јутјуб ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Jun 2023 06:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јутјуб ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гледате ЈуТјуб на ТВ? Наскоро доаѓа промена која воопшто нема да ви се допадне https://arhiva.vistina.com.mk/gledate-jutjub-na-tv-naskoro-doaga-promena-koja-voopshto-nema-da-vi-se-dopadne/ Sat, 03 Jun 2023 06:50:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304754

ЈуТјуб објави дека планира наскоро да воведе промена поврзана со рекламите прикажани на ТВ. Имено, наместо досегашните реклами кои траат 15 секунди, ќе се прикажува една од 30 секунди. Нема да можете да ја прескокнете освен ако не платите 120 долари. ЈуТјуб наведува дека на овој начин огласувачите ќе добијат можност да ги претстават своите производи „позначајно“. Тие изјавија и дека решиле да го воведат ова бидејќи забележале дека 70 проценти од содржината на YouTube Select се гледа преку ТВ. Тие исто така открија дека во иднина корисниците ќе можат да паузираат реклама од 30 секунди за да дознаат повеќе информации за производите или услугите што се рекламираат.
Тврдат дека оваа опција ќе биде многу повизуелна и интерактивна. Некои корисници веруваат дека тоа значи дека QR-кодовите би можеле да почнат да се користат. Ова е карактеристика што Hulu ја додаде уште во 2019 година.
Се уште не е познато кога точно ќе биде воведена оваа промена. За потсетување, YouTube ја лансираше платформата YouTube TV во 2017 година. Извршниот директор Нил Мохан рече дека помладите корисници повеќе не прават разлика помеѓу видот на содржината што ја гледаат.
]]>