како во сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png како во сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Силви бенд“, Џон Апелгрен и Дамјан Пејчиновски со заедничка латино смут џез балада ќе ве внесат – „Како во сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-dhon-apelgren-i-damjan-pejchinovski-so-zaednichka-latino-smut-dhez-balada-ke-ve-vnesat-kako-vo-son-video/ Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332811

Влатко и Силви или обајцата попознати како „Силви бенд“ со децении упсешно опстојуваат на македонската естрадна сцена. Токму на ова брачно - музичко дуо, во нивната семејна хармонија им се приклучија уште две познати имиња. Најдобриот македонски џез изведувач Џон Апрелгрен и гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиновски,па сите здружени дадоа секој свое парче умешност и душа во нивната заедничка тема во вид на  латино смут џез балада „како во сон“ со која полека ќе ве внесат во новогодишното расположение пред дочекот на Новата 2024 година. Автор на оваа ненаметливо, а сепак толку слушливо музичко парче е Бобан Мучиќ, текстот е на Силвана Мучиќ  Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш. Покрај несомнено маестралната свирка, Силви и Џони уште еднаш ги потврдуваат своите вонсериски вокални можности, со својот сугестивен ненаметлив, а толку впечатлив вокал, која за ваков тип на музика бара посебно умешна изведба. Се разбира тука се и гитарските делници, особено забележливи во акустичното латино џез соло на Пејчин, кој по кој знае кој пат ја потврдува својата гитарска класа. Пеењето по принципот малку соло, малку дует, малку на македонски малку на англиски и дава необична нота и дополнителна доза на шарм на темата која бргу влегува во уши и го освојува срцето. Кога  сето тоа ќе се naдополни со визуелизацијата во која покрај споменатите изведувачи главни протагонисти се младата латино танчарска двојка која и дава доплнителен шарм и топлина на целокупната атмосфера создадена од  звучната слика која го милува слухот, станува јасно дека имаме можеби за овие времиња нетипична музичка тема, но затоа иден евергрин класик кој останува засекогаш. Како сето тоа звучи и изгледа кога Силви, Влатко, Џон, Пејчин и младите танчари ќе се обидат да ве внесат „Како во сон“ кој ќе посакате уште неколку пати „на repeat да го сонувате“ без сомнение, проследете од видеото во продолжение... ]]>

„Силви бенд“ со нов албум „Како во сон“ и преработка на старата македонска песна – „Ја излези стара мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-nov-album-kako-vo-son-i-prerabotka-na-starata-makedonska-pesna-ja-izlezi-stara-majko-video/ Wed, 11 Jan 2023 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283609

Брачната музичка двојка Силви и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ во последната недела од годината што измина, го издадоа најновиот  нивни албум, осми по ред насловен: „Како во сон“. Од него како сингл се издвои пилот темата „Ја излези стара мајко“, што е всушност своевидна преработка во поп, амбинтален и џез стил на старата традиционална добро позната македонска изворна песна. Истата се нашла на албумот зошто е инспириран од вистинскиот настан кој пред многу години се случил токму во семејна куќа на Влатко Плевнеш во Охрид. „Во семејната куќа на  Плевнеш во стариот Охрид, а во која сега доаѓаме само преку лето, настанала таа толку убава песна - 'Ја излези стара мајко'. Тоа ни го откри еден охриѓанец кој го знае богатото минато на градот и песната. Човекот со многу емоции и со голема радост ни раскажа дека една млада мома - охриѓанка, која во тоа време живеела во оваа куќа, се вљубила во младото момче, а тоа бил Осман бег. Таа често ја повикувала својата мајка да излезе на пенџерето за да го види нејзиното момчето Осман бег, кое тука поминувало на коњ покрај куќата“ - ја раскажува Силви приказната за настанокот на песната кои тие со задоволство ја преработија како дел од новиот албум, чија промоција се одвиваше на 22 декември во кафулето Филхармонија во Скопје, каде воедно беше промовиран и видеозаписот за споменатата нумера. Спотот се снимал на неколку локации во Охрид, а го реализираше охридската „ИН продукција“, а во него како Осман бег  се појавува охриѓанецот Благоја Ристески. Како звучи современата верзија на „Ја излези стара мајко“ во изведба на „Силви бенд“  визуелизирана со видозапис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>