кабадајас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Nov 2019 13:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кабадајас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на „Кабадајас“ и „Зулу 3.4“ во клуб „Маракана“ https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-kabadajas-i-zulu-3-4-vo-klub-marakana/ Mon, 04 Nov 2019 13:38:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116429

Во предвечерието на подготовките за снимањето на својот трет албум, електричното трио „Kabadayas“  (www.kabadayas.mk/) својата концертна активност ја започнува токму тука во клубот Маракана - Скопје. Во „Кабадајас“ членуваат:  Зоран Костадиновски - гитара, Дино Милосавлевиќ - тапани и Џоле Максимовски - бас. „Kabadayas“ ќе свират песни од албумите „IV“ и „Од понеделник“, како и материјал од нивниот трет албум кој е во подготовка. „Зулу 3.4“  (www.facebook.com/3.4zulu/) е инструментален бенд од Скопје, кој преку фузија на различни стилови создава уникатен звук и внесува свежина на македонската музичка сцена. Членови на бендот се: Дамјан Даневски - тапани, Марио Симоновски - гитара, Мартин Џорлев - клавијатури. Концертот е закажан за 17. ноември 2019 година, со почеток во 21:00 часот. Влезниците ќе можат да се набават на влезот во клуб „Маракана“.]]>

„Кабадајас“ го промовираа својот нов албум „Од понеделник“ https://arhiva.vistina.com.mk/kabadajas-go-promoviraa-svojot-nov-album-od-ponedelnik/ Tue, 01 May 2018 06:05:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24302

Новиот албум на музичкиот бенд „Кабадајас“ со наслов „Од понеделник“, беше промовиран деновиве, во присуство на новинари, музичари, пријатели на членовите од групата. Албумот го издаде концертната агенција и продукција „3 гонга“, а концертната промоција на албумот е закажана за 2 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“. „Кабадајас“ претставува трио од музичари со голем професионален багаж зад себе: Џоле Максимовски на бас-гитара, Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии и Зоран Костадиновски на гитара. Специјални гости на албумот се вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска-Трајкоска и Павле Васиљевиќ на клавијатури. Фотографија на 3Gonga. „Создадовме модерна инструментално вокална музика, џез-амбиент со скопски, а сепак светски шмек. На овој албум композитори сме Зоран и јас, но и Дино, кој ритмички ги облагородува песните. За аранжманите сме задолжени сите. На албумов има две вокални песни. Едната од нив е со текст, песната ’Летаме’, која јас ја напишав. Бендот постои од 2011 година. Дино и јас решивме да правиме наш проект. Во исто време соработувавме со Горан Бојчевски. Со него веднаш излегоа убави теми и идеи. Зоран Костадиновски, кого го знаевме како малку помлад гитарист тогаш, влета во приказната како да сме свиреле отсекогаш заедно. Сите функционираме како композитори и аранжери во музиката што ја создаваме“, рече Максимовски.
  „Од понеделник“ е нивен втор албум. Првиот албум се вика „IV“, а издаден е во 2012 година од „БАГИ комуникации“. Новиот албум е снимен во „Тра ла ла“ кај Мите Димовски, „Вода медија“ – Павле Васиљевиќ и во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски. „Едвај чекаме да свириме на 2 мај во ’Станица 26’, како промо за нашето второ издание. Очекуваме убава атмосфера, добар звук, фино расположение. Гости на концертот ќе бидат: Марија Димитријевиќ – вокал, Светлана Јовановска Трајкоска – вокал, Ратко Даутовски – перкусии и Трајче Велков на труба. Дино и јас свириме заедно од 1995 година. Во ’Сет’, ’Мозаик’, ’Беневентан трио’, ’Алшар’… Со ’Влатко Стефановски трио’ веќе 18 години патуваме по светот и снимаме албуми. Заедно со триото имаме настапувано со имиња како Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Јан Акерман… Дино свиреше со „Анастасија“, Кирил Џајковски и со многу други артисти од поп, рок-светот. Јас долго време свирев со ’Архангел’, ’Гаро и Парамециум’, ’Мугер фугер’. Моментално сум дел од ’Темпера’, како басист и композитор. Зоран Костадиновски е професор на музичка академија. Инаку, работи активно на сите проекти на оркестарот на Здружението на џез-музичари. Го знаеме како гитарист на нашата поп-дива Каролина Гочева. Активен е и како студиски музичар. Така што искуството што го имаме зад себе ни даде ветар во грбот за конечно да направиме и наш заеднички проект“, вели Максимовски. Извор: Нова Македонија  ]]>

„Кабадајас“ во Станица 26 https://arhiva.vistina.com.mk/kabadajas-vo-stanica-26/ Fri, 20 Apr 2018 13:25:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22363

Концертна промоција на новиот, втор по ред, албум на групата Kabadayas во состав Џоле Максимовски-Бас, Зоран Костадиновски- Гитара, Дино Милосављевиќ- тапани, во среда 2ри мај во Станица 26 со почеток во 21 часот. Албумoт се вика „Од Понеделник…“ - инспирација од често употребуваната скопска фраза. 8 композиции, модерна македонска вокално инструментална музика, џез амбиент, скопски а светски шмек. Специјални гости: Марија Димитријевиќ, Ратко Даутовски, Трајче Велков. Билети во претпродажба.]]>

„Од понеделник…“ на „Кабадајас“ – прво дискографско издание на „3 Гонга“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-ponedelnik-na-kabadajas-prvo-diskografsko-izdanie-na-3-gonga/ Thu, 12 Apr 2018 11:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20519

Концертната и продуцентска куќа „3 гонга“ која е виновна за градските сесии во „Станица 26“, го издаде своето прво дискографско издание. Станува збор за вториот албум на џез-рок бендот „Кабадајас“ кој го носи насловот „Од понеделник…“ и чија концертна промоција е закажана за 25 април. Некогашниот квартет сега продолжува како трио составено од Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски на бас-гитара и Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии, секој од нив етаблиран музичар со долгогодишно искуство на музичката сцена.
Имено, Џоле ја започна својата кариера во раните деведесетти, свирејќи и снимајќи со повеќе бендови. Тој беше член на еден од водечките македонски бендови „Архангел“, а како композитор се докажа и на албумите на „Сет“ и „Беневентан трио“. Исто така, настапувал до светски признати имиња како што се Влатко Стефановски, Јан Акерман, Теодосиј Спасов и Стефан Миленковиќ. Сличен опис стои и во биографијата на Дино, кој од самиот почеток се смета за еден од најнадежните тапанари и перкусионисти во Македонија, докажувајќи го овој статус со различни стилови на музика, од електро-фанк, драм-енд-бејс до џез-фјужн. Не помалку импресивна е и кариерата на Зоран, чие име е запишано во музичкото творештво на бендови како што се „Инфјуз“ и „Саут парк“, а ја делел сцената и со поп-ѕвездата Каролина Гочева.
Албумот ќе го наследи првенчето „Четири“, кое го објавија во 2012 година, а во создавањето на новиот материјал гостуваа вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска, како и клавијатуристот и програмер Павле Васиљевиќ. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=u2n_Rt8u8ZM]]>