јужен ветер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Mar 2020 13:05:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јужен ветер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „2 Бона“ го извадија својот најсилен – „Џокер“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2-bona-go-izvadija-svojot-najsilen-dzoker-video/ Thu, 12 Mar 2020 13:02:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139160

Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски - Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните ги „штанцаат“ како на фабричка лента. Имено, дуото кое на македонската музичка сцена донесе вистинско освежување и еден поинаков звук повторно во етерот исфрли нова песна. Не поминаа ни 2 месеци откако ги покажаа нивните „Пиштоли и рози“, а „2 Бона“ веќе имаат нов музички адут, нов „Џокер“. Имено, така се вика нивната нова тема во која остануваат доследни и на стилот и на правецот и жанрот... И во музиката, стиховите, па и во видеото, во кое овој пат нема ни разголени старлети, ниту  цицлести стриптизети, икао темата на „андерграунд животот од онаа страна“ и понатамму е присутен како лајт мотив. Такава е и песната на која како автори (музика и текст) се потпишуваат самите Кун и Тонито, аранжманот, миксот и мастерот, стандардно се на Иван Иванов - Ивајо, кому овој пат во продуцентската работа му асистирал Кун. Видеото пак го потпипшува една сериозна белградска профи екипа собрана под името: „НН Медиа“ (видеопродукција), каде сценариото, режијата и камерата се на Немања Новаковиќ, а продуцент е Алесксандар Пејчиќ, додека зад целокупниот проект стои извршната продукција „Bassivity Digital“. Целата приказна е всушност дел од проектот „Јужен ветер“, мегапопуларната српска серија работена според сценариото од истоимениот филм со Милош Биковиќ и Драган Бјелогрлиќ. Со најава дека соработка на „2 Бона“ со оваа екипа тука не завршува, погледнете го најновиот „Џокер“ кој Кун и Тонито го извадија досега: ]]>

Премиера на „Јужен ветер“ и дружба со актерите https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-juzen-veter-i-druzba-so-akterite/ Thu, 22 Nov 2018 14:25:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59347

Долгоочекуваниот српски филм „Јужен ветер“ конечно ќе игра и во Скопје. Со филмот доаѓа и актерската екипа. Запознавање и дружење со екипата е од 19:00 - 20:00 часот. Премиерното прикажување на филмот е закажано за  20:00 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба. Во животот на Петар Мараш, припадник на белградската автомобилска мафија, нештата почнуваат да добиваат смисла. Го напушта родителскиот дом и со девојката Софија се вселува во својот нов стан. Кланот на кој припаѓа, а кој го води искусниот Цар(Бјелогрлиќ) работи добро. Работата е уиграна, пари има доволно за сите а полицијата не им прави никакви проблеми. Сето тоа се менува кога Мараш случајно ќе се замери со бруталниот нарко-клан.]]>