кабинет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Jan 2019 14:06:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кабинет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петре Шилегов средствата на Град Скопје наменети за култура им ги подели на своите: Парите од кабинетот за луѓе од кабинетот на градоначалникот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/petre-shilegov-parite-na-grad-skopje-nameneti-za-kultura-im-gi-podeli-na-svoite-pari-od-kabinetot-za-lugje-od-kabinetot-na-gradonachalnikot-foto/ Tue, 29 Jan 2019 09:20:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69838

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата. Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил  180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот. Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија.  Мирко и е познат на јавноста и по  изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија. Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ“, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура. Извор:Курир.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата. Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил  180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот. Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија.  Мирко и е познат на јавноста и по  изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија. Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ“, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура. Извор:Курир.мк]]>
Кабинетот на Заев го прогласи Стоилов за ментално нестабилен: Експертот за карпеста уметност дели психијатриски дијагнози!!? https://arhiva.vistina.com.mk/kabinetot-na-zaev-go-proglasi-stoilov-za-mentalno-nestabilen-ekspertot-za-karpesta-umetnost-deli-psihijatriski-dijagnozi/ Thu, 27 Dec 2018 13:18:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65217

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.
Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.
Според сегашниот советник на премиерот, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани. „Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски. Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент. Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен. Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.
По оваа скандалозна изјава на посебниот советник, Кабинетот на премиерот Заев не се огради. Белким не од страв неговиот советник и нему да не му направи ментална анализа?

Повеќе на vistina.mk]]>

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.
Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.
Според сегашниот советник на премиерот, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани. „Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски. Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент. Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен. Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.
По оваа скандалозна изјава на посебниот советник, Кабинетот на премиерот Заев не се огради. Белким не од страв неговиот советник и нему да не му направи ментална анализа?]]>