кафеана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 12:13:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кафеана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сања Барби редовно пее во кафеана, а овој пат таа се најде од спротивната страна: Пејачката уживаше кај една од српските легенди (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sana-barbi-redovno-pee-vo-kafeana-a-ovoj-pat-taa-se-najde-od-sprotivnata-strana-pejachkata-uzhivashe-kaj-edna-od-srpskite-legendi-foto/ Thu, 29 Feb 2024 07:10:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340627

Естрадните уметници освен што може да си бидат конкуренција едни на други можат нешто и да научат од поискусните колеги,  особено од некои кои денес важат за големи музички имиња. Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика овој пат го направи токму тоа и ги фасцинираше нејзините фанови од поинаква перспектива, па наместо некоја секси фотосесија на која го покажува нејзиното тело со бујни  облини или додека пее пред публиката таа ги изненади со нешто сосема друго. Имено, атрактивната струмичанка сподели дека заминала во Белград, па само онака случајно или со повод уживала во кафеана. Барби која е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик  но овој пат  наместо со микрофонот в рака, таа била од спротивната страна во публиката и се забавувала додека пеела фолк ѕвездата Весна Змијанац. Освен што  уживала во атмосферата, таа сето тоа и го снимила за да го сподели со нејзините следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е мошне активна. На видеото се гледа преполната кафеана како игра и пее во добро расположение заедно со Змијанац, а Барби веднаш ја вклучила камерата за спомен од овој весел момент додека Весна ги редела нејзините хитови. https://youtube.com/shorts/HLXUFP93Koc?si=vzkcJWKNoEARR7oB Фото: printskrin/instagram/sanjacincevaa]]>

Марија Луиса покаже дека и пејачките имаат душа: „Кралицата на бакшишот“ и другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, го направи она, што најчесто нејзе и го прават (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-pokazhe-deka-i-pejachkite-imaat-dusha-kralitsata-na-bakshishot-i-drugarkite-sednaa-da-slavat-pa-otkako-pesnata-ja-pogodi-go-napravi-ona-shto-najchesto-nejze-i-go-pravat-video/ Mon, 12 Feb 2024 09:30:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338330

За Марија Луиса Тодоровска е оддамна познато дека важи за „кралица на бакшишот“. Пејачката едноставно е магнет за кој „се лепат пари“ па речиси и да нема настап на кој гостите не ја опсипуваат со домашни или странски банкноти, кои како што некој рече, фолкерката знае како да им ги извлече не само со пеење, туку и со вештината на своето естрадно умеење. А тука сексапилната битолчанка е неприкосновена, како ниту една друга пејачка! Зашто кога ќе ги погоди со песната, па уште ќе знае со нив да ја сподели и емоцијата, сеедно дали е тажна или весела, гостите во тие моменти се претвораат во дарежливи клиенти, на кои заедно со гласот на пејачката од звучниците, банкнотите сами им излегуваат од паричниците! Затоа Марија е вистинска „ бакшиш кралица“ кога е во прашање умешноста на професијата! Арно ама, сте се запрашале ли некогаш, како и е нејзе? Знае ли таа да се весели и забавува? Може ли и неа да ја погоди песната? Ужива ли понекогаш и самата во она што секојдневно го прави за туѓо уживање и разонода? Во последно споделеното на своето Инстаграм стори, Марија Луиса Тодоровска покажа дека со другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, таа го направи она, што најчесто нејзе и го прават! Иако за викенди обично Марија има ангажмани,  сепак успеа да го мине дождливиот ден со другарките... Само онака заради дружба и дневен провод или нешто да прослават - сеедно, важно да е весело. Кафеана без мезе и ракија разбирливо - не бидува, како и забава без песна. А кога свирачите ќе ти ја погодат песната, паричникот сам се отовра за да го сподели бакшишот со музиката! Та било тоа и од портмонето на Марија, која покажа дека и пејачките имаат душа... И тоа широка. А и дарежлива рака! Една, па уште една и уште една... Илјадарките сами летаат! Ама, кому му е гајле, важно да е опуштено и весело! Само тоа остава траен печат во срцето! Фото и видео: luisa.todorovska]]>

Водителките западнаа во празнично расположение: Александра и Милена ги нишаа колковите пред новогодишната елка, па продолжија и во кафеана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkite-zapadnaa-vo-praznichno-raspolozhenie-aleksandra-i-milena-gi-nishaa-kolkovite-pred-novogodishnata-elka-pa-prodolzhija-i-vo-kafeana-foto/ Sat, 30 Dec 2023 08:06:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332086

