качулка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Apr 2020 07:24:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png качулка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите штом излезат надвор носат заштитна маска и ракавици, а нашата фолкерка и качулка преку главата, а еве и зошто: „’Рани Сани, да те „лае“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-shtom-izlezat-nadvor-nosat-zashtitna-maska-i-rakavici-a-nashata-folkerka-i-kachulka-preku-glavata-a-eve-i-zoshto-rani-sani-da-te-lae-video/ Wed, 22 Apr 2020 07:24:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145873

Изолацијата на сите тешко ни паѓа, а особено на оние што не се навикнати да седат дома, зарадаи природата на работата, како естрадните уметници на пример. Откако ги прифатија и испробаа сите можни предизвици, ги покажаа сите свои вештини, од кулинарски до танчерски, на пејачките по се изгледа им здодеа да бидат „очајни домаќинки“, па меѓудругото и готвењето го ставија на „игнор“! Можеби не сите, но, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска - да! Барем на момент! Споените карантински велигденски денови беа долги и споро минуваа кога си затворен дома, па уште ако и секој ден треба да се готви... тешко паѓа! Арно ама, затоа досетливата Сани ги има своите пријатели. И оние од скопските ресторани и кујни и своите колеги, кои се' би направиле да и помогнат и на итрата кумановка со скопска адреса на живеење, да и го решат проблемот. И така и би! Сани тој ден си нарача храна за достава од еден познат скопски ресторан, а наместо вообичаениот доставувач, приготвеното јадење лично и го донесе нејзиниот колега, со кого неретко настапуваат заедно токму по кафеаните и рестораните, клавијатуристот и познат забавувач Трајче Толевски. Надвор подзаладено, врнежливо и ветровито, а пејачката подготвена да ја преземе нарачката, но и подготвена за корона пандемејита и тоа по сите прописи. Заштитна медицинска маска преку устата и носот, заштитни ракавици на рацете, но и повеќе од тоа. Сани надвор излезе и со прекриена глава преку која ја ставила качулката од дуксерот.  И не заради короната, ниту пак заради дождот, туку заради Трајче!? Имено, додека одеше да ја пречека доставата на храната која колегата и ја носеше, фолкерката се изрекламира колку добро е заштитена од коронавирусот, ама и од самиот Трајче... Затоа и капата, оти Трајче можел да има и вошки! А сиротиот колега, се отепа по дождот лично да и го достави јадењето, а таа за него така! Над се', па сето ова пејачката уште и го снимала и го споделила на својот Фејсбук профил, па испадна: Тој неа да и носи храна, таа него „да го лае“ на социјалните мрежи. „Рани Сани, да те лае“! Но, без паника, сето ова е само дел од шеговитата игра, дел од дружбата полна со меѓусебни шеговити задевања, местенки  и подбоцнувања, која колегите често знаат еден на друг да си ги „сместат“ заради лична забава и разбивање на здодевноста. Патем, тука никој никому ниту се лути, ниту се возбудува, а уште помалку му забележува на другиот заради шегата, колку таа и да изгледа „сериозна“, како оваа на распената кумановска мајтапџика! Единствено што останува е она: „Памти, па врати“... Се разбира, на ист начин, со иста мерка, но секогаш во границите на колегијалноста и добрата дружба во која спаѓаат и ваквите необични шеги! ]]>

Уште една позната личност „спроведена“ со качулка на глава: Секоја сличност е случајна… само, споредбата е намерна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-poznata-lichnost-sprovedena-so-kachulka-na-glava-sekoja-slichnost-e-sluchajna-samo-sporedbata-e-namerna-foto/ Thu, 21 Nov 2019 08:28:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119689

Ова стана навика... Море каква навика, пракса стана... Да спроведуваат мистериозни ликови, или поточно познати лица, на кои лицето не им се гледа.  Да не може човаек да ги идентификува. „Забулени“ од глава до петици, покриени од глуждови до лисици! По неа, ете го и него. Судено му било да го „спроведат“ директно таму каде што треба. А сите го знаат како голем Македонец! Патриот... И тоа уште од дете, кога како партизнаско курирче го „поткопуваше“ фашистичкиот окупатор! Херој на нашето време тогаш, а Бога ми и денес!  Зашто и денес ликот му таков, патриотски... Ликот што го толкува, де... Овој најновиот во најгледаната домашна ТВ серија во последно време или што би рекле по странски: „ТВ ситком“ ! Епа токму него, бате Миле Бузалевски... од „Преспав“. Го фатија и го „спроведоа“ директно на снимање. И тоа никој да не го препознае, иако со гордо крената глава, сепак со качулка преку неа го пикнаа во студиото, божем е државен непријател број еден, арамија и рекетар, како некои... А не е, ама... Ама затоа пак, ниту тој  не остана имун на „политичко-судскиот циркуз“ што ни се случува, па Игор Џамбазов реши да се солидазира со народот, на себесвојтвен и оригинален начин. Колку да покаже дека срамот ништо не ќе може да го скрие и покрие, па симболиката на „криминалот и лажниот морал“ ја сподели преку фотографија на својот Инстаграм профил. Притоа, секоја сличност е случајна... Само споредбата е... намерна!      ]]>