камбек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 10:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png камбек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска се враќа на сцена, а за старт има необично барање до фановите: „Ми требате во што поголем број!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-se-vraka-na-stsena-a-za-start-ima-neobichno-barane-do-fanovite-mi-trebate-vo-shto-pogolem-broj-foto/ Tue, 07 Nov 2023 08:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325665

По многуте медиумски написи поврзани со приватноста, за пејачката Антониа Гиговска дојде време повторно да се вратат и насловите поврзани со нејзината музичка кариера. Помина речиси една година откако Тониа како што милува да ја нарекуваат, кариерата ја стави во мирување поради бременоста, а потоа и раѓањето на синчето Киан. Но, сега дојде време тоа да се смени, односно да се врати на старо. Гиговска наодамна најави дека своите фанови ќе ги изненади со нова песна, а дека турбо работи на истата во студио заедно со хитмејкерот Дарко Димитров, покажа во едно од своите стори објави. Па така, не само што ќе се приврши и аудиото, Антониа веќе е тргната во реализација и на спот за кој има барање до своите следбеници. Имено, таа ги повика во што поголем број да се пријават за статисти на видеото каде ќе бидат сите под маски. На музички план нештата тргнаа да се менуваат, а со тоа и новата етапа од животот на пејачката која сега дополнително ќе има инспирација, љубов и сознание дека некој што најмногу ја сака и му треба, ја чека да се врати дома, а тоа се разбира е бебето Киан. Инаку, Антониа неодамна по некоку месеци повторно застана на сцена и ја запеа заедно со Пајак нивната „Хабиби“ за роденденот на „Бекстејџ“. фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска]]>

Пејачката Нели Фуртадо која беше популарна пред две децении, денес тешко да ја препознаете (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-neli-furtado-koja-beshe-popularna-pred-dve-detsenii-denes-teshko-da-ja-prepoznaete-foto/ Wed, 09 Aug 2023 10:53:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313142

Канадската пејачка со португалско потекло, Нели Фуртадо (44), го одбележа почетокот на 2000-тите со бројни хитови кои и денес честопати ги слушаме, пред сè оние од времето на нејзината соработка со продуцентот Тимбаленд. Само дел од песните кои ја одбележале нејзината кариера се „Say It Right“, „Maneater“ и „I’m Like a Bird“, а во периодот од 2000 до 20009 година снимила 4 албуми, а по подолга пауза следеле уште 2. Таа освоила голем број признанија, меѓу кои и „Греми“, но пред извесно време се повлече од сцената откако било откриено дека пеела на забавата на поранешниот либиски лидер, Моамер ел Гадафи за хонорар од еден милион долари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nelly Furtado (@nellyfurtado)

Тогаш ветила дека ќе ги донира овие пари во хуманитарни цели и продолжила да настапува, но сè поретко, а подоцнежните албуми не постигнаа толкав успех како оние од почетокот на нејзината кариера. Во првите години од музичките почетоци таа ја добила ќерка со тогашното момче, Џаспер Гахунија, а пред две години на „Инстаграм“ открила дека има уште две деца, додека подоцна за „Вог“ изјавила дека е мајка на уште едно девојче и момче.
 
Во меѓувреме, сè почесто привлекувала внимание со приватниот живот, бидејќи отворено зборувала за бисексуалноста, за дијагнозата АДХД, со купувањето скапоцени недвижнини, борбата со килограми … Како што признала, на нејзината одлука да се повлече од сцената влијаела и нејзината борба со менталното здравје „Доживеав нервен слом на сцената“, изјавила своевремено за „Дејли меил“. „Бев на турнејата „Loose“, а со мене беше и ќерка ми. Бев и мајка и пејачка на пат. Бев исцрпена. Потоа, една вечер се качив на бината и сфатив колку сум под стрес. На крајот се изнаплакав при изведувањето на првите две песни. Веднаш направив пауза од музиката и заминав дома. Сфатив дека она што ми треба е да бидам дома со целото мое семејство“.
 
За тоа време ретко ја гледавме Нели, а сега најавува голем камбек! фото:Инстаграм принтскрин]]>

Врчак ја заинтригира јавноста со необичната најава за „Да ме лижнеш“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vrchak-ja-zaintrigira-javnosta-so-neobichnata-najava-za-promocija-na-novata-da-me-liznesh-video/ Thu, 22 Dec 2022 11:24:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281247

Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но оние што очекуваа да слушнат музика во неговиот вообичаен стил како од минатото можеби останаа збунети заради долгиот вовед. Видеото не е само долга лекција, туку песната започнува на 1:55 и е во контекст на сите сериозни теми за кои што претходно зборувал. Ви се допаѓа ли? Во новото видео од речиси два часа Раде Врчаковски Врчак ќе ви одржи лекција за тоа како изгледа нашиот живот денес, а ќе ги слушнете и темите за кои се опседнуваат луѓето – начин на исхрана, борба против ропство на животинчиња и секако, за сето тоа имаше провокативна најава на песната во стил на ТикТок видео на кое се смее и ја заведува публиката. Очигледно ќе има уште нови песни во кои ќе имаме можност да откриеме дополнително што сака да ни каже Врчак. „И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Манастирски сон“ се само некои од песните по кои го помниме, а сега за да ја слушнете новата песна ќе треба прво внимателно да го ислушате најдолгиот вовед на сите времиња. Во новиот видео спот кој трае околу 2 часа, можеме да го проследиме научниот труд на Раде за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна… Сето тоа базирано на неговите долгогодишни истражувања, собирања информации и забележани искуства. Како што вели и сам, студирал медицина и има диплома од „Беркли“. Сите откритија се сумирани во воведот на неговата нова песна насловена „Да ме лижнеш“, каде говори против „ропството на животинчиња“. Тој на Фејсбук сподели линк од новиот спот, а над него напиша: „Во видеото има и официјална НАЈАВА НА АЛБУМОТ КОЈ ГО СНИМАВМЕ ВО АМЕРИКА (во PARAMOUNT, Калифорнија) со на Бруно Марс инженерот и одлични артисти од Лос Анџелес. Амерички албум е, врв е албумот, велат самите Американци, меѓу кои се и искусни мегахит мејкери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со милијарди гледаност на YouТube). Велат одлично ќе помине албумот во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцентска куќа на Will I AM (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано). Во видеото има подетални информации за сѐ ова (и како се случи сѐ), како и за научните откритија кои ни се случија во државата (а се поврзани со научните откритија, нешто поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек сè во видеото, за повеќе Нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската Здравствена Организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без ропство на планетата Земја. Држете ни среќа“. Ако сакате да го скокнете воведот и директно да ја слушнете песната кликнете на 1 час и 55 минути. Претходно Раде објави кратко видео во кое ја најави новата песна во Македонија, а многумина коментираат за неговиот нов изглед. Раде изгледа како да се подмладил, а во видео спотот ни откри која е неговата „фонтана на младоста“. ]]>

Елена Ристеска го најави она што обожавателите долго време го очекуваат од неа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-go-najavi-ona-shto-obozavatelite-dolgo-vreme-go-ochekuvaat-od-nea-foto/ Fri, 01 Jul 2022 09:06:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256652

Откако го започна бизнисот со парфемите и козметичката линија, пејачката Елена Ристеска комлетно се предаде на овој свој деловен подвиг, така што музиката остана во позадина. Оттогаш помина доста време, а нова песна од Елена не сме слушнале. Неодамна во емисијата „Еден на еден“ пееше заедно со Ламбе, момент кога повторно држеше микрофон во рака пред камери за да го пушти својот препознатлив вокал.
Но, неодамна Елена се реши да се врати на она што најдобро го знае или го прави речиси две децении. Елена беше дел од фестивалот на нова музика „Наше море, наши скали“се одржа деновиве во Херцег Нови во организација на “Адриа и Јадран медиумска групација”. Инаку, пејачката Елена Ристеска не настапуваше на сцената, но беше во официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот. Оттаму Елена прати поздрав на Инстаграм и напиша нешто кое нејзините обожаватели одамна го очекуваат – нова музика од неа.
-Заврши долгонајавуваниот балкански фестивал “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Импресии одлични, учесници уште поодлични, море совршено.. Уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Заедно со “Адриа и Јадран медиска група” и @radio_s1 пробавме да направиме нешто поразлично од досегашните фестивали, со надеж дека секој следен фестивал ќе биде подобар. Следен проект- нова музика од мене, најавува Елена Ристеска, а се надеваме дека оваа најава ќе се реализира за брзо време. фото:елена ристеска/инстаграм]]>

Еве колку милиони и нудат продуцентите на Меган Маркл за нејзиниот камбек во актерството https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kolku-milioni-i-nudat-producentite-na-megan-markl-za-nejziniot-kambek-vo-akterstvoto/ Wed, 19 Aug 2020 12:03:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164043

Како што шпекулираат странските медиуми, Меган Маркл (38) планира да се врати на актерството, а продуцентите се тркаат во чиј проект таа ќе се појави прво. Тие тврдат дека поранешната војвотка од Сасекс може да заработи 50 милиони долари за нејзиното камбек деби, пишува Mirror. Холивудскиот режисер Пол Фиг (57) изјави дека многумина се обидуваат да склучат договор со Меган, а на прашањето дали ќе ја ангажира за некој од неговите филмови, тој како од топ одговори ДА.
 
View this post on Instagram
 
Have a lovely weekend everyone ? @meghanmarkle_official

A post shared by Meghan Markle ? (@meghanmarkle_official) on

– Доведете ја кај мене, навистина би сакал. Мислам дека таа е одлична, јас сум нејзин фан. Британскиот менаџер за таленти Џонатан Сигмунд Шалит изјави дека нејзиното враќање на сцената ќе биде феноменално. – Каква и да е улогата што ќе ја игра, сите ќе сакаат да ја видат. Зборуваме за 50 милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога таа ќе се појави. Ако случајно се врати во серијалот „Suits“, тоа ќе биде најгледаната серија на светот – рече тој за „Мирор“. Шалит смета дека Меган мора внимателно да го избере тимот на актери со кои ќе работи доколку сака да успее во нејзиното враќање. Тој тврди дека таа има неверојатни способности со кои може да ги воодушеви филмските продуценти.
 
View this post on Instagram
 
Meghan and Harry spotted in Beverly Hills ? @meghanmarkle_official

Потсетуваме, Меган и Хари пред неколку месеци поднесоа оставки од своите должности како членови на англиското кралско семејство, по што се преселија во Америка. Тие неодамна купија луксузна куќа во Санта Барбара, и ја одбраа таа локација затоа што е блиску до Холивуд. Вилата има 18.000 квадратни метри и има 5,4 хектари земја, базен, тениско игралиште, гостинска област и главна куќа. Има девет спални соби, 16 купатила, а за тоа платиле 14,6 милиони долари.]]>