Јурица Паѓен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 10:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Јурица Паѓен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пладневно матине на македонските новинари со Јурица Паѓен https://arhiva.vistina.com.mk/pladnevno-matine-so-juritsa-pagen/ Thu, 22 Feb 2024 10:52:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339758

Овој петок, 23-ти февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, од 11.45 до 12.45 часот Croatia Records Makedonija Ве поканува на пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“ и некогашен повремен член на култната „Азра“ на Џони Штулиќ.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“..., бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот..., но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“...

Голем пријател на групата „Леб и сол“, уште од осумдесеттите, кога служел војска во Скопје, Паѓен ќе не потсети на убавите времиња во градот во кој го поминал дел од својот живот, а на 24-ти февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.

]]>