како да се справите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Oct 2021 12:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png како да се справите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Проблеми во врска: Како да се расправате подобро? https://arhiva.vistina.com.mk/problemi-vo-vrska-kako-da-se-raspravate-podobro-2/ Thu, 07 Oct 2021 13:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222246

Сите двојки одвреме-навреме се соочуваат со проблеми и тоа е сосема нормално. Дури и се смета дека е здраво во врската повремено да се јавуваат несогласувања, но многу е важно да не се игнорираат проблемите, туку да се решаваат. Познатиот терапевт Џон Готман ги идзвојува овие четири најчести грешки при расправање со партнерот и нуди решенија како да се подобрите во расправањето.

Напад

Кога се расправате со партнерот, наместо да ги формулирате речениците со „јас“, најчесто ги користите агресивните изјави со „ти“, односно оние како „ти секогаш...“ и „ти никогаш...“. Тоа е класично критикување. Наместо тоа, Готман советува да ги преформулирате своите изјави, за да не мора другиот да се „брани“ по секоја ваша реченица и така дискусијата излегува од контрола. Престанете да го критикувате партнерот и користете помек и потопол тон кога се обраќате. Почнете ја изјавата со „Се чувствувам повредено“ наместо „Ти ме повреди“. Исто така можете да ги користите „Загрижен/а сум поради...“ или „Сметам дека...“

Одбрана

Кога се чувствувате дека партнерот ве напаѓа, ви се чини дека немате друг избор освен да се браните како одговор на тоа. Сепак, Готман советува да престанете да се браните и да преземете одговорност за своето однесување. „Тоа навистина беше непромислено, не требаше да се однесувам така/да го направат тоа“, „Ајде да се обидеме да најдеме заеднички јазик“ или „Ајде да се обидеме одново“ се многу подобри појдовни точки за решавање на напнатата ситуација од „Ти не знаеш“, „Ти не ме разбираш“...

Презир

Презирот се јавува откако веќе е установено однесувањето на напад и одбрана. Многу е важно во врската да бидете рамноправни за да ви напредува односот. Но ако едниот партнер постојано се однесува така (напаѓа, се брани или и двете), со тек на време кај другиот ќе се јави презир. Советот на познатиот терапевт е да научите да се цените еден со друг. За промена, пред да почнете да фрлате „отровни стрели“, почнете го разговорот со тоа што ќе му кажете на другиот дека сте среќни што го имате во животот, дека сакате да го решите проблемот за да имате подобра иднина, дека се расправате за „вас“, не за да има победник во расправијата. Едноставно, бидејќи се сакате.

Кулирање

Ако вашите расправии често се сведуваат на напад и одбрана, не бидете изненадени ако со тек на време „отрпнете“ на расправањето и почнувате да одолговлекувате, односно да се повлекувате. Под кулирање се подразбира она кога среде расправија просто замолчувате и се повлекувате, другиот останува емотивно изолиран, а расправијата останува да виси во воздухот. Готман советува да примените методи за смирување, да предложите „тајм-аут“ за да може свесно да се фокусирате и да ги најдете соодветните зборови. Можеби ви доаѓа чувство на бес, беспомошност, можеби ви се плаче... Во секој случај, направете го повлекувањето со ставање до знаење на партнерот дека ви треба време да се приберете. Откако ќе се смирите, продолжете со цивилизиран разговор. Извор: Кајгана]]>

Како да се справите со стравот од раскинување? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-spravite-so-stravot-od-raskinuvanje/ Thu, 13 Feb 2020 13:39:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134106

Некои луѓе толку многу се плашат да ја прекинат врската во која се, што порадо би ги жртвувале шансите да најдат долгорочна среќа, отколку да издржат неколку тешки часа за раскинување. Но, непријатноста од раскинувањето може да се надмине ако сфатиме дека ставањето крај на врската не мора да значи уништување на партнерот, туку дека може со тоа да му го спасите животот и да му дадете и нему шанса да најде среќа. Да замислиме дека знаеме што сакаме (да излеземе од врската), но дека се соочуваме со проблем кој нѐ спречува да ги оствариме нашите желби: не можеме да ја поднесеме помислата дека ќе му нанесеме болка на другиот, особено ако таа личност е некој кон кој чувствуваме лојалност, кој бил добар со нас, кој смета на нашата заштита и ја гледа својата иднина со нас, кој има очекувања од нас или е некој со кој планираме голема промена, како преселба во друг град, држава, па и континент. Можеби повеќе пати сме се нашле во ситуација во која сме биле сигрни дека ќе раскинеме, но сме се премислувале во последен момент. Си кажуваме (се убедуваме!) дека ќе го направиме тоа „по празниците“, „кога ќе му/ѝ помине роденденот“, „наутро“, „следниот месец“, „следната година“.... и ред други крајни рокови кои само доаѓаат и поминуваат. Како да се справите со стравот од раскинувањето, научете од ова видео на The School of Life. извор: Кајгана]]>