јубилеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png јубилеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

Концерт на Владо Георгиев на јубилејниот „Joy fest“ https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-vlado-georgiev-na-jubilejniot-joy-fest/ Thu, 17 Aug 2023 10:20:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314097

Владо Георгиев ќе одржи концерт во Крива Паланка, а тој е втората балканска ѕвезда која годинава ќе биде дел од јубилејното 10 издание на музичкиот фестивал „Joy fest“. Настапот на Владо е планиран за првата фестивалска вечера, што значи дека публиката ќе може да ужива во неговите песни на 27 август. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе се одржи на градскиот стадион во Крива Паланка. Јубилејното издание на „Joy fest“ годинава ги собира најдобрите македонски и балкански музички имиња. Досега се најавени ДНК, „Нокаут„ , „Фикшн“ и Галоски, додека од балканските простори пристигнува Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на 28, а сега веќе дефинитивно е потврдено и името на Владо Георгиев. За неговите песни нема потреба што посебно да се зборува, неговите големи хитови им се познати на сите. „Joy fest“ изминатава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство.]]>

„Joy fest“ слави јубилеен роденден со ДНК, „Нокаут“… https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-slavi-jubileen-rodenden-so-dnk-nokaut/ Fri, 11 Aug 2023 10:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313465

Убави вести пристигнуваат од Крива Паланка! Реномираниот „Joy fest“ слави јубилеен роденден со вистинско уживање за музичките сладокусци! Поминаа 10 години од раѓањето на единствениот фестивал во овој регион „Joy fest“, кој и годинава ќе се одржи на вообичаениот датум, 27 и 28 август, но оваа година местото на лудата журка ќе биде градскиот стадион. А како што бива јубилеите се слават на посебен начин. Организаторите не откриваат детали до крај, за да изненадувањето биде поголемо, но засега се знае кои ќе бидат дел од изведувачите. За некои од нив не треба посебна најава, доволно зборува името на ДНК, „Нокаут“, „Фикшн“ и Галоски. „Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година. фото:Фејсбук/ Нокаут/ДНК]]>

„Почеток на последната, трета третина“: Игор Џамбазов си посака среќен јубилеј – „На здравје нека ми е!“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/pochetok-na-poslednata-treta-tretina-igor-dhambazov-si-posaka-sreken-jubilej-na-zdravje-neka-mi-e-video/ Mon, 17 Jul 2023 06:32:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310439

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов викендов наполни 60 години. Игор пред своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, во негов стил си го честиташе роденденот па, напиша: „Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина. Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци… Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!“ - стоеше во објавата.
По тој повод од многубројните фанови, колеги и пријатели  Џамбазов доби честитки, а доста од македонските познати личности споделија фотографии и му го честитаа роденденот на Игор. Една од нив беше неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска која остави емотивен коментaр под објавата каде напиша: „Среќен роденден љубов моја“ -  но, на нејзиниот профил му остави и видео порака со која го предупреди да внимава што прави, а во описот стоеше „Среќен 60ти роденден братче. Лав ју“ – посакувајќи му оваа година да му биде старосватица или кума.
Игор оваа година со алпинистката Илина Арсова  ставија крај на љубовна приказна, а во една прилика откри дека далечината ја победила љубовта. Игор Џамбазов, познат и како миленик на сите генерации е роден  на 15 јули 1963 година, а во јавноста е уште од неговото рано детство запловувајќи во актерските води, а потоа и како музичар, писател и шоумен. Среќна 60 -ка ! Фото: Принтскрин/Инстаграм/ИгорЏамбазов/Весна Петрушевска]]>

Големи имиња на 30-тото издание на „Охрид-фест“: Јубилеј со Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Неда Украден… https://arhiva.vistina.com.mk/golemi-imina-na-30-toto-izdanie-na-ohrid-fest-jubilej-so-dado-topik-gotsa-trzhan-neda-ukraden/ Mon, 26 Jun 2023 06:01:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307650

Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“, се во полн ек. Ќе се слави со песна! На 1 и 2 септември, во нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција. „Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров. „Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“ Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера. После 1994, веќе следната година фестивалот се прошири со поп- вечер, а потоа се случи и Интернационалната вечер. Во многуте испишани страници на „Охрид фест“, во неброените хитови што ги изнедрил фестивалот („Усни на усни“-Тоше Проески, „ Јас и мојот бенд“- Биба Додева, „Јана“- Гиш, „За љубов се пее до крај“, дует Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, „Цреши охридски“ - Александар и Дац, „Штом ноќта помине“- Гоце Арнаудов, „Ех да свири Садило“ - Биоритам..,) скоро и да не постои уметник од бившите ју- републики што не учествувал: Бајага, Горан Каран, „Нови Фосили“, Беби Дол, Хелена Благне, Маја Татиќ, Саша Матиќ, Елеонора Баруџија, „Балканика“, Емилија Кокиќ..., а ја имавме и атракцијата „Бони-М“. И годинава уметнички директор на Фолк вечерта е Љупчо Соколовски, традиционално ќе ја води- Каролина Петковска и 1 септември ќе биде во знак на македонската фолк елита- Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски... На Интернационалната вечер уметнички директор е Горан Шарац а на неа, во ревијалниот дел ќе блеснат Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ... Наградата за промоцијата на музиката на Балканот ќе му припадне на легендарниот Дадо Топиќ, кој ќе ја изведе култната песна „Македонија“ снимена 1973 година, хит „тежок“ 50 години, додека Неда Украден ќе добие награда за безвременскиот хит „Зора је“, што ќе го изведе на сцената на Долни Сарај. Водителската двојка Марјана Станојковска- Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер, каде стандардно фестивалот им остапува простор и на младите музички надежи за кои е задолжен Давор Јордановски. Преносот на „Охрид- фест“ е преку националниот сервис МТВ, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии- фестивалот се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија... Годинава во телевизии поддржувачи ја има и Гранд ТВ која фестивалот ќе го пренесува во живо. Зад „Охрид фест“ се 29 успешни години, а на ова 30-тото издание сите се добредојдени: влезот на Долни Сарај е слободен. Организаторите најавуваат уште изненадувања, уште гостувања, покрај вообичаените награди и новинарите во двете вечери ќе доделат награда за песна што најмногу им се допаѓа. Ќе биде вистинска привилегија да се биде дел од 30-тото издание на „Охрид фест“!]]>

Цеца денес го слави 50-от роденден, а еве ја како штотуку проодено детенце (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-denes-go-slavi-50-ot-rodenden-a-eve-ja-kako-shtotuku-proodeno-detentse-foto/ Wed, 14 Jun 2023 10:28:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306235

Цеца Ражнатовиќ слави јубилеен роденден- 50-ти. Статус на фолк дива, кариера на која би и позавиделе сите нејзини колешки, син и ќерка кои ја прават горда мајка, две внуци, трагичната смрт на сопругот кој и бил судбинска љубов, болни раскинувања, фатална убавина и бројни додворувачи... Сè што се случи во 50-те години од животот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, која денес слави јубилеј. Иако по тој повод планирала да направи величествена прослава на која ќе ги собере семејството, пријателите и колегите, Цеца се откажала од таа идеја откако дознала дека нејзината ќерка Анастасија, која е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, го изгубила бебето во петтиот месец од бременоста. -Нема да славам роденден од позната причина. На нашето семејство Анастасија и Немања им се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Не бев разгалена од животот. Имав навистина огромни испакнатини, издигнувања и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти - рече Цеца и додаде: - Животот е направен од тие работи. Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања, сите заедно да се издигнеме како семејство и да ја преболиме болката што ќе остане во нас. Треба да се продолжи понатаму И покрај тоа што нагласи дека нема што да се слави, на адресата на Цеси со денови се добиваат подароци, а обожавателите и испратија и роденденска торта со натпис „Жена, мајка, кралица“. Како што е познато, музичката ѕвезда е родена на 14 јуни 1973 година во Житораѓа. Таа порасна во хармонично семејство, со татко ѝ Слободан, мајката Мира и сестрата Лидија со која и денес е исклучително блиска. По повод важен датум во животот, Цеца на социјалните мрежи објави една од своите први фотографии, снимена додека само се шетала. На него е прикажано преслатко девојче облечено во бело, со машнички во косата, кое уште тогаш знаело да позира пред камера, како да знае дека тоа ќе биде дел од нејзиното секојдневие. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Оливер Пап: „Дечињата ќе празнуваат, доаѓаат „Поточиња“ – искрената детска емоција е најголемата сатисфакција“ https://arhiva.vistina.com.mk/oliver-pap-dechinata-ke-praznuvaat-doagaat-potochina-iskrenata-detska-emotsija-e-najgolemata-satisfaktsija/ Tue, 09 May 2023 07:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301155