Водителките на утринската емисија на  Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска и Александра Илиевска Пановска се повеќе од активни на социјалните мрежи, а своите следбеници често ги информират за сите активности и новитети. Тие две неодамна се споија и видно расположени застанаа пред новогодишната елка во студиото додека беа на работа и направија хаос со нивниот весел танц. Милена вниманието го привлече со ултра кусиот „минич “ со кој во преден план ги истакна долгите нозе и ги покажа танцувачките вештини. Александра пак во светкав комплет со истото темпо заводливо нишаше со колковите, врцкајќи се додека клекнуваше до земја насмеана до уши. Дека не им недостасуваат енергијата и стилот за да го истакнат најдоброто од себе докажаа и сега со видеото кое го постираа на социјалните мрежи.
За да биде целосно празничното расположение Милена го надополни и со чаша црвено вино која црвсто ја држеше во раката додека се забавуваа. Но ова беше само загревање, а новогодишната еуфорија заедно со колегите ја продолжија во една скопска кафеана, како што е редот и како што прават сите периодов пред Нова година. И таму пееја и задоволно се смееја  за убав крај и во добро расположение да ја започнат Новата 2024 година. Фото: Printskrin/Instgaram/aleksandra_panovska_ilievska/milena_antovska  ]]>

Домот ни е тесен, ама славата голема: Миа Костова куќната слава Свети Никола ја славеше во кафеана! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domot-ni-e-tesen-ama-slavata-golema-mia-kostova-kuknata-slava-sveti-nikola-ja-slaveshe-vo-kafeana-video/ Tue, 19 Dec 2023 09:22:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331553

Кој на 18-ти вечерта, која на 19-ти  декември, сеедно... Православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува збор за посна слава па на трпезата  доминираат посна сарма, посно гравче, риба, салати... Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… ама затоа се слави! Според едно народно верување, на овој ден не треба да го потсетувате оној кој должи. За оние кои го слават овој ден како куќна слава се носат подароци, но и оние кои го слават празникот според народните обичаи своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат по некој дар. Свети Никола го слават многумина и од познатите и јавни личности, насекаде па и кај нас, а една од нив е и познатата (се' помалку) водителка, а (се' повеќе) влијателната, а можеби и највлијателна инфлуенсерка во Македонија, Миа Костова. И сето ова не би било ниту чудно, ниту необично, да не во прашање локацијата каде русокоста вчеравечер, 18-ти декември ја славеше својата куќна слава... До душа амбиентот исто како домашен, ама далеку од дома, туку во ВИП делот на една позната скопска кафеана. Иако и традицијата и обичаите налагаат како и секоја, така и најславената куќна слава, разбирливо да се слави во домот, Миа Костова за Свети Никола имала поинакви планови. Традицијата запазена, ама локацијата променета, па наместо во домот, куќната слава Свети Никола домаќинката ја славеше во кафеана! Гостите исто така одбрани, од најблиската пријателка на Миа, Тијана, до надобрите другар(к)и на домаќинката како Сергеј Варошлија,  Драгана Јаневска, Тамара и уште неколку други... Трпезата до душа посна... Пеано лепче, посно гравче,  салати, тестенини, морски плодови, риба... Атмосферата славеничка, гостите расположени, а меѓу нив покрај домаќинката највесела Тамара Тодевска. Кога веќе се слави, може и да се запее, па македонската поп ѕвезда со помош на тамбурашите вечерта ја претворила во славеничка бајка. Куќната слава обично се слави со муабет покрај трпезата, а атмосферата на оваа кафеанската баеги весела,  па повеќе наликувала на роденденска журка отколку на куќна слава, ама ако... Важно е да се слави, да е весело и да е за арно и убаво... Можеби не е баш се' по протоколите на традицијата, ама Миа Костова ионака е позната како пионер во уривањето на стереотипите во многу нешта, па зошто и во оваа прилика би било поинаку?! На нетипична прослава на типична слава! Како и да е, после се'...  Среќна слава домаќинке! Макар била и кафеанска! Фото: Инстаграм/miandrija/tamaratodevska]]>

„Да перам чорапи?“- Зорица Марковиќ откри зошто не сака да се мажи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-peram-chorapi-zoritsa-markovik-otkri-zoshto-ne-saka-da-se-mazhi-foto/ Wed, 13 Dec 2023 08:17:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330869

