комплексност на Барокниот стил, бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, нашите пејачи се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ. Предводени од нашиот диригент Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен Барокен перформанс. Преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа, да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, наведуваат од ансамблот.]]>

Центар за култура Битола и Камерен оркестар со концерт посветен на Тоше Проески и Аки Ракимовски https://arhiva.vistina.com.mk/centar-za-kultura-bitola-i-kameren-orkestar-so-koncert-posveten-na-toshe-proeski-i-aki-rakimovski/ Tue, 01 Feb 2022 13:48:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237164

Центар за култура Битола и Камерен оркестар, најавуваат концерт насловен „Засекогаш во срцата 3“ , кој оваа година ќе биде посветен на двајца великани во музичкиот свет Тоше Проески и Аки Ракимовски. 19-ти февруари е датумот кога треба да бидете во Битола и кој од сега треба да го запишете во вашите месечни планери, велат оттаму. ]]>

Јубилеен концерт – 20 години со вас „Скопски солисти“ https://arhiva.vistina.com.mk/jubileen-koncert-20-godini-so-vas-na-skopski-solisti/ Fri, 06 Nov 2020 13:08:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174542

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ предводен од познатиот македонски обоист Васил Атанасовве кани на јубилеен концерт. „Почитувани гости, ве покануваме на нашиот концерт, заедно да го прославиме јубилејот 20 години концертна активност, со нашите врвни уметници, да уживаме во музиката со задоволство и најдобри желби“ - се вели во поканата на оркестарот. Концертот е закажан на 9-ти ноември 2020 год. понеделник, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. На репертоарот ќе бидат дела од Вивалди, Перголези, Хендел, Моцарт, Хумел, Елгар, Чајковски, Пучини, Агостини, Тошевски... Гости на јубилејниот концерт какосолисти ќе бидат Благој Нацоски - тенор, Весна Гиновска Илкова - сопран, Томе Атанасов - обоа, додека диригент ќе биде Иван Еминовиќ. Билети и резервации на билетарата на филхармонијата или на тел: 02/3238-182. Сите протоколи за јавни настапи ќе бидат запазени.  ]]>

Битолскиот камерен оркестар го носи „Бродвеј во Битола“ https://arhiva.vistina.com.mk/bitolskiot-kameren-orkestar-go-nosi-brodvej-vo-bitola/ Mon, 16 Apr 2018 08:37:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21191

Откако ја започна годината со одличната „Џон Вилијамс симфонија“, која беше претставена пред битолската и скопската публика, Камерниот оркестар од Битола најави уште еден музички спектакл за своите сограѓани. Станува збор за концертот насловен „Бродвеј во Битола“, кој ќе се одржи на 22 април во Центарот за култура – Битола, а заедно со оркестарот ќе настапат солистите Наде Талевска, Елена Петреска, Марија Груевска, Ана Гаштарова и Игор Узунов. 
На програмата ќе се најдат теми од познатите бродвејски мјузикли како што се: „Коса“, „Мулен руж“, „Кабаре“, „Приказна од западната страна“, „Фантомот од операта“, „Убавицата и ѕверот“, „Девојки од соништата“ и многу други.Концертот кој е под покровителство на Министерството за култура, ќе биде збогатен и со изведби на танцовиот спортски клуб „Степ ап“. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 18 април, во билетарницата на Центарот за култура – Битола.]]>