јулија цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Dec 2022 08:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јулија цветковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога работата станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето: „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“ https://arhiva.vistina.com.mk/koga-rabotata-stanuva-povekje-od-profesija-a-druzenjeto-prerasnuva-vo-neshto-najsveto-dobredojde-vo-nasheto-golemo-bekstejdz-semejstvo/ Tue, 27 Dec 2022 08:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281673

Не тајна дека тие се цели 15 години во етерот, а при тоа станаа и останаа најгледаниот, најпопуларниот и најдобриот естраден ТВ магазин во Македонија. Се разбира во прашање е „Бекстејџ“  низ чиј тим за оваа деценија и пол минале низа од познати личности, од кои некои почнале како тотални анонимуси за токму преку „печењето на ТВ занаетот“  денес да станат профилирани ТВ лица и познати јавни фаци. Манекени и манекенки, топ модели, музичари, водителки, новинарки и новинари, сниматели, монтажери, продуценти… Со текот на годините поставите се менуваа , но „Бекстејџ“ остана…! Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс… така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Ударната игла, огледана во новинарско-водителската екипа - женска. Тандемот Марија Петровска – Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“. Но како што се' има свој почеток има и свој крај и нивниот професионален ангажман во „ТВ магазинот од зад сцената“ еден ден мораше да заврши... Но, не и нивното дружење од деновите на заедничката работа, која со текот на годините станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето... Иако километри ги делат, зашто Марија со години живее и работи во Словенија, а Јулија однеодамна е дел од маркетинг тимот на една голема странска компанија во Скопје, никогаш не престанаа да бидат блиски. Словенците деновиве го славеа католичкиот Божиќ, па Марија како добра домаќинка го уреди и украси домот во славеничка атмосфера. Впрочем, сега имаше мотив или поточно два повеќе. Како што веќе први објавивме некогашната новинарка и ТВ водителка е бремена и за прв пат во новата 2023 година ќе се оствари како мајка. Затоа и Дедо Мраз не е единствениот кој ќе пристигне во градот... До душа тој на крајот на годинава, а некој друг на почетокот на идната! Новогодишната елка и подароците под не се тука, но има нешто што е поважно од нив. Или како што самата Марија објавила под споделените фотографии на својот Инстаграм: „Не е важно што има под елката, туку кој е околу неа“. А околу неа оние кои работата ги запозна и зближи, а дружењето и пријателството ги претвори во... своевидно семејтво! Некогашните колешки одново заедно зашто Јулија Цветковска во друштво на Александар Блажевски и дојде на гости на Марија Петровска. А кога се оди на гости кај драгите и блиски пријатели и другари, се носат подароци, а во ваква прилика ем новогодишни, ем посебни... Зашто блажената состојба на домаќинката напредува, па штом наскоро ќе стане мајка, семејството ќе се прошири за уште еден член. Она  нејзиното, дома, ама и оноа големото „Бекстејџ“ семејство на кое по редот на нештата новиот член (ќе) му припаѓа. На истото она медиумско семејство кое неговата мајка пред 15 години заедно со нејзините гости го основа... И тоа се' уште трае. Како што трае и големото пријателство, полно со длабока, искрена и неизмерна љубов со некогашните колеги, со кои станаа речиси... семејство. Затоа... „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“, малечок! Фото: Инстаграм принтскрин/ Backstage/marija_petrovska]]>

Во сабота во 14.50 на Телма: Како до „Сигурна работа“? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sabota-vo-14-50-na-telma-kako-do-sigurna-rabota/ Fri, 18 Mar 2022 09:47:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243524