Синоќа кај Зорица Марковиќ се случи вистинска забава. Пејачката отвори кафеана, а на отворањето имаше голема веселба. Така е со Зока. Што се однесува до гостите, дошле Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ-Кемиш, Маја Николиќ, Нела Бијаниќ и Нада Топчагиќ. Изгледа пејачките одамна не се виделе, а при оваа средба дошло и до прегратка. Сите биле расположени, а како што знаат само гореспоменатите фолкерки веднаш почнале да прават шоу пред камерата.
 - Кафеаната е живот, овде се се случува и кафеаната е чудо што се однесува до пријателството, тука се разделбите, тука се раѓаат нови љубови, се е тука. Ме прашуваат зошто не правам солистички концерт. Што ќе правам по 12 години во угостителството, пеам секоја вечер. Цела вечер ќе ја посветам и на новогодишната реприза. Ќе биде Стоја, Ана, Венди, Гоца, еден микс, ќе поканиме познати пејачи, имаме доволно места - додала таа. Не можеме, а да не прашаме како е можно толку силна жена да нема придружба на силен маж. Дали можеби размислува за брак? - Во нормална врска сум, кога се гледаме, се гледаме, кога не се гледаме, не се гледаме. Имаме сѐ, имам с*кс, имам внимание, имам сѐ. Не разбирам што да правам сега. Да  перам чорапи? Е, нема. Повеќе да работам? Кога  да го постигнам сето тоа? Не можам – открила пејачката. Фото: Принтскрин/Instagram/zoricamarkovic_official  ]]>

Вака лумпува Агнеса Орданоска: Русокосата на грчка музика кршеше чинии во кафеана (ВИДЕО)  https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-lumpuva-agnesa-ordanoska-rusokosata-na-grchka-muzika-krsheshe-chinii-vo-kafeana-video/ Fri, 17 Nov 2023 10:32:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327414

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева катаден објавува приватни детали од своето секојдневие на Инстаграм, па така беше и овој пат. Таа откако најпрво сподели дека и било голема чест да биде дел од ексклузиванта промоцијата на  бренд хулахопките кои Лепа Брена ги промовираше и во Скопје  доби многу позитивни коментари во кои и напишаа дека го заслужува сето тоа, а доби  и многу пофалби за нејзиниот изглед. Па така во истиот аутфит од промоцијата, во црно мини фустанче и светкавото елегантно сако кои  на промоцијата ги носела заминала на забава. Понесена од возбудата и убавата атмосфера од промоцијата, Агнеса пристигнала во кафеана каде решила да лумпува на грчка музика. Додека во позадина свирел оркестарот, таа застанала на средина со голем куп чинии во рацете следејќи го стариот грчки кафеански обичај, почнала да ги крши. Судејќи по видеото кое го споделила на Инстаграм, задоволството било единствено, па русокосата насмевката не ја тргнала од лицето. Очигледно Агнеса знае одлично да се забавува кога е добро расположена... Само остана мистерија, кој  ја плаќа забавата? Фото: Принтскрин/Инстаграм/agnesaorgandzieva]]>

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-zauchi-od-peleni-isaura-od-prespav-na-prva-proshetka-go-odnese-novorodenoto-bebe-vo-kafeana-a-dhambazov-i-ostavi-urnebesen-komentar-foto/ Wed, 15 Nov 2023 09:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326927

Веќе е познато дека од месец декември 2023 година ќе започне да се емитува седмата сезона од мега популарната македонска серија „Преспав“. Игор Џамбазов неодамна откри детали од тоа што генерално ќе се случува во пансионот, а меѓу другото сподели и дека Исаура ќе биде бремена од Талат. Веројатно епизодите се снимаа додека таа беше бремена и во реалноста, а вистински го носеше бебето од својот сопруг и колега Петар Стојанов. Малата наследничка која го доби името Лена веќе е дојдена на свет и е во прегратките на мама и тато. Лена се роди пред неполн месец, а мама веќе ја изнезе на прва прошетка, изборот на локација беше необичен – кафеана. Веројано на мама Емра и се пријате некое кафанско јадење, па го подготви бебето и го понесе со себе. За овој момент од првата заедничка фотографија, гордата мајка покажа на својот Инстаграм држејќи ја во рацете, стопена од љубов и пијана од бебешкиот мирис. -Лена за првпат во кафана, стои во описот, а првата реакција беше од колегата Игор Џамбазов или бате Миле на кој кафеаната му е омилено место, па оттука за него ова беше сосема оправдан зачеток на навиките уште од пелени. -Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба .. и порача Игор, а Емра со многу смајли симболи очигледно квалитетно насмеана од духовитиот Миле, кусо му врати: - Не јадела лук, му врати таа.   Засега доволна е само посетата, а адаптацијата веќе е започната, па дури и кафанските мириси се сосема доволни...   За потсетување, Емра Куртишова оваа година во месец јуни, се омажи со нејзиниот сакан, актерот Петар Стојанов, а интересно е тоа што младата талентирана актерка доби ангажман и во Србија, односно за филмот за легендарниот Џеј каде ќе ја гледаме во улогата на неговата мајка. фото: Instagram preentskrin/Emra Kurtisova/ @majaargakijeva]]>

Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Марија Луиса Тодоровска во ретка глетка: Пејачката со метла во кафеана иако не е вештерка, ниту очајна домаќинка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-vo-retka-gletka-pejachkata-so-metla-vo-kafeana-iako-ne-e-veshterka-nitu-ochajna-domakinka-video/ Fri, 07 Jul 2023 11:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309406

Кај битолската пејачка со скопска адреса на привремен престој очигледно нема застој. тезги речи секоја вечер, настапи по скопските локали и кафеани до разни зори. Марија Луиса Тодоровска впрочем не стана позната фолкерка по своите хитови, туку по разните  приказни и митови што се плетат околу неа и нејзнита приватност и кариера.
@marijaluisa8 #photoshoot #photographer #photosession ♬ F Boy - Ander Huang & KROMI
Од секи клипчињата што излегоа од нејзиното домашно или поточно хотелско видео, преку разните разголени фотосесии и видеа кои самата ги споделува на социјалните мрежи, па се до нејзините настапи каде со изведбата на како што многумина го нарекуваат шундот и кичот, Марија Луиса  стана неприкосновена кралица на бакшишот!
@marijaluisa8👑👑👑👑♬ original sound - Marija Luisa
Пејачката сме ја виделе во разни изданија во кафеана, во различен аутфит, секси гардероба, најчесто раскопчана до папок во минич до препони од каде ѕиркаат сите можни ерогени зони, додекa  заводливо ви се смешкаат гигантските силикони. Секако, тоа не е никаков грев, впрочем нема зошто и да биде, зашто во кафеана кога има добра забава пијалакот се пие на екс, а пеачката „се пие со очи“ додека погледот се кочи... Најмногу на оние места на нејзиното вито тело каде што е „најврело“, места кои возбудената и напалена машка клиентела ги зумира како со двоглед додека во своите мечти и фантазии пејачката ја соблекува со поглед! А кога располежението ќе го достигне својот максимум, а возбудата ќе кулминира, е тогаш почнуваат да летаат банкноти... Од денари, до евра, франци, долари... Не вежно која валута ќе ја извади од „ќесата“, важно е гостинот да го погоди песната. Тогаш бакшишот е најбогат и најобилен, а илјада зборови се ништо, во однос на една видеоснимка со мобилен. А, ова е навистина ретка  глетка... Ако не и единствена, Марија Луиса Тодоровска со метла  во кафеана... Иако е ниту вештерка, ниту очајна домаќинка пејачката го мете подот од локалот, ама не одо ѓубре отпадоци и прашина, туку со метлата го собира бакшишот што вечерта го ќарила! И после некој нека каже дека домашните навики не се полезни... Марија Луиса тоа го знае од малечка, затоа и кога ќе и се пружи прилика за миг се престорува во вредна бакшиш кралица! А потоа како и секоја домаќинка, пејачката ќарот од заработката си го чува во својот „бакшиш бунар“!   Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska Видео: ТикТок/marijaluisa8  ]]>

Марија Шерифовиќ во никогаш видено изадание: Пејачката го прекина настапот на колешката, па го направи ова (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-vo-nikogash-videno-izadanie-pejachkata-go-prekina-nastapot-na-koleshkata-pa-go-napravi-ova-video/ Fri, 07 Apr 2023 10:04:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297175

Марија Шерифовиќ отишла на настапот на колешката Илда Шаулиќ кој го прекинала кога ја понела атмосферата, па го зела микрофонот и го отпеала познатиот хит на нејзината мајка Верица Шерифовиќ. Марија реши да се одмори од концертите и снимањето на емисиите на „Ѕвезде Гранда“ каде веќе неколку години е член на стручното жири и отиде во кафеана каде што настапуваше нејзината колешка Илда Шаулиќ. Имено, познато е дека Марија и Илда не се само колешки, туку и пријателки, а бидејќи Шаулиќ веќе традиционално создава феноменална атмосфера на нејзините настапи во главниот град, не е ни чудо што Шерифовиќ избра да отиде таму со друштвото. Она што ги изненади сите е тоа што Марија во еден момент го прекина настапот на Илда, се фати за микрофонот и ја отпеа познатата песна на мајка си Верица Шерифовиќ „Пепељуга“,што речиси никогаш не го прави. Можете да видите како тоа изгледаше од видеото подолу.
]]>