како некогаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Sep 2019 11:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png како некогаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Биба Додева пее за изгубената животна љубов во фестивалската – „Како некогаш“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-pee-za-izgubenata-zivotna-ljubov-vo-festivalskata-kako-nekogash-lirik-video/ Thu, 12 Sep 2019 11:32:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106527

Како некогаш“ е насловот на победничката песна  со која Биба Додева триумфираше на поп-вечерта на годинешниов фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“, кој се одржа првиот викенд во септември. Пејачката вели дека се работи за  автобиографска тема во која таа пее за љубовта на својот живот - нејзината мајка, која ја загубила во борбата со опаката болест - канцерот.
  Автор на музиката и аранжманот на оваа моќна балада е композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин, на чија музика совршено легнала приказната од текстот која ја напишала поетесата Ана Бунтеска.
  „Песната е автобиографска... И моја и на Ана, и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, со Ана се познаваме многу оддамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, почитувачи нејзиниот збор, нејзините стихови и песни и сето она што таа го прави“ -  изјавила Биба во бекстејџот на „Охрид фест“ за Женски магазин и продолжува:
  „Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам да правам албум, сакам таа да ми ги пишува текстовите…“ - заклучува Биба. И еве, соработката стартуваше!
  Покрај музиката и аранжманот на победничката песна, Дојчин ги изработел и миксот, мастерингот и продукцијата на песната, која како звучи можете да слушнете читајќи ги стиховите на лирик видеото на „Како некогаш“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_5oFp-t-wYQ    ]]>