како дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 05 Nov 2022 05:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png како дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска уште еднаш докажа дека е позната „белјаџика“: Пејачката е „расипувач на забави“ и во теретана (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-ushte-ednash-dokaza-deka-e-poznata-beljadzika-pejachkata-e-rasipuvach-na-zabavi-i-vo-teretana-video/ Sat, 05 Nov 2022 08:50:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272371

Дека е брилијантна пејачка, Тамара Тодевска оддамна докажала и потврдила. Ама и дека е палава и „немирна ко дете“ - не престанува да докажува… Дури и ден денес кога е доволно зрела и возрасна, посветена мајка и сопруга, вистинска дама и госпоѓа... Тамара на моменти е сепак едно гооолемооо, големо дете! Но тоа е веројатно дел од карактерот кој тешко се менува, туку само може помалку или повеќе да се нивелира, да се бруси, но до одредени граници… Како што еднаш напишабме, како заб до живецот… Натаму не е возможно! Пејачката оваа своја карактерна особина уште еднаш ја покажа и докажа, овој пат во теретана. Имено, како што е познато Тамара својата линија вредно и посветено ја одржува со напорни вежби во теретана. Така и овој пат на последниот тренинг дојде стегната во хеланки, патики, маичка  на прерамки и спортско капче на главата, па прво што фати од справите беше бесконечната лента. Ако не може да се пешачи по кеј, на Водно, низ град, може на бесконечна трака. Арно ама дури и кога е качена на трака,  другите со неа имаат мака!  Особено додека така вежба и стане  здодевно или ја фатат „црвчињата“, тогаш на која и да сте справа, па дури  и да дубите на глава, Тамара ќе дојде да ве задева и зафркава! Така и овој пат пејачкта покажа дека е  докажана „белјаџика“... „Расипувач на забави“ на оние кои го можат она, што таа (се' уште) не може да го направи... Па и е криво? Или барем така се однесува од чиста досада, заради своја забава... Се разбира сето тоа, па и оваа нејзина „белја“  е само на шега, иако поговорката вели дека... „Секоја шега е во тесна спрега со вистината“!? Сепак, веруваме дека не е баш така, туку дека она што ќе го видите во видеото кое го споделиле и Тамара и нејзината пријателка, не е од пакост, туку само од палавост! Зашто сите добро знаат, па и тие двете, дека Тамара и денес е... „Немирна ко дете“! Фотои видео: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska]]>

Осамнаа досега невидени фотографии на Џеј: Пејачот како дете, со Цеца пред да станат славни, на свадбата со неговата бивша сопруга Нада, но и со нашиот Тоше! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/osamnaa-dosega-nevideni-fotografii-na-dzej-pejachot-kako-dete-so-ceca-pred-da-stanat-slavni-na-svadbata-so-negovata-bivsha-sopruga-nada-no-i-so-nashiot-toshe-foto/ Thu, 17 Dec 2020 09:53:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181327

Откако Џеј Рамадановски почина во својот стан во Дорќол,  тагата по него не стивнува. зад себе остави голем број хитови кои го направија славен и популарен, тој беше познат и по своите добри дела, за што беше неизмерно сакан, а по смртта и така достоинствено испратен. Иако важеше за голем шмекер и боем од Дорќол,  за време на својот живот, Џеј често зборуваше за неговата поранешна сопруга Нада, со која има две ќерки - Ана и Марија. Тој не престана да раскажува колку многу ја сакал, па дури и дека го истетовирал нејзиното име на раката. Нада речиси никогаш не се појави во јавноста, сè до погребот на пејачот. По неговото заминување, осамна и неколку досега невидени фотографии, меѓу кои и онаа направена на нивната венчавка. Невестата блескала во венчаница и бисери околу вратот, додека Џеј носел сив костум и пеперутка-вратоврска околу вратот. Покрај оваа, можеби најинтересни се уште две-три малку познати фотографии од животот на пејачот. Едната од младоста, од почетоците на кариерата направена заедно со фолк дивата Цеца, кога обајцата се' уште не биле толку популарни, познати и славни. Втората, направена во некој белградски локал заедно со нашата музичка легенда, нашиот ангел Тоше. И онаа црно-белата, од најраното детство, кога малиот пионер Џеј настапувал во училиштето, уште тогаш покажувајќи го својот талент за музика на една приредба. Фото: Инстаграм принтскрин/estradnimuzickivremeplov]]>