калуш оркестра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 May 2022 11:36:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png калуш оркестра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се појавија скриени снимки: Украинските победници на Евровизија излегоа на сцената со „Хитлеровиот поздрав“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-pojavija-skrieni-snimki-ukrainskite-pobednici-na-evrovizija-izlegoa-na-scenata-so-hitleroviot-pozdrav-foto/ Tue, 17 May 2022 11:36:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250833

Срамното однесување на евровизиските победници ја шокираше јавноста. Победата на Украина на годинешниот Евросонг предизвика многу реакции, а дел од јавноста е убедена дека „Калуш Оркестра“                незаслужено го освои првото место. Додека течат полемиките  за тоа дали Украинците добија победа поради актуелната војна во нивната земја, на социјалните мрежи почнаа да кружат вознемирувачки видеа од финалната вечер на Евровизија. Имено, јасно е дека во еден момент, пред да излезе на сцената, фронтменот на бендот, Олег Псијук, ја подигнал раката и го покажал нацистичкиот поздрав „зиг хајл“  на Хитлер. Во тој момент ТВ кадарот бил тргнат од бендот и префрлен на водителите на програмата, а организаторите на најпознатото музичко натпреварување глумела дека ништо не виделе и ништо не се случило. Но, Украина не е единствената земја која ги прекршила правилата на евровизискиот натпревар. Албанската претставничка  Ронела Хајати на својот настап со рацете го покажа двоглавиот орел, симболот на т.н. Голема Албанија и иако е во спротивност со правилата на Евровизија, таа не е санкционирана поради срамната постапка. Фото: Твитер принтскрин/Walter the Kranky-Tankie]]>

Ова е видеото на „Калуш оркестра“ за нивната победничка песна на „Евровизија 2022“ – „Стефанија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-videoto-na-kalush-orkestra-za-nivnata-pobednichka-pesna-na-evrovizija-stefanija-video/ Mon, 16 May 2022 12:38:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250652

Украина победи на годинешнава Евровизија со песната насловена „Стефанија“. Интересен спој на изворниот украински фолклор и современите музички урбани жанрови каков што е рапот. Настапот, кореографијата, костимите, танцувачката вештина, поткрепени со светлосно - визуелните ефекти, во многу што придонесоа „Калуш оркестра“ со оваа песна да и ја донесат победата на Украина. Иако сите сметаат дексе работи за наменска тема компонирана за ужасите на војната и судбината на малиот обичен човек во неа, сепак нејзиниот автор има поинаква приказна за тоа како настанала: „Оваа песна еднаш и ја посветив на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења.Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе почнаа да ја поврзуваат песната за мајката со  мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако сега Стефанија е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“! Инаку видеото на „Калуш оркестра“ за „Стефанија“ е темелено на вистински настани за време на воената агресија во Украина во 2022 година, а како сето тоа изгледа погледнете подолу: ]]>

Украина победи на Евровизија 2022 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-pobedi-na-evrovizija-2022-video/ Sun, 15 May 2022 07:56:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250399

Украина е победник на изборот за песна на Евровизија 2022. Иако националните жирија му дадоа повеќе на претставникот на Обединетото Кралство, публиката го реши победникот со огромни 439 поени. Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најдобра во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија. Србија беше единствена од земјите на територијата на поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, го освои одличното 5. место. Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија. Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји. Финалето на Евровизија се одржа во салата Пала Олимпико во Торино - Италија. Вака изггледаше и звучеше победничкиот евровизиски настап на „Калуш Оркестра“  од Украина на Евросонг 2022:  Фото: Скриншот/ Јутјуб Видео: Јутјуб]]>