Претстојниот викенд на 13-ти и 14-ти Мај во Македонската филхармонија ќе се одржи 20-тото јубилејно издание на фестивалот на детска песна „Поточиња“. Доаѓаат денови кога дечињата ќе празнуваат, ќе пеат, играат, а нивниот детски џагор ќе биде гласен , полн со радост и смеа. Редакцијата на Вистина.ком.мк, во очи на овие денови од кои ќе се празнува детската песна, разговараше со извршниот продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“, Оливер Пап кој ја открива и возбудата и радоста нако организатор и автор за она штои претстои. 20-то јубулејно издание на „Поточиња“. Кој ќе биде најубавиот подарок за Вас како организатори и творци на фестивалот? -Најубавиот подарок за нас сите овие години е детската насмевка и детската игра на тактовите на песните од Поточиња. Искрената детска емоција при следењето на фестивалот и слушањето на песните од публиката и задоволството на децата учесници е најголема сатисфакција за нас како организатор на фестивалот и како автори на песни за деца. Две децении , многу дечиња и многу песнички. Колку најмалите сакаат да застанат на сцена и да пеат на „Поточиња“? -Интересот на децата за учество на Поточиња е голем. Периодот на подготовки на фестивалот кој трае околу седум до осум месеци е вистински тест за оние најупорните кои на крајот гордо застануваат за првпат на голема сцена и пред многубројна публика. Дали низ годините препознавате потенцијални таленти од мали нозе? -Секако дека низ годините се препознаваат потенцијални таленти меѓу децата, но понатамошниот развој во музичкиот свет зависи од многу фактори низ годините кога истите тие деца се формираат како личности со свои полиња на интерес. Музичката сцена кај нас има неколку фестивали на детската песничка, која е симболиката на „Поточиња“ и по што се издвојува од останатите? -Симболиката на Поточиња е да ја прославува пролетта, со сета своја убавина која ја носи ова годишно време. Во пролет разеленуваат шумите, никнуваат цветовите, се е повесело, поубаво и шарено. Не би можел да кажам по што се издвојува Поточиња од останатите детски музички фестивали, но едно е сигурно, а тоа е дека без квалитетни песни за деца ниту еден фестивал не може да стекне популарност и внимание кај публиката. Химната на фестивалот е песничка што нема кое дете не ја знае, ја сметате ли за најголем хит досега? -Фестивалската химна Поточиња веќе е прерасната во безвременски македонски детски хит. Самата песна е лична карта на фестивалот, но и дефинитивно една од најслушаните детски песни во Македонија изминативе 20 години. На сцената на Македонската филхармонија во два дена ќе се случат шест претстави во неколку термини, ќе се задоволи ли публиката со толку со оглед на тоа што одзивот на публиката секогаш е голем? - За жал концертната просторна понуда во Скопје по затворањето на Универзална сала е значително мала. Големата сала на Филхармонија со шест претстави е нешто најприближно до задоволување на интересот за посета на фестивалот. Се надеваме ќе биде доволно за да ги собере сите заинтересирани посетители.]]>

Песната им е живот, а животот им е песна: Татјана Лазаревска и Новица Василевски прославија дваесет години љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-im-e-zhivot-a-zhivotot-im-e-pesna-tatjana-lazarevska-i-novitsa-vasilevski-proslavija-dvaeset-godini-lubov-foto/ Thu, 04 May 2023 08:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300555

