кали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Oct 2021 13:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-chista-petka-e-ona-shto-kali-go-pee-i-sviri-iako-se-vika-4-video/ Tue, 19 Oct 2021 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223633

Калина Велковска  која  на последниот „Макфест“ ја изведе  амбиенталната поп-рок балада „4“ и беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот, истата неодамна ја визуелизираше со интересно видео. Кали, како што сите ја познаваат, покрај својата извонредна вокална изведба и сценскот фестивалски настап, покажа дека може да биде и „неодоливо привлечна“, пожелна и сексапилна, а во исто време бескрајно емотивна, шармантна и сугестивно впечатлива и кога е во прашање нејзината актерска улога. Имено, видеото кое маестрално го режирал познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски изобилува и со еротски набој, амбиент кој максимално соодветствува со лириката во стиховите на песната, а од друга страна ја визуелизира целокупната емоција која пејачката ја вградила во песната. Нераздвојна симбиоза на аудиото и видеото во еден единствен аудиовизуелен впечаток за комплетно доживување на „4“-ка, која и звучи и изгледа за „5-ка'! Инаку темата „4“ е комплетно авторско дело на уште една позната македонска поп ѕвезда, пејачката и харфистка Сара Мејс, која ги потпишува и музиката и стиховите, кои звучат прилично (авто?)биографски, како да се дел од нечија животна љубовна приказна, а музиката повеќе од зрело за една дама која не е исклучиво позната како композитор. Аранжманот и продукцијата кои исто толку свежо делуваат се на Иван Петровски, а пијаното го свири Петар Лукиќ. Се на се', макфестовската „4“ како и самата Кали се вистинско откритие на домашната сцена, барем за пошироката јавност, зашто оние, особено помладите  што „не можат без музика“ и претходно добро ја познаваат и од нејзините перформанси на социјалните мрежи и од настапите по ноќните клубови. Секако, охрабрување и мотив повеќе и за Сара Мејс, покрај свирачко-пејачките квалитети, посмело да се впушти и во своите музичко-авторски способности. ]]>

„Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/last-expedition-i-prijatelite-od-silnata-ljubov-kon-mesto-vo-koe-ziveeme-ja-sozdadoa-majka-video/ Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206560

Во море на патриотски и навивачки песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на „Last Expedition“  и пријателите се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енис Хаџиќ - Енко, лидерот на култниот македонски бенд.
Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол. „Свири 'Експедишн' во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите –вели Енис Хаџиќ. За песната е реализирано лирик-видео, со преубава зајдисонце фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа. Дека сето тоа звучи изгледа одлично без сомнение, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=BTRahAeLDXY
]]>

„Фин проект“, Кали, Васко Атанасоски и Тена Рак – „Дај некој благослов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fin-proekt-kali-vasko-atanasoski-i-tena-rak-daj-nekoj-blagoslov-video/ Fri, 22 Jun 2018 07:52:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33816

„Фин проект“, Кали, Васко Атанасоски и Тена Рак (Власта Попиќ) ги здружија силите за темата насловена „Дај некој благослов“, воедно и најавен сингл од новиот албум на „Фин проект“„RE: vision“. Автор на музиката, аранжманот и продукцијата се на Никола Стојковски од  „Фин проект“, а стиховите се дело на Васко Атанасоски. Песната е визуализирана користејќи сцени од филмот „Малиот бог на љубовта“, напишан, режиран и монтиран од црногорскиот режисер Жељко Сошиќ, во кој една од главните улоги ја игра познатиот македонски актер Никола Ристановски.
„Музичко, лиричко и атмосферско разладување од висока категорија. Студено-мелодична драм-ен-бејс градска фонтана, со одлично искомбинирани машки и женски вокали, кои шепотат за некаква колективна урбана празнотија и осаменост… или можеби е приватна приказна.
Како изгледа и звучи оваа одлична соработка, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=6rVtxlj-nhQ  ]]>

КАЛИ – „Ти ми зеде се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kali-ti-mi-zede-se-video/ Mon, 16 Apr 2018 08:11:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20961

Калина Велковска, или само Кали е една од најнадежните нови вокални имиња на македонската естрадна сцена. Инаку,  клубската публиката ја познава како членка на групите „Мјузаик“,  „Аутмајнд“ и „Ла колони Волвокс“, но и по соработките со Калиопи како нејзин придружен вокал во 2016 на Евровизијата во Стокхолм,  Александар Ристовски – Принц,  Горан Папаз и како дел од музичко - ѕвездениот екипаж на проектот:  „Floating through space with Sarah Mace“ на Сара Мејс.
Талентираната пејачка со препознатлив вокал сега ја има и својата прв соло-песна насловена „Ти ми зеде сè“, чиј комплетен автор е познатиот македонски композитор и продуцент Александар Масевски.
Сето тоа  спакувано со интересна визуализација, за која се погрижил Александар Ристовски – Принц, додека во видеото Кали танцува на кореографија на Јана Петровска и Ивана Балабанова од „Битрикс кру“, а за нејзиниот „Лејди Гага“ изглед се погрижиле Зорица Николова (шминка и фризура) и Еми Норис (накит). Проследете  го првото соло остварување на Кали: https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=JuhyrFbZ0gY]]>

Принц и подари на Кали – „Шарена банана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/princ-i-podari-na-kali-sharena-banana-video/ Fri, 02 Feb 2018 12:21:51 +0000 http://vistina.mk/?p=11543

После подолга пауза од сцената, но само како самостоен изведувач, Александар Ристовски Принц деновиве ја објави темата „Шарена банана“, во која гостува колешката Калина Велковска, позната само како Кали.
„Инспирацијата за оваа песна ми дојде во продавница, гледајќи ги шарените банани тргнати на страна. Обично тие банани се најблаги и највкусни за јадење, но децата не ги сакаат. И така ми дојде идеја да ја персонифицирам обесправената слатка банана, па само ја поврзав приказната со девојка“, вели Принц.
„Шарената банана“ доби и свое официјално видео во режија на самиот Принц, во кое покрај него и Кали се појавуваат и Александар Ванчовски – Џигер на тапани, Јане Тодоровски на бас и Петар Лукиќ на клавијатури. Песната воедно е најава за нов албум, кој наскоро ќе биде достапен за преземање од најголемите светски платформи како што се Ајтјунс, Гугл плеј и Спотифај. https://www.youtube.com/watch?v=o-KIb-VXFus  ]]>