кајмак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кајмак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dominatsija-na-tsrven-kilim-na-saraevski-filmski-festival-ana-stojanovska-go-noseshe-najseksapilniot-fustan-od-koj-pogledot-kon-nea-ostanuva-fiksiran-foto/ Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314204

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа. Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг. Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става. Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира. Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува. Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ. Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска]]>

„Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера https://arhiva.vistina.com.mk/kajmak-vecherva-ke-ja-dozhivee-danskata-premiera/ Mon, 19 Jun 2023 12:07:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306816

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж). Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн. Светскиот продажен агент, Левел К од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите… „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. извор:курир.мк]]>

Премиера на „Кајмак“ и ретроспектива на Манчевски на „Софија филм фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-kajmak-i-retrospektiva-na-manchevski-na-sofija-film-fest/ Fri, 17 Mar 2023 11:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293900

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на македонски режисер Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филма и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“. „Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат“. Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега. Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март. „Во последните неколку децении ‘Софија филм фест’ ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови“, соопшти Фестивалот. Ќе бидат прикажани „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди. Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствуваат и режисерот и дел од актерката екипа. Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот. Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филма, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е зелената идеја за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на белите дробови на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април. На почетокот на месецот „Кајмак“ ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија, која успева да го одржи формалното единство, без оглед на тоа дали влијае во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и суров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“. Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на „Фест“ во Белград, каде што сите три проекции беа однапред распродени, а актерката екипа од филмот, која присуствуваше на премиерата, доживеа огромен аплауз. „Кајмак“ е седми филм на Манчевски и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТ, а поддржана од „Еуримаж“. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на „Дејниш стринг квартет“ и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти. Извор: Макфакс]]>

„Кајмак“ на Милчо Манчевски од 17 ноември премиерно во целата држава https://arhiva.vistina.com.mk/kajmak-na-milcho-manchevski-od-17-noemvri-premierno-vo-celata-drzava/ Mon, 14 Nov 2022 12:49:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275733

На големата сцена во Македонската филхармонија на 16 ноември во 20 часот ќе се одржи гала премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Веќе следниот ден премиерно ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ земјава. „Кајмак“ минатиот месец имаше светска премиера во Токио, а потоа се прикажуваше и во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Македонски продуцент е „Банана филм“. Продуцентот Јане Ќортошев на денешната прес-конференција по повод премиера на филмот, посочи дека направиле напори „Кајмак“ да игра во секое кино во целата држава, каде што за тоа има техничка можност. – Секаде каде што имаше мало, големо проекторче или вистински проектор како за на кино, таму ќе може да се погледне „Кајмак“. Од Скопје до Гевгелија, од Тетово, Гостивар, до Штип, Радовиш, Свети Николе, Богданци, Македонска Каменица, Прилеп.., буквално во цела Македонија. Истото го направивме и со „Врба“ и тоа е она што треба да се направи кога станува збор за македонски филм, рече Ќортошев. Режисерот и продуцент Милчо Манчевски на прес-конференцијата напомена дека успеале да реализираат филмот премиерно да се прикажува во исто време во целата држава. Тој се надева дека на луѓето ќе им значи филмот, потенцирајќи дека не мора да го сакаат филмот, туку доволно е само да ги „разбуди“. – Важно е да и дадеме на публиката можност да го види филмот, затоа што во крајна линија луѓето платиле филмот да се направи. Целта е да создадеш нешто убаво што ќе го оплемени човекот, ќе го натера да размисли малку, да има побогати емоции, барем во моментот додека го гледа филмот, рече режисерот. Според Манчевски, секое добро уметничко дело ја кани публиката да го гледа светот, барем на кратко, со поинакви очи. – Така и „Кајмак“ ја кани публиката не само да го види светот со поинакви очи, туку да не суди. Наместо тоа, да сочувствува со ликовите, иако сите тие во исто време се и жртви и душмани, појасни режисерот. Актерката Ана Стојановска, која го игра ликот на Виолетка, рече дека премиерата во Токио било одлично искуство. – Црвениот тепих во Токио сам по себе беше возбудлив. Филмот по се изгледа им се допадна многу на Јапонците, но и за мене и Сара, бидејќи таму првпат го гледавме филмот. Го забележавме суптилното смеење на Јапонците за време на гледањето на филмот. Толку им се допадна филмот, што не следеа целиот кварт подолу по премиерата, за да може да се сликаат со нас, додаде Стојановска. Актерот Александар Микиќ, кој го игра ликот на Карамба, рече дека тоа е прекрасно напишан лик во кој може да се пронајдат многумина. – Голем предизвик беше за мене да го играм ликот на Карамба, но од друга страна ми беше и лесно, затоа што е предобро напишан. Со Милчо се „кликнавме“ заедно уште на пробите, се надополнувавме и го градевме ликот заедно цело време. Инаку, Карамба постои. Не како конкретен човек, туку во однос на тоа дека многу луѓе можат да се пронајдат во него, објасни Микиќ на прес-конференцијата. Според актерката Камка Тоциновски, која го игра ликот на Ева, токму овој лик е тој што излегува од своја оска и го губи правецот. – Ева излегува од своја оска и го губи правецот. Ако знаеме дека среќата е некакво внатрешно чувство, тогаш Ева можеби и би можела да биде среќна, само таа едноставно нема време за тоа, објасни актерката Тоциновски. Актерката Сара Климоска, која го толкува ликот на Тоста, на прашање зошто овој лик секогаш е на дното во општеството, објасни дека тоа е затоа што Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја. – Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја, своја желба или своја пасија. Таа прифатила дека едноставно таков е животот, другите ќе одлучуваат за неа. Во првиот момент кога сфаќа дека може да ги земе работите во свои раце и дека може сама да одлучува, го користи тоа максимално, вели Климоска. „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. фото:МИА]]>

Премиера на „Кајмак“ пред охридската публика на 17 ноември https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-kajmak-pred-ohridskata-publika-na-17-noemvri/ Fri, 11 Nov 2022 13:43:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275551

На 17-ти ноември, 2022 г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид, своја премиера пред охридската публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода, пишува во најавата на Центарот за култура-Охрид.
Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Почеток 20.00 часот, карти по цена од 150 денари.]]>