како да го подобрите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Oct 2021 11:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png како да го подобрите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четири лесни начини да го подобрите вашиот емотивен однос: Избегнете ги замките! https://arhiva.vistina.com.mk/chetiri-lesni-nachini-da-go-podobrite-vashiot-emotiven-odnos-izbegnete-gi-zamkite/ Fri, 29 Oct 2021 13:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225253

Без разлика дали се забавувате со партнерот шест месеци или сте во брак со години, љубовната врска треба да се заснова на взаемна посветеност, почит и напорна работа. Меѓутоа, поради брзиот живот и многуте обврски, многумина забораваат пред се на себе, а потоа на своите најблиски, па запаѓаат во рутина која воопшто не влијае добро на врските. Бидејќи ниедна врска не е совршена, не треба да се стремите кон совршенство, туку одвреме-навреме потсетувајте се себеси и вашата сакана на ситници, посветете се еден на друг и подобрете ја вашата емотивна врска. Еве само неколку примери за тоа како можете да го направите ова:

1. Разговарајте за нови теми

Комуникацијата е клучот за добра и долготрајна врска, но понекогаш се разговара за исти теми и се забораваат секојдневните прашања како на пример како го поминале денот и слично. Потрудете се малку и прашајте ја саканата личност за денот зад вас или најдете нови заеднички теми и разговарајте за нив.

2. Одвојте време за себе

И покрај зафатените распореди, брзиот живот и многуте обврски, обидете се да најдете време за себе. Заедно определете еден ден кога ќе ги исклучите телефоните и ќе бидете упатени само еден кон друг. Ова не мора да значи патување, скапи вечери или одење во бањи, но може да биде сосема обична вечер и гледање филм заедно со пуканки.

3. Покажете благодарност

Добрата работа за функционалните врски е што секогаш можете да се потпрете еден на друг. Меѓутоа, во целиот процес поединците понекогаш ги земаат здраво за готово таквите работи. За волја на вистината, ниту еден партнер не е должен секогаш да точи гориво, да си купува омилен сладолед или да се грижи дали сметките се платени – тоа е само негов или нејзин избор. Затоа, никогаш не заборавајте да ги цените таквите работи и секогаш да се заблагодарувате.

4. Координирајте ги обврските

Иако секој од вас треба да има свои обврски, хоби, интереси, пријатели…, не е полошо одвреме-навреме да се консултирате со партнерот за усогласување на обврските. Така ќе имате повеќе време еден за друг и нема да се гледате само на минување. извор: Курир.мк]]>