јувелирница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Jul 2019 08:30:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јувелирница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Пинк Пантерката“ Оливера Ќирковиќ ја потпишуваше својата книга во Сити Мол, карши јувелирница со дијаманти! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pink-panterkata-olivera-kjirkovikj-ja-potpishuvashe-svojata-kniga-vo-siti-mol-karshi-juvelirnica-so-dijamanti-foto/ Mon, 01 Jul 2019 08:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95357

Оливера Ќирковиќ, некогашната позната српска кошаркарка и најпознатиот бивш женски криминалец на Балканот, екс - членка на надалеку познатата меѓународна банда крадци „Пинк Пантер“, одново дојде во Скопје.
И овој пат, само заради потпишување на својата книга „Јас, Пинк Пантер“, која викендов се продаваше во холот на најголемиот затворен трговски центар во Скопје, „Сити Мол“.
Заинтересирани купувачи за автобиографијата на оваа необична жена како и секогаш, имаше во повеќе од доволен број, а самата Оливера седеше на својот мини штанд и своерачно им ја потпишуваше книгата на купувачите. Животот на жената „Пинк Пантер“, секако вреди да се прочита и има во домашната библиотека, ако не друго од чиста забава!
Но многу позбавно беше нешто, што малкумина го забележаа, но не и екипата на Вистина.ком.мк, како и самата авторка на ова интересно четиво белетристика. Имено, Оливера и нејзиниот штанд за продажба на книгата беа лоцирани во холот на призрмјето на молот, случајно или намерно, верувале или не, токму спроти излогот на една од најпознатите јувелирници, на која со големи букви пишува дека изложените парчиња накит се со дијаманти!
-„Знаат ли домаќините, и особено овие преку пат,  кој тоа седи и продава книги од каршија?“ -  веднаш штом и пријдовме ја запрашавме Оливера, која со широка насмевка ни одговори: „Хааа... И јас тоа го забележав, па си го поставив истото прашање веднаш штом ми кажаа каде да го поставиме штандот. Веројатно не знаат“!
-„Тогаш, ќе можеш ли да му одолееш на предизвикот?“ - беше нашето второ шеговито прашање, на кое добивме исто таков одговор: -„Ма иди бре, што е ова за мене... Ништо. Ситница. Само еден човек внатре, никакво обезбедување... Додека трепнеш- готово“ - се сме Оливера и додава: „Секако дека се шегувам, тоа веќе за мене не е предизвик, туку   минато.  Мојот живот е сега нешто сосема друго“ - заклучи писателката потпишувајќи ни го нашиот примерок на „Јас, Пинк Пантер“, печатен на Македонски јазик!
Заминавме со книгата в раце и дилемата: „Сепак, знаат ли овие со кого имаат работа?“  Зашто книгата е богатство, ама... само дијамантите се вечни!]]>