јутјубери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 10:41:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јутјубери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јутјубери со свој подкаст се множат ко’ зајчиња, па Спасе – Рола едвај се воздржа да не ги отера у мај*ина, ама затоа јавно ги укори: „Баце, ќе дојдеш ли кај мене… нешто да се збори“? https://arhiva.vistina.com.mk/jutjuberi-so-svoj-podkast-se-mnozhat-ko-zajchina-pa-spase-rola-edvaj-se-vozdrzha-da-ne-gi-otera-u-maj-ina-ama-zatoa-javno-gi-ukori-batse-ke-dojdesh-li-kaj-mene-neshto-da-se-zbori/ Thu, 07 Dec 2023 10:36:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330302

Јутјубер... Како инфлуенсер, тиктокер  или старлета... Професија од новото време! Вирална видео зараза која и кај нас почна да се шири со брзина на светлината. Кај повеќето заради гола популарност, колку да излезат од анонимноста, кај многу малку од нив и нешто да се заработи, кај еден-двајца, и да се живее од неа. Најмногу од правењето подкаст. Или што би рекле „џамче муабет“, зашто според многумина подкастот на Јутјуб е всушност ток шоу за сиромашни... Ток шоу од „Али експрес“  кога веќе „подкастџијата“ нема можност за вистинско ТВ шоу, со сите тертипи на некоја, по можност национална ТВ фреквенција. Но нејсе,  подкастите се далеку од непотребни или непожелни, напротив... Теба да ги има  зашто знаат да бидат многу гледани, арно ама... Проблемот е во извртените вредности или што би рекле, што повеќе во нив „се кинат зелени“ тоа подкастите се погледани!  Секако, со должна почит кон еден -  два исклучоци... Колку да го потврдат правилото! Токму на ова јавно реагираше познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител Спасе - Рола Јовановски, кој откако македонските јутјубери со свој подкаст почнаа да се множат како зајчиња, се воздржа да не ги отера у мај*ина, ама затоа јавно ги укори. Имено, теркот: „Баце, ќе дојдеш ли кај мене... нешто да се збори“ толку многу го измести од место, го извади од папучи,  па Рола одлучи да им го плесне в лице за да не  прават подкасти со „лупање глупости“!  За крај,  Рола реши да им прецирира на намножените „подкастџии“ во што е поентата кога веќе седнале да прават рекла - казала муабети. Суштината е во содржината! Фото: Фејсбук и Инстаграм/Rolla Do Bolla  ]]>

Карлеуша им се обрати на родителите во Србија: „Тие се имбецили, внимавајте!“ https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-im-se-obrati-na-roditelite-vo-srbija-tie-se-imbecili-vnimavajte/ Tue, 03 Mar 2020 10:59:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137208

Јелена Карлеуша покрај тоа што успеа да ја усклади кариерата со тоа што е мајка и сопруга, таа сега е особено вознемирена од „јутјуберите“ кој се повеќе добиваат на популарност, а таа не го сака тоа затоа што смета дека тие ги заглупуваат децата. Карлеуша веќе долго време е во војна со Бако Прасе, за кој тврди дека го следат деца, а нивната препирка низ мрежите трае веќе долго време. Сега пејачката им се обрати на сите родители низ цела Србија да им ги земат телефоните на сцоите деца. Таа уште еднаш ги нарече „јутјуберите“ имбецили, а на родителите уште еднаш им го привлече вниманието за проблемот кој според неа ги преминува границите .]]>

Еуфорија, незапаметена уште од времето на Тоше: Кои се Марко Марковиќ – Џи Пи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, новите македонски тинејџерски идоли? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/euforija-nezapametena-ushte-od-vremeto-na-toshe-koi-se-marko-markovikj-dzi-pi-i-stefan-rashkovikj-stefonator-novite-makedonski-tinejdzerski-idoli-video/ Fri, 22 Feb 2019 08:15:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74086

На повеќето од возрасната популација имињата и особено прекарите на Марко Марковиќ – Џи Пи (GP) и Стефан Рашковиќ – Стефонатор веројатно ништо не им значат, но овие двајца тинејџери кај нивните врсници во македонија се еднакво популарни колку и еден Џастин Бибер, на пример. Важат за најпознатите и најпопуларни македонски јутјубери, кои со своите откачени идеи и креативни, едукативни, забавни, смешни... видеа ја излудеа тинејџерската популација.
За промоцијата на нивната автобиографска книга „Нашиот пат“ се чекаше со часови да се добие со нивен потпис, а просторот на МКЦ беше претесен да ја собере неколку илјадната армија нивни обожаватели кои дојдоа на промоцијата да се фотографираат со своите идоли.
Еуфорија незапаметена уште од времето на легендарниот Тоше.
Од турканици, вресоци, солзи, до буквално паѓање во бессознание.
Велат дека така било и во Битола, а така ќе биде и во другите градови низ Македонија каде што ќе се одвива промоцијата на „Нашиот пат“.
Содржината на нивната прва книга самите ја објаснија, како поинаку, ако не во нивен стил - со видео: https://www.youtube.com/watch?time_continue=237&v=l8xXtNOW8UI Тие не се популарни само кај тинејџерската публика, зашто покрај неа и нивните родители, како и повозрасните полека ги откриваат двајцата македонски идоли на новата генарација.
Марко Марковиќ - „Џи-Пи“ и стана познат на пошироката јавност уште како ученик во втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, кога ја претставуваше Македонија на светскиот натпревар на Мајкрософт Офис Специјалист кој се одржа во САД.
Неговиот креативен компањон пак, Стефан Рашковиќ – „Стефонатор“ е студент на мултимедија и дизајн. Автор е на серијалот „90 секунди“ кој стана негов знак на распознатливост. https://www.youtube.com/watch?v=jhSXFbXGMCg Интересни, необични, несекојдневни, откачени прашања на кои јавните личности во Македонија, без многу размислување  одговараат со првиот одговор што ќе им падне на памет, во времетраење од 90 секунди. Прашања кои, како што самиот вели, никој друг не им ги поставува, а сето тоа се снима со камера во вид на кусо видео.
Колку и да им звучи неразбирливо, нејасно, па дури и нелогично на повозрасните, што се тоа Јутјубери и што тоа прават двајцата македонски тинејџери за да бидат толку многу популарни кај нивната и особено кај помладите генерациии, Марко - „Џи-Пи“ и Стефан - „Стефонатор“  ди го туркаат својот стил, својот „фазон“, преточувајќи ги своите креации во „креативна видео лектира“ за новите генерации. А повозрасните? Кој сфатил - сфатил, кој не... Мора да го „прегазило времето“! https://www.youtube.com/watch?v=Z5qRHAcdFmc  ]]>