Во какви услови работата македонските работници? Колку од нив се пријавени и осигурани?Кој и колку се грижи за здравјето и безбедноста на македонските културни работници, спортисти, новинари, свештени лица, градежници, земјоделци и сите останати... На овие имногу други прашања поврзани со безбедноста и здравјето при работа, ќе одговораме секоја сабота во 14.50 на Телма. „Проектот СИГУРНА РАБОТА е регионален во соработка со BALcanOSH и ЕУ. Во фокусот на овој проект е Законот за безбедност и здравје при работа и неговата (не)имплементација во многу сегменти од нашето живеење. Освен македонските, пренесуваме искуства и од соседните земји како Албанија, Косово, Србија и Црна Гора“ – вели Јулија Цветковска, новинар и водител на СИГУРНА РАБОТА. Освен негативните искуства и позитивните пракси, новинарките Јулија Цветковска и Ивана Дамовска, во рамките на СИГУРНА РАБОТА ќе се обидат да информираат и едуцираат за сите придобивки и обврски кои што произлегуваат од правилна имплементација на Законот. „Законот за безбедност и здравје при работа е од суштинско значење кога се во прашање превентивните мерки и политики на работно место, без разлика дали истото е на сцена во театар, на спортски терен или на градилиште. Правото на заштита при работењето е гарантирано со Устав. Токму затоа, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, како и останатите субјекти односно учесници во овој социјален разговор на тема безбедна и здрава работна средина, ќе се обидеме да им укажеме и на работниците и на работодавачите дека сигурна работа во секоја смисла, е сè што ни треба на сите нас“. Сигурна работа е во реализација на Бекстејџ Медија и ќе се емитува секоја сабота со почеток во 14 часот и 50 минути. Во оваа прва сезона од Сигурна работа, ќе имате можност да слушнете и видите во какви услови работат македонските актери на сцените низ театрите во Македонија, кој ја гарантирана безбедноста на терените на македонските спортисти. Ќе слушнете и приказни на градежни работници кои што верувајќи им на инвеститорите, се здобиле со тешки телесни повреди и останале без работа. Ќе слушнете многу лични примери и приказни за тоа како не треба, но и за тоа како треба. Во Македонија има компании, во кои што имплементацијата на овој Закон не е избор, туку вистински пример за позитивна пракса. Како до СИГУРНА РАБОТА? Дознајте во сабота во 14.50 на телевизија Телма. ]]>

Нов телевизиски проект: „Нихао” на ТВ Телма https://arhiva.vistina.com.mk/nov-televiziski-proekt-nihao-na-tv-telma/ Tue, 22 Dec 2020 14:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182123

Предновогодишните денови се период на подарување - време, внимание, подароци, убави зборови. Aмбасадата на Народна Република Кина заедно со „Виар продукција” на 27 декември ќе им подари на гледачите минути уживање за една од најстарите, најбогатите и прекрасните култури во светот. Од недела на Телма телевизија во 12.30 часот, гледачите ќе имаат можност да се запознаат со богатата кинеска традиција, архитектура, технологија, вештини, хармонија, филозофија, кинеска кујна, спорт. Ќе имаат можност да ги видат сите бои на Кина, да ги почувствуваат нејзите мириси, звуци, да го почувствуваат вкусот на најубавиот чај на светот.   Eмисијата „Нихао” која на кинески јазик значи „Здраво” ќе има за цел да го покаже вистинското значење на Кина, она што таа му го дала на светот во секој контекст. Се работи за телевизиски проект кој ќе се емитува еднаш на четеринаесет дена со времетраење од половина час. Водител на емисијата е Јулија Цветковска - „Нихао” е проект кој што искрено сакав да ми се случи одамна. Неверојатен предизвик, на кој што целокупниот тим кој што работи, е подготвен да одговори. Пред да почнам да работам на Нихао, знаев многу малку за оваа култура. Сега веќе полека почнувам да се вљубувам во делови од нејзе. Го пробав најубавиот чај, сфатив дека многу полесно поминуваме низ образованието, слушав кинески џез на кој што немам никакви забелешки, веќе имам и омилени кинески рецепти...Но, сè ова сепак е само почеток. Плановите се многу поголеми и пошироки. Авторката на проектот Ивана Дамовска знае како треба да расте и да се развива Нихао, особено што оваа фасцинантна земја и се што таа поседува е голема непознаница за овој дел од светот. А запознавањето со неа е наш предизвик и отворање нова врата за ваши нови искуства. Ве носиме на едно неверојатно патување во сегашноста на Кина, каква што речиси и не ја знаеме. Патувањето го организиравме за Вас. Тимот на „Нихао” е сериозен и броен, во постојана релација и комуникација со новинари, музичари, уметници од Кина. Академијата за музичка уметност од Кина, специјално за емисијата направи музика - современа со компонирани кинески традиционални звуци. Она што може да го вети тимот на „Нихао” е дека во новата година ќе дадат се од себе да ја запознаете Кина – таква каква што е сега- земја на милион можности, земја чија историја ве одушевува, а сегашноста ве фасцинира.   Фотографии:Марина Трајковска]]>

