кајгана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 May 2022 11:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кајгана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кралски доручек: Рецепт за аргентинска кајгана со компир, шунка и кромид https://arhiva.vistina.com.mk/kralski-doruchek-recept-za-argentinska-kajgana-so-kompir-shunka-i-kromid/ Tue, 10 May 2022 12:45:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249686

Крцкавите компири, шунката или сланината и јајцата се главните состојки за неодоливите аргентински матени јајца – revuelto Gramajo. Нема едногласен одговор на прашањето кој бил Грамајо. Додека некои велат дека тоа е полковникот опишан од Феликс Луна во романот „Soy Roca“, помошник на генералот Рока, други ќе речат дека пржените јајца своето име му го должат на сточарот Артур Гремеј, кој се вратил доцна една ноќ од прејадување, испекол јајца со помфрит и ги јадел со варена шунка. Но, без разлика на неговиот творец, аргентинските матени јајца се вкусни и заситувачки, а можете лесно да ги подготвите сами и да додадете уште неколку состојки по желба, како на пример варен грашок. Состојки: 2 компири масло за пржење маслиново масло 1 кромид 1 чешне лук 150 гр чадена шунка 5 јајца 1 млад кромид сол и бибер по вкус Подготовка: Измијте ги и излупете ги компирите. Исечете ги по должина, а потоа секое парче исечете го по должина на тенки стапчиња. Ставете ги во сад со вода и оставете ги да отстојат пет минути. Исцедете ги и исушете ги со хартиени крпи. Загрејте го маслото и пржете ги компирите 20 минути или додека не поруменат и не станат крцкави. Извадете го и исцедете го на хартиени крпи. Во голема тава загрејте две лажици маслиново масло. Додадете ги сечканиот кромид и лукот и пржете додека кромидот не стане проѕирен. Додадете ја сечканата шунка. Вкусете и, доколку е потребно, ставете бибер и сол. Во тавата се додаваат пржените компири и се додаваат изматените јајца. Промешајте и варете една минута. Тргнете ја тавата од оган и продолжете со мешање додека сè не се премачка со јајце. Додадете го сечканиот кромид и измешајте да се соедини. Послужете веднаш. извор:попара.мк]]>

Четири важни теми за кои секојдневно треба да разговарате со партнерот https://arhiva.vistina.com.mk/chetiri-vazni-temi-za-koi-sekojdnevno-treba-da-razgovarate-so-partnerot/ Fri, 24 Apr 2020 12:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146426

Без добра комуникација нема среќна врска, а доколку избегнувате да зборувате за определени теми може долгорочно да нанесете штета на љубовниот однос. Во продолжение проверете за кои теми треба да разговарате секој ден доколку сакате да имате успешна врска.

Секојдневни проблеми

Стрес на работа, расправии со блиските, тежок ден – сите проблеми може да ги споделите со партнерот и да го поттикнете да ви ги раскаже и неговите проблеми. Така градите доверба и интимност во врската.

Планови и идеи

Доколку отворено разговарате за вашите идеи и планови, ќе бидете мотивирани и полесно ќе чекорите кон сите предизвици во животот. Не чувајте ги емоциите во себе бидејќи вашиот партнер може да ви биде голема поддршка во сето она што го правите. Поминувајте повеќе време заедно бидејќи ова е една од најголемите причини за раскинување и развод. Здравје Понекогаш ги криете вашите здравствени проблеми за да не го загрижувате вашиот партнер, но здравјето секогаш треба да биде на прво место и за овој тип на проблеми треба отворено да разговарате со парнерот. Полесно ќе ја поднесете болката доколку ја споделите. Убави спомени Стручњаците сметаат дека присеќавањето на убавите моменти поминати заедно треба да бидат задолжителен дел од секојдневието на паровите. Ваквите разговори создаваат позитивна енергија и затоа потсетувајте се почесто на убавите спомени за да ја продлабочите вашата врска. извор: кајгана]]>