„Јунајтед вижн“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jan 2022 10:14:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Јунајтед вижн“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пијанистката и поп пејачка Тијана Периќ е наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“ со песната – „Писмо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pijanistkata-i-pop-pejachka-tijana-perikj-e-nasha-pretstavnichka-na-sajber-festivalot-junajted-vizn-so-pesnata-pismo-video/ Wed, 19 Jan 2022 10:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235429

На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), а со тоа водно и нашата земја, Македонија. Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши во средното музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 12 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Т алентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска. „Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски, а неговата продукција „Крстевски ентертејмент“ го реализира спотот, кој е сниман на три локации. Оригиналната верзија трае осум и пол минути, каде што освен како вокал, Тијана е претставена и како пијанистка, а истата беше издадена уште во септември 2021 година. ]]>