„Флексија“ со Јулија Цветковска: Затоа што само промената е константна… https://arhiva.vistina.com.mk/fleksija-so-julija-cvetkovska-zatoa-shto-samo-promenata-e-konstantna/ Tue, 08 Oct 2019 10:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111465

Во недела на 13 октомври, во 20 часот и 45 минути на програмата на телевизија 24 стартува нов телевизиски проект Флексија. Станува збор за социјална, општествена, информативна, забавна емисија која има за цел да инспирира и да мотивира. Низ приказните на познати и непознати ликови од македонското општество, Јулија Цветковска како автор и водител и Ивана Дамовска во улогата на новинар, ќе се обидат на публиката да им ги доближат промените кои што секому може да му се случат. Крајната цел на емисијата е низ споделување на тага, среќа, болка, радост...научиме дека сите сме исти, без оглед на позицијата, функцијата, положбата во општеството, финансиската положба. Да покажеме дека кога е болест во прашање, сите семејства поминуваат низ исти болнички лавиринти, кога умира партнерот болката е иста за оној кој што останува. Кога се раѓа дете сите исто се радуваме. Но ако одлучиме погласно, поотворено, поискрено да споделуваме низ што поминуваме, тогаш за сите нас ќе биде полесно. Во најмала рака ќе знаеме дека не сме сами. "Флексија е проект во кој нема ништо ексклузивно, шокантно, скандалозно, за првпат... Флексија е проект во кој што приказните се вистински. Луѓето се такви какви што се. Не разубавуваме приказни само раскажуваме. Споделуваме моменти кои што секој еден од нас во некој дел од животот ги доживеал или допрва ќе ги доживее. Во Флексија приказни раскажуваат актери, новинари, пејачи, но и самохрани мајки, жртви на семејно насилство, монаси. Флексија е простор за сечија промена која што може на момент да ве растажи но веќе во следниот да ве мотивира затоа секогаш доаѓа нов ден"  - велат од тимот на Флексија. "Ќе имате можност и сами да видите во некои од нашите епизоди, ќе слушнете од нашите соговорници дека сите се сложуваме околу едно нешто. Живееме во општество затапено од политика, општество во кое политичарите се ѕвезди, општество во кое покрај многу други нешта како ред, чист воздух, инфраструктура, економија, најмногу од се недостига малку повеќе општа култура. Општество во кое сите се грижиме за тоа што јадеме но не и за тоа што дишеме, гледаме и слушаме. Одлучивме заедно со промените на ликовите кои што ќе бидат дел од овој проект, најдеме начин да мотивираме. Да најдеме начин повторно да ги гледаме и слушаме работите кои што години наназад ги пропуштаме. Да ги слушаме луѓето и нивните приказни. Приказните кои што во Флексија им се случуваат на дизајнери и актери но во секојдневното живеење им се случува на нашите пријатели, соседи, фамилијата" - изјава Јулија Цветковска автор и водител на Флексија. Дел од соговорноците на Флексија се луѓе кои што се соочиле со карцином, ин витро процедури, губење на работно место, промена на место на живеење, смрт на партнер, развод, сообраќајна несреќа...и многу други промени кои можеби им го промениле животот од корен, но продолжиле да го живеат. Од друга страна, соговорници се и ликови кои што сами покренале акции и иницијативи кои што менуваат гледишта и кои што директно посочуваат на колку нивоа не функционира системот. Но тие функционираат. Јована Филиповиќ и нејзината борба со карцином на матка е првата промена која што ќе ве натера да размислите: Живеете ли онака како што навистина сакате? Се смеете ли доволно? Зборувате ли гласно? Треба ли да ви се случи болест за да сфатите дека животот е убав и е еден? Одговорите на овие прашања, во недела во 20 часот и 45 минути на ТВ 24.  ]]>