Велат, круна на секоја љубов е бракот, од кој произлегува семејството, односно потомството. Да се ​​стапи во брак во денешно време кога некои се обидуваат да го обезвреднат и да го сведат само на обично парче хартија договорно потпишано од двајца плус двајца сведоци, е нешто што треба да се почитува и искрено да се честита. Но да се биде пак во скалден брак кој опстојува цели 20 години со истата онаа љубов и жар како и првиот ден, како и првата помината брачна ноќ е вистинска уметност на живеењето. Особено ако тоа живеење е исполнето со предизвиците и стапиците на професијата, со нејзината слатка и горчлива страна, со примамливиот вкус на славата и популарноста од една и мирисот на парите од друга страна... Професија каква што е естрадната, во која токму заради нејзините специфики, бракот тешко опстојува, па многумина познати и популарни, токму заради споменатите причини не успеале бракот да го задржат и се разделиле. Но, дека исклучоците го потврдуваат правилото, се токму познатата и популарна македонска естрадна брачна двојка: Новица Василевски и Татјана Лазаревска, кои деновиве, или поточно на 3-ти мај, го одбележаа својот брачен јубилеј - две децении откако си го кажаа судбоносното ДА и се заколнаа на вечна љубов. Обајцата уште пред да се запознаат беа веќе доволно познати и реномирани естрадни уметници... Татјана како дел од македонскиот фолклор и подоцна фолк пејачка која беше позната, а Новица тогаш, како новиот вокален солист на некогаш ултрапопуларната македонска фолк група „Биоритам“. Љубовната приказна на двајцата млади уметници се преточи во семејна сага која започнува во Скопје. По десеттина години заеднички живот тие решија да ја продолжат со преселба на најужниот континент - Австралија, каде што пред нешто помалку од десет години, семејството  заедно со нивните синови Петар и Стефан, ќе се насели и изгради семејно гнездо во едно од предградијата на Мелбурн. Вредната македонска брачна двојка со нивната напорна работа и постепениот естраден пробив меѓу македонската заедница иселеници, но и оние другите од некогашните ЈУ простори, полека почнува да ја гради својата популарност  и во туѓина, па набргу од печалбата успеваат да  купат и своја куќа и да ја уредат по сопствен терк и стил. Со текот на годините Татјана и Новица станаа познати забавувачи во македонската заедница низ цела Австралија, а се и сепопопуларни и кај другите нации од Балканот кои живеат и работат на најужниот континент. Токму за ноивниот животен и работен јубилеј, за нивниот приватен и професионален дводецениски успех, понежната половина на семејно-естрадната двојка - Татјана Лазаревска, споделила неколку фотографии кои и неа и нејзиното семејтво, но и нивните обожаватели ги вратија во времето на денот на нивната венчавка и свадбената веселба. „Среќна 20-годишнина мажу мој, Новица Василевски, љубов моја“ - напишала пејачката во постот покрај споделениот фото-колаж од свадбени спомени. Им посакуваме уште многу јубилеи, грст хитови, дузина успеси, басносновна заработувачка, бескрајна среќа, златна, па и платинеста свадба, зошто да не... И секако, мноштво внучиња. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/tatjanalazarevska_official]]>

На 13-ти и 14-ти мај: Детскиот фестивал „Поточиња“ по јубилеен 20-ти пат во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/na-13-ti-i-14-ti-maj-detskiot-festival-potochina-po-jubileen-20-ti-pat-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 10 Apr 2023 11:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297540

На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ). Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. ]]>

ВИС „Аманет“ слават јубилеј – пет години постоење со концерт во МОБ: „Многу мерак имам“ https://arhiva.vistina.com.mk/vis-amanet-slavat-jubilej-pet-godini-postoene-so-kontsert-vo-mob-mnogu-merak-imam/ Fri, 31 Mar 2023 12:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296139

Вокално-инструменталниот состав „Аманет“, на 1 април (20 часот), во Националната опера и балет со концертот насловен „Многу мерак имам“ ќе го одбележи јубилејот, пет години од своето постоење. Овој состав располага со богат репертоар, којшто се состои од традиционални ора и песни од повеќе региони во Македонија, изведувани на традиционални инструменти како кавал, гајда, шупелка, тамбура, ќемане и тапан. Присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбата на народните песни „Девојче, девојче, црвено јаболче”, „Многу мерак имам, бабо” и „Зачукале тапаните” како и некои постари песни кои за првпат ќе имаат можност да ги слушнат. Ќе бидат изведени и ората “Чучук”, “Штипска крстачка” , “Ситна лиса”… Инаку, групата е составена од 11 членови: Андреј Трајковски, Роберт Ангеловски, Филип Арилон , Новица Крстевски, Оливер Настовски, Христијан Јаневски, Јане Крстевски и Никола Волканоски – инструменталисти, додека како вокали настапуваат Симона Петковска, Ивана Чаловска-Ангеловска и Ленче Димовска. Како гости, пак, ќе настапат инструменталистите Стојче Трајанов и Џељо Дестановски, како и  долгогодишен соработник на ВИС “Аманет“, Владо Дојчиноски. ВИС „Аманет” има реализирано повеќе концерти, настани и хуманитарни акции, а соработува и со неколку културно-уметнички друштва, со чија помош заемно придонесуваат за афирмација на македонскиот фолклор во светот. „Иако сме релативно млада група, нашата мисија и цел е да ја сочуваме традицијата и тоа токму ширејќи го звукот на таа традиција. За возврат, многупати сме биле наградени со награди и признанија, кои се само поттик да продолжиме да ја шириме нашата мисија, светот да ја слушне македонската традиционална песна“, велат од „Аманет”.]]>