камби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Mar 2021 13:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Машки далматински „Фрајли“:  „Камби“ е сплитски состав кој добро пее и уште подобро изгледа, а доказ е – „Заљубљен“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mashki-dalmatinski-frajli-kambi-e-splitski-sostav-koj-dobro-pee-i-ushte-podobro-izgleda-a-dokaz-e-zaljubljen-video/ Tue, 02 Mar 2021 13:32:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192125

Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка. Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момчињата докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи. „Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео. Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „... и мила и самовила...“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање. Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката - дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува. Камби постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ... Секако, тука се и девојките од Фрајле со кои, велат, освен што досега соработувале како автори би сакале да си ги одмерат силите и вокално. „Фрајле се прекрасни дами и врвни музичарки и би ни било чест да соработуваме со нив. Сорабоката со девојките би била сензација, невозможна енергија, бината би експлодирала“, велат момците од кои еден е во спортот, друг во градежништво, трет во театарот... „Што и да ви треба, одговорот е Камби“, се шегуваат. Освен Макица како автор на „Заљубљен“ се потпишува Хрвоје Домазет. https://www.youtube.com/watch?v=L6jddIsEd5g]]>